логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Св. Петар и Павле во Краун Поинт, Индијана


 







Беседа на Митрополит Американско-канадски г. Методи на Божествената Литургија, којашто ја отслужи на втората недела по Педесетница
, на денот кога Православната Црква го празнува Преподобен Никита епископ Халкидонски во црквата "Св. Петар и Павле" во Краун Поинт, Индијана:



" Возљубени браќа и сестри, онака како што Господ ги повика Светите Апостоли на нивната мисија зошто и самото име Апостоли значи испратени, оние кои што Господ ги испрати да го проповедаат за Евангелието Божјо по целиот свет , исто така и секој Христијанин Господ го праќа во овој свет за да сведочи за Христовото Еванелие. Нашето сведоштво не може да биде идентично со сведоштвото  на Светите Апостоли меѓутоа тоа може да биде сеопфатно како што беше и нивното. Зошто Бог не испраќа не само со збор да проповедаме туку да проповедаме со живот, да проповедаме со трпение, да проповедаме со покајание. Зошто нашата проповед , нашата мисија е подеднакво важна како и мисијата на Светите Апостоли. Со еден збор, со едно добро дело ние можеме да спасиме една човечка душа. Со еден лош збор, со еден лош гест ние можеме на тој човек да му го затвориме царството небесно. Токму затоа и Господ поучувајќи не преку Евнгелските четива за тоа на кој начин живее, на кој начин се подвизуваа  Светите Апостоли и нас не поучува на кој начин ние треба да постапуваме зошто нашата мисија е навистина одговорна, нашата мисија е најпрвин спасението на нашата сопствена душа, меѓутоа велиме спасението е соборно, се спасуваме сите заедно и токму затоа треба да внимаваме на сето она што го правиме. Љубовта да биде темел на секој наш гест, на секој наш збор, на секоја наша мисла зошто не стоиме само пред луѓето ние стоиме и пред живиот Бог кој ги гледа нашите дела, кој го слуша нашето срце и нашите помисли и токму затоа во се и пред се нашето апостолство треба да биде апостолство на љубов, апостолство на ширење на Светото Евангелие преку љубовта во животот, во делата, во мислите, љубовта во се што го чини нашиот живот. Ако имаме таков живот, ако имаме такви дела, и ако имаме такви мисли Бог ќе го прими нашето Апостолство и мнозина ќе се спасат преку него. Ако пак нашиот живот не биде таков тогаш крајно време е да се вразумиме и да се сетиме на апостослството на овие подвижници од Евангелието, на Светите Апостоли, па да почнеме да ги подржаваме и навистина да бидеме чеда Божји зошто Бог не повика од небитије во битије, не повика во овој свет за апостолство, не испрати секаде по овој свет, да сведочиме не само на  најблиските туку и на сите луѓе коишто живеат и тука и насекаде. Нашето апостолство на тој начин е универзално. Универзалната димензија на тоа апостолство е во тоа да сведочиме исполнувајќи ги Божјите заповеди, постојано живеејќи за Светата Литургија и живеејќи со Светата Литургија зошто ова што му го принесуваме денес на Бога како Света Литургија, тоа нема ниту почеток ниту крај во овој свет. Оваа Литургија ја служиме заедно со Светите Апостоли, заедно со сите Светии, со Светите Ангели и таа трае во вечноста на живиот Бог. Таа Литургија ја служиме и во неа живееме и тогаш кога ќе го напуштиме овој храм, кога ќе се вратиме дома меѓу нашите блиски, кога ќе ја поставиме трпезата во нашата куќа, кога одиме по улица и се поздравуваме, тогаш кога ги празнуваме нашите празници, тогаш кога ги испраќаме нашите покојни, секогаш и во се ја служиме Светата Литургија зошто таа е служба на живиот Бог и таа не престанува ниту тука, ниту во царството небесно. Амин"



известува: ѓакон Стеван Барјактаров
 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

19/07/2024 - петок

+Преподобен Сисој Велики; Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други; Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Светата маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная