Навечерие на патрониот празник на Црковната општина „Св. Прохор Пчински и Св. Вартоломеј“
🇮🇹🇲🇰


Во навечерието на патрониот празник на нашата црковна општина „Св. Прохор Пчински и Св. Вартоломеј“, беше отслужена свечена вечерна богослужба, со која началствуваше надлежниот митрополит г. Пимен, во сослужение на парохискиот свештеник о. Климент и секретарот на Дебарско-кичевската епархија о. Никола.

На вечерната служба молитвено присуствуваше и митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, чиј благослов и присуство внесе дополнителна духовна радост меѓу верниците. Во продолжение на богослужбата, беше отслужен и заеднички парастос во очи на ноемвиската Задушница, на кој сите заедно се помоливме за покој на душите и наследување на Царството Небесно за нашите починати оци, мајки, браќа и сестри.
Со оваа молитвена и духовна подготовка, верниот народ со радост и благодарност го дочека патрониот празник на својата света заедница, изразувајќи љубов, вера и заедништво во Христа.
Слава на Бога за сè!







Европска Епархија / Evropska Eparhija is with Otec Pimen and Sv Prohor Pcinski.


























