логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На Саемот на книгата 2017 -

Денес, од богатата  издавачка дејност на Повардарска епархија, од нејзините  две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“, ви ја презентираме  книга:

 

Православен бестселер-

Протоереј Александар Торик „Флавијан“

 

ГЛАВА 12

Моиахиња Елисавета

Постепено си дојдов на себе. Покрај мене жените веќе завршуваа со бакнувањето, по целата црква се гаснеа кандилата, црквата речиси се испразни. Дочекувајќи го крајот на редот, последен пријдов да земам благослов од Флавијан.
-    Аљоша, нешто се случило? - ме праша, грижливо, гледајќи ме.
-     Знаеш, отче Флавијан, јас, како да кажам, изгледа, сум се премолил, можеби...
-     А како тоа се покажа? - се сконцентрира Флавијан.
-    Пред еден час излегов да се одморам на клупата, размислував нешто, може да се каже - се молев на Господа. Одеднаш, јасно слушнав одговор, гласно изговорен. Погледнувам, а покрај мене седи старче, онака пристојно, а насекаде околу него се излева добрина, и изгледа некако црковно, никако современо. Малку поразговаравме, а пото, Клаудија Ивановна ме повика на славословие. Планирав после служба да те прашам за тоа старче, некако беше необичен и добар. А сега кога пријдов кон иконата на Сергиј преподобниот, погледнав, а на неа моето старче, па дури и во истата облека... Слушај, тоа се случува, а? Или како велат „не ми се сите овци на број" или „сум се најал буника"?
Флавијан, замолкна, а потоа воздивна:
-    Се случува и тоа, Алексеј, се случува... Ти си сега трет од оние кои ги познавам на кои лично им се јавил преподобен Сергиј, вака како тебе денес. Еднаш се јави во Лаврата, во Сергиевиот Посад, тогаш се уште се нарекуваше Загорск, еднаш на сестрите во Христа, и еднаш овде. Ме наведуваш во гревот на зависта, брате Алексеј, - се насмеа Флавијан, - јас овде единаесет години служам, а за такво чудо, заради моите гревови, не сум се удостоил, а ти трет ден, и еве го! Самиот игумен на земјата руска те удостои со посета! Ох, тебе те сака Господ, Аљоша!
Ме прегрна околу рамењата и благо ме продрма, гледајќи ја мојата потполна збунетост.
-Седни малку тука, почекај, одам да ги соблечам одеждите и доаѓам.
Наскоро излезе од олтарот заедно со мајка Серафима која носеше преку рамења некоја тенка, светла облека.
-    Благословете, отец, сепак, малку ќе ви го испеглам подрасникот за утре, еве, долниот дел малку се изгужвал, не ѐ убаво.
-    Добро, мајко, Бог да благослови, испеглај, само првин, постави ни чај мене и на Аљоша, за кратко ќе дојдеме.
-    Благословете, отец!
-    Бог да благослови!
Флавијан, благо воздивнувајќи, седна со мене на клупата ги испружи нозете, се потпре и со дланките ги протри колената а потоа се намурти:
-    Само да не врне дожд утре, инаку ќе накиснеме за време на литијата...
Ги погледнав неговите испружени нозе во искинатите „селски" влечки од чешлана волна и се заинтересирав:
-Боли?
-Малку. Наша „свештеничка" професионална деформација - нозете. Секаков вид на артроза, варикоза, тромбофлебитиси и останати. Мораат и свештениците некако да се спасуваат, барем нозете да заболуваат, слава на Бога за сѐ! Аљоша! Раскажи ми подетално, каков беше разговорот меѓу тебе и отец Сергиј?
Му раскажав речиси се од збор до збор. Седеше замислен.
-    Отец Флавијан, а кој освен мене, овде го виде преподобниот Сергиј, ако не е тајна?
Не, не е тајна, такви луѓе веќе одамна нема. Пред осум години, кај нас работеше поголема група на молери од К-а. Ја белеа црквата и патем ја поправаа секоја пукнатина и дупка на фасадата. Беа четворица: татко, како главен, два сина и зет.
-Добри работници, не пиеја, не беа ни верници, но не беа н безбожни, добри професионалци. Помладиот син се викаш Олег, не помина ни година како се беше вратил од војска. Добар скромен, вредно момче, но во светот не се снаоѓаше. Девојките многу не го интересираа, а ни бркањето на пари и материјалн блага. Неговата душа жеднеела за нешто поголемо, вистинско сериозно. Сакаше да се пријави како професионален војник во Чеченија. Роднините го разубедуваа, но тој: „Сакам да се борам за татковината, некој мора да ја штити!" Така и направи, после работата на црквата отишол на одмор една недела и во воениот оддел. А бидејќи беше подготвен и силно момче, татко му го испраќаше да работи на највисоките и најнеудобните места, да бели делови под куполата, кај ѕвоното... И, беше некаде пред празникот на свети Сергиј и молерите ја белеа камбанаријата (сакаа сѐ да завршат пред празникот), а јас седев пред стражарата и го препишував поменикот, кога одеднаш слушам низ отворениот прозорец: нешто како крик и тап удар во земјата. Се стрча кај мене зетот на главниот мајстор со раширени очи и вика: „Отец! Ољешка загина, падна од камбанаријата!"
Брзо станав, нормлно со трчање кон вратата, а таму Олег лежи испружен на плочата, над него татко му и постариот брат на колена, но крв не се геда. Тука мојата Серафима скокна, ги истурка мажите (сепак, таа е лекар) и почна да го прегледува и да го опипува Олег. Ја крена главата, го погледна татко му и го праша: „Од каде падна?" Тој одговори: „Од самиот врв на кровот како шатор, од другото прозорче, има околу дваесет метри висина". Серафима се загледа во мене: „Тогаш, - вели - ништо не можам да сфатам". И пак почна да го прегледува и опипува Олег. Наеднаш, постраданиот ги отвори очите, радосно се насмеа и рече: „Мајко Серафима, отец! А како се стасува во Посад?"
Ние нему: „Лежи, не мрдај, каков Посад, сега ќе викнеме брза помош!"- човекот е во шок, па блада, си помисливме.
А тој - скокна, на нозе! „Не ми треба брза помош, ништо не ми е !" и се смееше.
Сепак, мајка Серафима не се смееше. Инсистираше да го однесеме во Т-ската брза помош на рентген - да не има, не дај Боже, некоја скриена повреда. Постариот брат го однесе со својата Лада. И мајка Серафима замина со нив.
Му направиле рентген снимка, го прегледале и со потсмев го испратиле. Како, ви се молам, тој паднал од двесет метри висина?! Да паднал од стол на тепих, би имал повеќе повреди! Ни модринка, ни гребнатинка!
Кога се вратија, седнавме на маса сите заедно да се напиеме чај во стражарницата. Олег ни раскажа:
„Како се лизнав од настрешницата не знам. Ја откачив сигурносната алка од монтажерскиот појас и за неа ја закачив кофата со боја. Се обидов да ја пречекорам за полесно да го сменам местото... И тогаш ми се лизна патиката. Успеав само да сфатам дека паѓам и да си помислам: Крај!"
„Не, Олег, не е крај!" слушам. Гледам како лежам на земја, но не овде, туку на некое друго место, на нива со пченица. Пченицата беше висока, со разни тревки помеѓу класјата, а во далечина се гледаше манастир. Камбанаријата добро ја запамтив, убава, висока, сина со бели украси, и богата купола во облик на чаша со крст. Покрај мене стоеше стар монах, целиот светол, а брадата му беше сосема бела. Ме гледа во очи, а мене ми беше толку многу убаво! Ми вели: „Ова не е крај, Олег, тоа е почеток на твојот друг живот. Сакаш да бидеш војник, татковината да ја браниш - тоа е добро. Но да одиш на Кавказ, за тоа нема Божја волја. На Христос сега му се потребни други војници. Дојди кај мене во Посад. Јас од тебе ќе направам Христов војник".
Тоа го кажа, се сврте и замина накај манастирот преку пченицата со разни треви. Сакав да тргнам по него, но некој ме затресе, ги отворам очите, и над мене стоеше мајка Серафима и сите вие.
Ја донесов од полицата иконата на преподобниот Сергиј и му ја покажав на Олег.
-    Тој е? - го прашав.
-    Тој е! - и целиот заблеска.
-    Е, тогаш, - му велам јас, - земи, еве ти лист хартија и молив, запиши како се стасува до Сергиевиот Посад.
По три дена мајсторите ја завршија својата работа, земаа пари и си заминаа. А, по месец и половина ми стаса писмо од Троце-сергиевата лавра: „Помолете се за мене отец. Ме примија во братството на Троице-сергиевата лавра. Искушеник Олег".
А по три и пол години, уште едно: „Помолете се за мене отец Флавијан. Се удостоив со монашки потстриг со име Сергиј, во чест на преподобен Сергиј Радоњешки".
Ете така. Последен пат се сретнав со него во Лаврата, пред неколку месеци. Отец Сергеј е веќе една година јероѓакон.
-    А што е тоа „јероѓакон"?
-    „Јероѓакон" значи „монах ѓакон". Ако ѓаконот е „бел", тогаш се нарекува само „ѓакон", а ако е монах, тогаш „јероѓакон".
-    Чекај, а што значи „бел"?
-    „Бел" значи „оженет". Целото свештенство во Црквата се дели на „бело" - брачно, и „црно" - монашко. „Црно" - поради бојата на монашката облека. Затоа називите се разликуваат. Во бело свештенство се: ѓакони, заслужни ѓакони или протоѓакони, свештеници, односно ереи, и заслужни свештеници - протоереј или протопрезвитер. А во монаштвото, согласно тоа - јероѓакон, архиѓакон, јеромонах, игумен, архимандрит. Согласно реченото, епископи, како повисоко свештенство, се поставуваат само од монаштвото.
-Тогаш, отец, објасни ми мене неукиот, што е тоа монаштво? Јасно ти е дека за него имам слушано само од безбожните книги или филмови, а веројатно сето тоа е погрешно.
Флавијан се замолче, галејќи ја својата седа, ретка брада.
-    Монаштво, Љоша, тоа е да започнеш живот, со Бог и во Бог. Самиот термин „монах" произлегува од зборот „монос", што значи „еден" т.е. еден на еден со Бога. Уште монасите ги нарекуваат „иноки", односно „иној", различен, не онаков како сите.
-    Различен - значи да не се жени и да не јаде месо?
-    Работата не е во месото или женењето, Љоша. Постојат и вегетаријанци и закоравени ергени, но тоа не ги прави монаси. Монасите ги нарекуваат „ангели на земјата, небесни луѓе", и уште велат: „Светлина на световните луѓе се монасите, а светлина на монасите се ангелите". Животот на монасите се споредува со ангелите.
-    А во што е сличноста? - Сличноста е во тоа што смислата на животот и на ангелите и на монасите, како и нивната намена е служење на Бога и извршување на неговата света Волја. При тоа и едните и другите го избрале тој пат свесно и доброволно.
-    Излегува дека сите монаси се свети, како ангели?
-    Не, нормално, примањето на монаштво не е гаранција за светост и спасение, не можеш да станеш светител преку извршување на себе некоја свештеничка работа или давање завет. Само во некои еретички секти учат дека, ако станеш нивни член, тогаш си спасен. Меѓутоа, „без ука нема наука", а таа поговорка се применува и, на пример, за спасението на душата. Сите мора да работат на самите себе, на своето усовршување и извршување на заповедите Божји. Тоа важи и за световните луѓе и за монасите.
-    Зошто тогаш го бираат монаштвото, ако сите треба подеднакво да се трудат, а може да се спасат и во светот?
-    Сети се, Љоша, кога се заљуби во Ирина и почна да се гледаш со неа, зар не ги оставаше другите работи за да се среќаваш и дружиш со саканата?
-    Па... веројатно затоа што дружењето со неа ми претставувало поголема радост отколку се останато?
-    Правилно! Исто така и монаси одат оние на кои општењето со Бог им пружа поголема радост отколку останатите земски радости. Во Евангелието Христос ни ја раскажува параболата за трговецот кој бара драгоцени камења, и кој кога ќе најде еден поубав од претходниот, продава се што има за да стане негов. Таа приказна, може да се рече дека директно се однесува на монасите. Има многу „драгоцени камења" и во световниот живот. Тоа е радоста во заемната љубов во бракот, среќата кога ги гледаш своите деца пораснати во вера и благочестивост, чувството на задоволство од резултатите во чесната работа, црковни и семејни празници и уште многу други работи што во христијанството носат радост во срцето и ја збогатуваат душата со благодатта на Светиот Дух. Сепак, постојат „драгоцени камења" - непрестаен живот во Христос, достапен во својата полнота само на оние кои „продале се", кои се лишиле од секојдневните грижи, страсти и радости и се посветиле на длабоко богопознание. Тоа се монасите. Монаштвото уште може да се спореди со специјалците во армијата. Постои обична војска, со своето ниво на обука и свои задачи, а постојат и специјални единици, во кои нивото на обука е многу повисоко, тренинзите се многу подолги и потешки, но, и задачите кои ги извршуваат се од особена важност. Ако Црквата ја нарекуваме војска Христова, монасите се специјални единици од војската.
-    Добро, а какви посебни задачи извршуваат тие единици?
-    Како прво - тоа се молитвите за целиот свет. Само Господ знае што би се случило со нашиот свет, во што би се претворил, да нема непрестајна монашка молитва која ја осмилостивува Божјата правда и ја повикува во паднатиот свет Божјата милост и благодатта од Светиот Дух.
Како второ, тоа е непроценливо монашко искуство во духовниот живот, усовршување и борба со паднатите духови, кое го собирале многу генерации монаси, и кои светите отци го систематизирале и изложиле во мноштво списи во Светото Предание. Тоа искуство, кога станало достапно за светот, претставува помош и раководство во духовниот живот на сите кои бараат духовно совршенство, како на новите генерации монаси, така и на благочестивите христијани.
Како третото а е непосредно делување на свет подвижнички пример, поуки, духовна грижа на многу подвижнички души кои достигнале совршенство. Да не зборуваме за тоа дека старите манастири биле центри за писменост, духовно просветителство и места каде мирјаните жедни за поуки и утврдување во благочестив живот наоѓале можност да се запознаат со духовната ризница, монашкиот опит, да добијат утеха во страдањето, а често и прозорливо откривање на Божјата волја или чудесно исцелување на душите и телата.
-    Во принцип, разбирам... Ти затоа не си се ни оженил, за да станеш монах и да Му служиш само на Бога и луѓето.
-    Не, не е баш така, порано бев женет.
-    Како? Си бил женет? Со кого? А каде е твојата жена? Зошто порано не си ми зборувал за тоа?
-    Не си ме ни прашал, а некако не ни доаѓавме на таа тема.
-    Е, да, навистина! Извини, можеби се мешам во работи кои не треба да ме интересираат, но едноставно ме интересира поради што толку се изменил твојот живот. Ако тоа не ти е болна тема, те молам, раскажи ми!
-    Не, тоа одамна не е болна тема, напротив, дури е и радосно во својот живот да ја видиш неверојатната Божествена спасоносна промисла. Можеби се сеќаваш дека по завршување на студирањето ме распоредија на работа во престижниот космички научно-истражувачки институт, со перспектива на сериозна научна кариера. И навистина, по половина година, веќе раководев група, работев многу интересен проект и бев потполно задлабочен во работата. А тогаш во нашата група, на специјализација, ја пратија Валентина, мојата поранешна жена. Таа беше ќерка на главниот конструктор на институтот, и затоа ја поставија во најдобрата и најперспективна група на конструктори.
Во почетокот не ја доживував како девојка, едноставно ¬асистенка К-ова, тоа беше се. Но таа од првиот ден се заљубила во мене, на секој начин ја покажуваше наклонетоста, ми носеше домашни пирошки... покрај се, веројатно и татко и ѝ дал до знаење дека сум соработник со перспектива, особено ако се оженам со неа. Кратко потоа, во петтиот месец од нејзината специјализација организиравме свадба во „Метропол".
А еден месец подоцна некој ми подари Библија, увезена од Франција. Ја отворив, и со за мене својствениот критицизам, почнав да ја читам и... не ја затворив до денес. Кога сфатив, а тоа се случи многу брзо, дека таму е напишана Вистината, го вложив целиот свој напор со умот и душата сето тоа да го разјаснам. Го разјаснив, поверував во Бог, станав православен христијанин. Во почетокот, и жена ми и претпоставените ми прогледуваа низ прсти на моето одење во црква, постење, отсуство од партиските состаноци.
Жена ми едно време внимаваше, влегуваше понекогаш во црква, носеше на себе крст од антикварница, дури се согласи тајно да се венчаме, заради романтика. Потоа мојата во пораст вера почна да им досадува на сите. Жената не можеше да сфати зошто за цело време на постот не можам да одам во кино и ресторани, не може да се има брачни односи, зошто не сум наклонет кон материјалното богатство, не одам со неа на гости кај „познати" луѓе, не „местам" на себе службени патувања во странство.
Особено тоа последното ја иритираше. Со оглед на можноста од мојот дедо, доволно беше само малку да покажам активност и ние сигурно би отпатувале на една година во Париз, градот од соништата на мојата поранешна сопруга. А јас, наместо во Париз, одев во Псково-печерскиот манастир, во Троице-сергиевата лавра, на Новиот Атон, во Никоњск кај старецот схиархимандрит Гаврил, кој во меѓувреме ми стана духовен отец и ме насочи на патот на свештеничкото и монашко служење на Бог. Со еден збор во куќата растеше напнатост, исто така и на работата.
Жена ми почна да се „одмара" без мене во друштво на исто такви „елитни деца", да посетува викендички, ресторани надвор од градот... На некое од тие дружења го сретнала младиот француски микробиолог Симон, кој толку се воодушевил од неа, иако беше четврти месец бремена, и предложил брак и стрпливо чекал да се заврши формалноста околу разводот, средување документи за емиграција, и подоцна ја присвоил мојата ќерка која ја роди Валентина.
-    Господи! Па ти имаш ќерка!
-    Имав. Симон и Валентина убаво поживејаа четири и пол години во предградието на Париз, градот за кој мојата поранешна жена толку многу копнееше. Тој добро заработувал, а таа се занимавала со воспитување на ќерката и синот кој го родила во брак со Симон. А осумдесет и шестата, на дваесет и осми август по нов календар, на празникот Успение на Пресвета Богородица, на враќање од Азурниот брег, нивната кола отишла во спротивната лента и удрила во камион. Симон и децата загинале на лице место веднаш, а Валентина недела и пол била во кома.
Прво што изговорила кога дошла при себе било: „Повикајте ми руски, православен свештеник". Повикале свештеник, таа долго се исповедала и се причестила. Не можела потполно да оздрави. Половина година подоцна умрела во Ш-скиот православен манастир во Франција од мозочен удар. Успеала пред смртта да прими монашки чин.
Ако не заборавиш, помоли се понекогаш за покој на душата на монахиња Елисавета. Ете тоа е историјата на мојот брак.
-    Да, каква приказна..! А што се случи со тебе?
-    А јас, истата таа година кога жена ми се разведе од мене, запишав втора година во Богословија, за една година вонредно ги положив сите испити, се замонашив со име Флавијан, и... сега седам овде со тебе.
-    Отец! Веќе вторпат зоврива водата! - Гласот на мајка Серафима беше воздржано строг.
-    Да одиме, Алексеј... - Флавијан стана и зачекори со својата болна нога.
На пат кон излезот застанав кај местото кај што се продаваа свеќи, оставив пари на послужавникот, земав од полицата книшка „Помјаник", ја отворив страната „За покојните", и прво напишав со печатни букви - МОНАХИЊА ЕЛИСАВЕТА.

 

 

 10- ти април 2017 год.

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная