Скопје, 24ти ноември 2020 лето Господово-
храм на Рождетвона Пресвета Богородица
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (24.11.2020)
На 24ти ноември 2020 година, во нашата света, соборна и апостолска Црква молитвено се прослави споменот на :
Светиот великомаченик Мина
Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Солунјаните 1:10-12;2:1-2
10. кога ќе дојде Он за да биде прославен во оној ден среде Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.
11. Затоа и се молиме секогаш за вас, да ве удостои нашиот Бог за звањето и да се исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,
12. та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господа Исуса Христа.
1. А што се однесува до доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и нашето собирање при Него, ве молам, браќа,
2. да не се поколебате лесно во мислите свои и да доаѓате во ужас било преку духот, било преку словото, или преку послание, како да е од нас испратено, како божем настапува веќе Христовиот ден.
Во дваесети и четвртата недела по Педесетница, на 24ти ноември 2020 година, кога Македонстата православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светиот великомаченик Мина, во храмот на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, протоереј Љупчо Велјановски отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Во текот на Литургијата отецот произнесе беседа.
Поука на денот: Свети Теофан Затворник
Само немојте да мислите дека подвигот на молитвата е некоја тешка и замрсена работа. Кога е гладно, детето оди и и вели на мајката: „Дај ми леб“. Му треба ли за тоа остроумност и спретност? Така е и со молитвата кон Бог. ...Доверувај Му ја секогаш својата потреба на Господ, во простотата на срцето.
Преминпортал(к.т.)