На 19. 08. 2017 година кога светата црква го празнува Свето Преображение Господово Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Пресвета Богородица“ – Гостивар. По литургијата митрополитот во населбата Циглана - Гостивар го посети храмот во изградна посветен на Свето Преображение Господово изврши водосвет ги благослови кумските лебови и го благослови лозовиот плод грозјето како што пропишува типикот на денешниот празник. Проповедта можете да ја превземете на следниот линк
Извор: Тетовско - гостиварска епархија