Скопје, 14ти април 2020. година - храм на св.вмч. Димитриј

ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА -
ВО СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ВТОРНИК
Света Марија Египетска;Свети Мелитон, епископ Сардиски
36. А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец;
37. но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38. оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби сe, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки;
40. тогаш ќе бидат двајца на нива: еден ќе се земе, а другиот ќе се остави;
41. две жени ќе мелат на рачници: едната ќе се земе, а другата ќе се остави.
42. Па така, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе дојде вашиот Господ.
43. Знајте го и тоа, дека, ако домаќинот на куќата знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би стоел буден и не би позволил да му ја поткопаат куќата.(Извадок)

На 14ти април 2020 година,во с ветиот и Велики Вторник кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на Света Марија Египетска;Свети Мелитон, епископ Сардиски во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, свештеникот Жарко Ѓорѓиевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а, истовремено посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.-
Старец Софрониј Сахаров

Преминпортал (к.т.)
Друго:
- Жарко Ѓорѓиевски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019) ...
- Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска ...
- Жарко Ѓоргиевски - Беседа за милосрдието (15.10.2017) ...
- Жарко Ѓорѓиевски - Беседа за за крајот на светот и за крајот на човечкото живеење...(06.03.2016) ...