логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици од Израел и Германија, со „Марш на животот“ одбележаа годишнина од депортацијата на битолските Евреи.



Во својот говор, израелскиот министер за Ерусалим и за животна средина, г. Зеф Елкин, истакна дека е радосен што битолчани ја чуваат меморијата за Евреите и јавно се заблагодари за грижливото чување на културно-историското минато и објектите на Евреите во овој град.

„Битола долги години беше топол дом на многу Евреи. Но, најладниот и најстрашниот ден во нивниот живот беше на 11 март 1943 година. На тој ден небото беше црно и ја навестуваше темнината… Голема беше неизвесноста на Евреите од Битола и од Македонија. Тешка беше судбината на Евреите во цела Европа, но за жал, најтешкото се случи токму тука, во Македонија“, потсети министерот Елкин.

Тој нагласи дека се горди што се дел од возобновувањето на еврејските гробишта во Битола, бидејќи тие за нив се значаен споменик.

Во маршот од еврејското маало, по Широк Сокак до Железничката станица во Битола учествуваше и македонскиот министер задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

„Секоја година, и оваа, се потсетуваме на тешките денови и моменти пред 76 години. Тоа зло никогаш да не се повтори. Македонски и албански семејства во тоа време помагаа колку што можеа за да спасат граѓани од еврејската заедница и тие треба да се паметат засекогаш“, рече, меѓу другото, министерот Адеми.

Домаќин на неколку дневните манифестации во Битола посветени на 76-годишнината од депортацијата на Евреите од овој град беше локалната самоуправа.

„Се сеќаваме на историскиот настан за да не се повтори, а нашите емоции за тој период обврзуваат да се мотивираме и да направиме нешто повеќе заедно со нашите пријатели од Израел“, рече градоначалничката на Битола, г-ѓа Наташа Петровска.

Програмските активности завршуваат вечерва, со светлосниот настан „Патоказ кон помирувањето“, кој ќе се одржи на плоштадот „Магнолија“ и е во спомен на Еврејската заедница.

 

 

 

 

 

 

 извор: 1tv.mk

Преземено од: http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7054

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

« »

Православен календар

 

01/11/2025 - сабота

+Преп.Прохор Пчињски;: прен.мошт.на.св.Јован Рилски (Задушница)

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Артемиј 2 ноември/20 октомври 2025

Тропар на светиот Христов великомаченик Артемиј 2 ноември/20 октомври 2025

О величенствено смирение, o послушание свето пред Бога принесено,на твоите трудови се восхитуваме свети Артемие великомаченичеа преку тебе името Христово го...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2025

Достоен стана о Ти преподобен оче Прохоре,Христов ученик да се наречеш,затоа што светот и неговата прелага ги остави,и душата своја...

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври  2025

Тропар на светиот Апостол Лука 31 октомври/ 18 октомври 2025

Раскажувачот на Апостолските Дела,и светлиот писател на Христовото Евангелие,Лука, се покажа неискажливо преславенво Христовата Црква,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная