логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Нашата небесна Закрилничка, Сепречистата Владичица Богородица, чедољубивата Мајка на родот христијански, и овој Велик Пост, преку чудотворната Своја икона Скоропослушница, ја покри нашата Татковина – a особено Струмица – со покровот на Нејзината Божествена љубов. Пред точно една година нè посети Таа благодатно со торжественото пристигнување на Скоропослушница во древниот Тивериопол, како велик благослов од Нејзината Градина, од обителта Дохијарска, а сега, еве, повторно ни ја покажа Својата слава и велелепие. Нејзиното таинствено присуство на бдението во храмот на Светите Петнаесет Свештеномаченици, на кое претстоеше домаќинот и предводникот на дводневното торжество Н. В. митрополитот Струмички г. Наум, ги радуваше срцата на стотиците верни, притекнати таму да Ѝ се поклонат на Царицата на луѓето и ангелите. А посебен благослов од Неа, како некој светогорски миомирис на духовно благоухание во крстопоклоното богослужение, беше молитвеното учество на браќа монаси од Светата Дохијарска Обител, кои допатуваа овде со благослов на својот Старец и игумен,  архимандрит Григориј. И ете, нивните слаткопојни гласови, кои во созвучие со гласовите од хорот на Бигорскиот Манастир, образуваа една чудесна молитвена хармонија во слава Божја, уште еднаш ги посведочија Христовите зборови, дека каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив (Матеј, 18,20).



И утрово и денешниов неделен ден беа благодат врз благодат за Струмица. Најважно од сè – Светата и Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Н. В. митрополит Европски г. Пимен, во сослужение со собраќата архиереи: Н. В. митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Н. В. митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, потоа со нашиот Старец архимандрит Партениј, архимандритот Јаков, игуменот Фотиј, свештеникот и старешина на храмот отец Димитар Крцев и други.

Венец, пак, на молитвеното дводневие во чест на Пречистата Богомајка и Крстопоклоната недела, беше свечената и раскошна литија со иконата Скоропослушница по главните струмички улици. Илјадници души чекореа по благословот на нашата неуморна Застапничка, за најпосле да се соберат сите на плоштадот „Гоце Делчев“ и да го чујат поздравното и поучително слово најнапред на митрополитот Пимен, а потоа и на Неговото Сепреподобие јеромонахот Филотеј Дохијарски, кој со најголема љубов им се обрати на сите верни:

„Слава и благодарност Му должиме, браќа и сестри, на Троичниот Бог, Кој по една година повторно нè повика на ова место на Светите 15 Тивериополски маченици за да му пееме и на Крстот Христов, но и на доаѓањето на Пресвета Богородица во вашиот град.

Волја Божја е спасението на луѓето –  и токму тоа се нарекло Црква, според зборовите на Св. Климент Александриски. Тоа е новиот свет што го создаде Бог, светот на Црквата. Кој гледа во тој свет, исто како да гледа во Самиот Христос, Кој е Алфа и Омега, Оној Кој е, Кој беше и Кој доаѓа, како што се вели во Откровението (Откр. 1,8). Христос е Главата и Он прими тело, што е зачеток на Црквата. Он ја определи Црквата како средиште и орган за предавање на спасението на луѓето, преку проповедта на Словото Божјо и извршувањето на светите Таинства. Он е целта на Црквата. Таинството на Црквата е  самата тајна на вочовечувањето на Божјото Слово.

Верните ја сочинуваат Црквата кога се собираат на празничен собор за извршување на Божествената Евхаристија. Соучествуваат луѓето од земјата и светиите од небото, заедно со ангелите; Свештеноизвршител, Жртвоприносител и Жртва е Самиот Господ Исус Христос. Црквата наша, соборната Црква се распространува, се предава на целиот свет, и е составена од различни помесни цркви. Се нарекува Црква не затоа што ние самите се собравме, туку затоа што нè повикува Самиот Бог. Он ги повикува и луѓето коишто се борат на земјата, и оние што заминале на небото.

Во Символот на верата велиме: Во едната, света, соборна и апостолска Црква. Зборуваме за единството, светоста, соборноста и апостолството – четирите особини на едната Црква. Една е Главата – Христос, едното е телото – Црквата. Се соединува Христос како Глава со верните. Една вера, еден Дух. Светоста Христова е таа којашто му ја дава светоста на Црквата, а не нашата светост. Духовната борба на секој верник е тоа што нè прави членови на Црквата. Црквата ја нарекуваме соборна, бидејќи Христос ја основа неа да биде вселенска – единствен кораб на нашето спасение – неразрушлива до крајот на вековите. Апостолска – бидејќи Христос избра апостоли и ги испрати во Црквата, коишто до денес, преку нивните наследници, ги поучуваат сите верни.

Центар на единството е Самиот Христос. Силата којашто го остварува единството е Светиот Дух. Единството на Црквата го одразува единството на Трите Божествени Лица. Само едно може да биде семејството на чедата на Бога и на Самиот Бог Отец. Затоа постои само една Црква, а не повеќе. Другите се просто конфесии, но не и Црква. Постои само еден Христос, во Чие име се крштеваат сите Христијани, и Кому принадлежиме сите ние. Еден е Светиот Дух, Кој ги исполнува и соединува верните во телото Христово.

Поделбите што постојат на земјата произлегуваат од човечките несовршености, од нашите гревови и егоизам. Од Бога произлегува само внатрешното, таинствено, натприродно единство. Не постои видлива и невидлива Црква, ниту, пак, е вистина тоа дека невидливата Црква е една и обединета, а видливата – поделена. Црквата е една. Зашто нашиот град е на небесата – вели апостол Павле. Градбата на Црквата е дар од Бога, Кој го соединува телото со Главата.

Земните дела на луѓето: имињата, личностите, работите, границите, схизмите, славољубијата, политичките заповеди и насоки – сето тоа е човечка измислица. Тајната на единството е повозвишена од сè. Затоа единството прво се споменува во Символот на верата. Црквата е една не затоа што е заедница на светиите – не дека немаме гревови – туку затоа што сме обединети со Христос и помеѓу себе.

Пресвета наша Скоропослушничке, Која нè повика денес овде, помогни да постои единство во верата помеѓу нас и заедница во Светиот Дух, прекрати ги схизмите во Црквата, дај ни смирена мисла и воспостави длабок мир во Твојата Црква. Амин!“

 

 

 

 

 

 

 

 



Извор: Бигорски манастир

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

30/05/2025 - петок

Св. апостол Андроник; Светиот маченик Солохон; Св. Стефан, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная