логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Крштевањето како LB – Life book)
„...зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост;„ (1Кор.1,21)
„Затоа, наједноставно е уште од вашата младост (но, никогаш не е доцна) да ги пригрлите светите добродетели (доблести), како и светите Тајни на Црквата; тогаш не може да ве изненади никаква криза – напротив, во секоја криза (Крст) ќе ја преоткривате и тајната на Воскресението и чудесно убавиот Христов лик. Пресвета Богородице, спаси нас!„ - митрополит Наум

„Секој човек од мајка роден, приведен е во постоење имено за да биде светител. Човечката природа е светителска природа и тоа е врвната инстанца на православната христијанска теантропологија„- митрополит Методиј


 
Некој ќе приговори, Лекаре, излекувај се сам (Лк.4,23), а тие зборови на приговор лично ги прифаќам, вистините се, а единствен наш Лекар е единствениот наш Исцелител, Спасителот Господ Исус Христос. Во оние неколку стихови под самиот наслов, ја даваат т.н. причина за појава на социјалните мрежи, а подолу и решението од (зло)употрeбата на истите тие мрежи, според тоа дали корисникот се одзвал на повикот Божји. Има разни типови мрежи, но воглавно се два вида, мрежата на “рибарите”, (Мт.4,18-23), ловците на луѓе според апостолското преемство и од нив понатаму на сите нивни чеда, која е спасителна и воведува во Црквата, во крилото на Авраама, и другата мрежа, мрежата од овој свет кој лежи во зло (1Јов.5,19). Внимателно, секако, како и што објаснуваат светите Отци, како што доловува митрополитот Методиј, природата на светот е светоста, светот и сè во него не е зло само по себе, туку злото е влезено во овој свет со гревот на човекот кој слободно го прифаќа предлогот на ѓаволот во онаа мерка колку што слободно се откажува од послушанието (Битие 3,6). Непослушанието нема некоја цел што се достигнува, бидејќи „ништото„ и не е некоја цел, тоа е непостоење т.е. пропаст, за разлика од послушанието кое, пак, изградува од образ во подобие Божјо, како смисла со цел на постоењето на човекот -  икона Божја - обожение, и добивање по благодат сето она што Бог го има по природа (2Петр.1,4), а тоа е невозможно да се објасни, оти само накратко, не ќе има крај по мерата од растот Христов (Еф.4,13). Мрежата од овој свет, сакале да си признаеме или не, е мудрост од овој свет која секако не основана да ја потврди Премудроста Божја, туку да ја релативизира до точка на заборавање на Бог. Мрежата од овој свет и нејзината градба не е тешка за препознавање од оваа временска дистанца на градењето на Вавилонската кула (Бит.11,1-10), градби на илузијата, подметнување на паралелен живот, живот кој е кулминација на нашата секуларност, отвореност кон светот и кон луѓето преку начин на кој ние паднатите градиме, „И рече Господ: Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик, ова е само почеток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават се што ќе наумат„, а кој е темелот? Дали е Христос нашиот Бог, или е јас со моето јас како мерка на животот? Сите знаеме од евангелската парабола со благоразумниот маж кој куќата ја гради на камен Кој Е Бог, и куќа која ја градиме како глупав човек на песок т.е. на своето јас, а без Бога, и која при напливот на искушенијата, паѓа, а паѓањето е страшно, неспоредливо со духовното падни-стани пред Бога. Може по секоја основа, човек да ги прогласи виртуелните социјални мрежи за реално асоцијални, можеби субјективно, но социјални ќе бидат во онаа мера ако сме како децата во градинка, па се социјализираме низ простување, па така искрено да придонесеме и во Црквата, и во општеството, секој лично и во светот преку својот начин на молитвено стоење пред Бога, како што вели свети Силуан Атонски, да се моли за сите луѓе, како за себе.

Мрежното другарство започнува како предлог, како помисла која стигнува на е-маил адресата, дали сакате да се логирате т.е. вмрежите? И ако има слободна согласност продолжуваме со климањето на главата преку тастатурата, а понатаму онаа мудра алатка наречена андроид, културна на ниво, љубезно те прашува, дали сакате да овозможите пристап до вашиот телефон, преносен уред, статичен компјутер, и дали да се искористат вашите фотографии, адреси..., и така согласно продолжуваме во виртуелниот свет на тагирањата, означувањата и понатаму  коментари и групирање според нашиот начин на размислување, каде често и совеста се губи, домашното воспитување е на маргините, а културата (последното со кое се фали и секуларниот свет), едноставно е изоставена и така социјалната мрежа се реализира во отпадна канализација на интернетот. Ако, ја отфрлиш љубезната понуда, тогаш, „ништо од бизнисот„ на тргување со нашата личност или маска. Споредете го мрежниот матрикс, со матриксот на помислите..., слободни во послушанието, исто колку и во спротивното од него. Ако ја прифатиме помислата тогаш гледаш, се соочуваш со совеста која се бунтува и вели, гледаш, но, не се допирај, се допираш таа се бори и одговара внимавај да не биде опседнато нашето средиште - срцето, а дали реално или виртуелно не може човек да внимава, ако претходно не знае како да одговори на било кое искушение, ако умот не е спремен со Бога низ разгорвор со Него во молитватa, од демонот ќе биде земен, но сето ова ни се случува не само еднаш во рајската градина (види Битие 3 глава), таму почна, но за да не биде нашето талкање бесцелно и прогонството вечно, потребно е да ни се отворат духовните очи и да разбереме не дека сме голи, туку облечени во Христа... „посакуваната цел на овој наш подвиг, во Црквата, е да ја надминеме внатрешната поделба меѓу примарната и секундарната функција на умот, така што тие да функционираат како една. Потврда за надминувањето е Божјиот дар на умно-срдечната молитва„ (*Напразно потрошено време – митр.Наум).

Самото присуство на „нет„ преку социјалните мрежи не е никакво зло само по себе, ниту пак, добро само по себе, тоа е само алатка, која ако се храни преку корисниците со Божјата премудрост ќе користи за добро (иако, најдобро е по благослов), ако е спротивна на Бога, ќе користи на луѓето сепак според совеста, но, треба да знаеме „без Мене не можете да направите ништо„ (Јован 15,5).

Но, дали почнало како начин на дружење или олеснување на работата, да се вратиме на коренот кој е извор на секое добро, т.е. благодатта Божја со која се храниме во светите Тајни на Црквата, а која од крштевањето многу малку не интересира, или буди интерес само кога ни е лошо, дали знаеме да се покаеме или воопшто не знаеме што да правиме. Откинувањето од светите Тајни на Црквата за христијаните е противприроден начин на живот, според учењето на светите Отци секако и за секој човек создаден според образот Божји, преминот од противприроден во природен начин живот (опишано подробно и поточно во „Надминување на дуализмот„) започнува со покајнието и крштевањето, а потоа продолжува со покајнието и хранењето со благодатта Божја во светите тајни на Црквата која се открива во Евхаристијата како предвкус на царството небесно кога сме „вмрежени„ во благодаттта преку една вера на единственото крштевање (Ефес.4,5), т.е. раѓање од вода и Дух (Јн.3,5), и понатаму едното исповедање на верата и живеење според крштевањет треба да ги даде делата во името на Христа Исуса со Кого се храниме т.е. воспитуваме преку причестувањето со Телото и Крвта Христови, па секој лично да расте заедно со другите во соборната сила на Светиот Дух, крвно поврзани преку Богочовекот со Кого се соединивме, сè правејќи во Негова слава се вознесуваме кон Бога како вистински чеда на Отецот. Но, ние во светов не сме единствените кои се во таква света врска, туку во таа благодатна „мрежа„ заедно сме сите и во секого, и во сè со Христа, но преку молитвите на ангелите и сите светии кој заедно ја чинат нашата жртва на благодарност благопријатна преку молитвената застапничка за овој свет – Пресвета Богородица, како што се пее во молебниот канон. Пригрлувањето на светите Тајни на Црквата уште од својата младост го носи зададеното време за наше спасение во наша корист, тоа е единствениот интерес на Бога, благодатните дарови со покајание да се преумножат, а Бог, образот Негов, круната на Неговото љубовно создавање – човекот да го добие со интерес (Мт.25,14-30), како човек подобен Нему, човек вподобен на Бога. Надвор од светите Тајни на Црквата ние не сме во состојба да ја запознаеме благодатната врска ниту со Бога, ниту со ближните, оддалечени од Литургијата и светата Причест, ние сме само потрошувачки индивидуи, кој го трошат или закопуваат талентот од Бога, кој потоа Нему му го враќаме како нешто свое, не знаејќи како да го умножиме при залудното трошење на времето. Сите сме се сретнале со оној жаргон „тепам време„, и навистина ние прво го утепавме времето за покајние, а сега бараме подобри времиња, забораваме дека и времето е создадена категорија која се троши ако не се преточува во вечност, а треба се да принесеме на Бога со интерес, времето да го претвориме во вечност, нашиот образ во подобие, нашата грешност во светост, а сето ова надвор од благодатта Божја како да го дознаеме, ако не Го вкусиме, едноставно на интернет тоа го нема, на мрежите никако. Но, сепак човекот е тој кој ја носи преку благодатта Божја и силата на преобразувањето не само на светот туку и сè во него вклучувајќи и ја мудроста човечка ако се вподобува на Премудроста Божја, така и мрежите можат да бидат медиум за проповед и поука (а не за препукување), но само доколку спомнувајќи ја....и  секогаш Дева Марија со сите светии сиот свој живот на Христа Бога сме го предале, почнувајќи лично од молитвата продожувајќи соборно во Причеста за вечни векови. Ако тоа откровение сме му го предале на светот, тогаш правиме сè во слава Божја. Според Твојата милост Господи, по молитвите на Пресвета Богородица и сите светии, запиши нè во Книгата на животот како што во Крштението се моли за нас Светата Црква.

П.С. „Душата којашто вистински верува во Христа треба од сегашната порочна состојба да прејде во друга, добра состојба, и сегашната понижена природа да ја измени во друга, божествена природа, и да стане нова природа, во содејство со силата на Светиот Дух. На тој начин таа може да стане корисна за небесното царство. Зашто ако душата не ја прими во себе светињата на Духот, за големата вера и за молитвите, и не стане учесничка во божествената природа уште во овој свет, соединувајќи се со благодатта (2Петр.1,4), во соработка со која може непорочно и чисто да ја исполни секоја заповед, тогаш таа е непогодна за небесното царство. Ако некој стекнал нешто добро овде, истото тоа ќе биде живот за него во оној ден, по благодатта на Отецот и Синот и Светиот Дух во вековите. Амин„ – св. Макариј Велики.

 

  18-ти јануари, лето Господово 2017

 

 

Друго:

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная