логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 
Agatangel.jubilej.jpg
Повардарска епархија на Македонската Православна Црква прославува три значајни јубилеи:
 30 години од формирањето на Повардарската епархија,
 50 годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква
 и
 10 годишната архипастирска служба на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
 
Дедо Агатангел, со најискрени желби за понатамошна постојана духовна преобразба на доверената паства, Ви ги честитаме јубилеите.
На многаја лета, возљубен Владико свет!

Извадок:„ Митрополитот Агатангел, за време на својата пастирска дејност, и како свештеник и како Епископ и Митрополит, правилно ги проценува потребите на својот народ. Она што ја карактеризира неговата личност е посебниот патриотизам и родољубие, чија одлика и специфичност не е само изговореното слово или напишаниот збор, туку дејствувањето и исполнувањето на библиските принципи. Библијата нè учи во неволја и тешкотија да му помагаме на човекот, зашто токму во тешкотија и несреќата се гледа и покажува нашата вистинска подготвеност за љубов кон ближните. Токму оваа евангелска доктрина ќе биде патеводителка, вдахновение и инспирација за Митрополитот Агатангел, за во 1998 година, со благослов на Архиепископот Михаил, да ја создаде мисионерско-хуманитарната дејност „Ѓаконија”, која низ сите овие години духовно ќе ги просветува, облекува и нахранува прво најсиромашните, а потоа и останатите наши ближни, не прашувајќи ги за нивната вера, народност или убедување. И покрај реалните тешкотии со кои се соочува „Ѓаконија”, кои пред сè се од финансиска природа, сепак, со огромни инсистирања и напори на г. Агатангел, таа и ден-денеска ги принесува своите благочестиви плодови. Уште во својот старт Митрополитот ги одредува критериумите по кои ќе работи „Ѓаконија”. Нејзина основна дејност е создавањето на две црковни кујни во парохиските цркви „Света Петка” во Црниче и „Свети Петар и Павле” во Ѓорче Петров. Потоа, помош со пакети со прехрамбени производи и најнужни средства за лична хигиена на социјално најзагрозените семејства. Дејноста е насочена и кон помош на повеќедетните христијански семејства, но и кон оние, кои страдаат од лош сплет на околности. „Ѓаконија” активно е вклучена во борбата против наркоманијата, алкохолизмот, пушењето и сите пороци кои негативно влијаат на здравјето на личноста, но и на нејзиниот духовен раст и смисла на живеење.

            Во склоп на „Ѓаконија”, покрај харитативната дејност, создадена е и плодна издавачка дејност. Од печат почнува да излегува весникот „Сеправославие”, каде Митрополитот Агатангел е главен и одговорен уредник, а под негово духовно раководство и надгледност се преведуваат и издаваат повеќе клучни теолошки книги, кои дотогаш, од разни причини, не беа претставени на македонската читателска публика, на нашиот мајчин македонски јазик.  

           Во новото поглавје во животот на дедо Агатангел, како Митрополит Повардарски, огромните заложби и упорноста остануваат негово главно одличје. Издавачката дејност, како основна одлика на работата на Митрополитот Агатангел, со полна пареа започна да работи. Така, веќе е испечатен и вториот број од списанието на Повардарската епархија „Православна Светлина“, каде дедо Агатангел е главен и одговорен уредник. Испечатени се неколку нови книги, а поголем број на книги и брошури се во фаза на подготвување. Градителската дејност исто така веќе бележи значителни достигнувања. Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во самиот центар на Велес забрзано се гради, поставени се камен темелници на неколку нови цркви, а започната е и реставрација и обнова на манастири и цркви низ територијата на Повардарската епархија. Хуманиот аспект во работата на Митрополитот Агатангел е секогаш присутен, па така отворањето на нова црковна кујна во Велес, во рамките на хуманитарно-мисионерската дејност „Ѓаконија“  се очекува наскоро.   

        Од раководењето со Брегалничката епархија, ќе спомнеме дека Митрополитот Агатангел продолжи да го изградува и доградува она што веќе беше започнато од страна на Митрополитот Стефан, а сега Архиепископ на Македонската Православна Црква. Иако Брегалничката епархија беше доста сиромашна по приходи, сепак, заради огромното залагање, упорност и вера во Божјата помош на Митрополитот Агатангел, градителската дејност во Брегалничката Епархија, во ниеден момент не запра. Така, целосно се обновени и реновирани Соборниот храм „Свети Николај” во Штип и црквата „Свети Ѓорѓи Победоносец” во Кочани, интензивирани се веќе започнатите градби на храмови и манастири насекаде во Епархијата, комплетно е реновирана, со нов иконостас и фрескоживопис, манастирската црква „Св. Богородица” во манастирот „Свети Пантелејмон” во Кочанско и изграден е нов конак во склоп на манастирот. Целосно се изградени веќе започнатите цркви „Света Петка” и „Свети Климент Охридски” во населбата Сењак во Штип, осветена е црквата „Св. Троица” во Радовиш и удрени се повеќе камен-темелници за изградба на нови цркви, во повеќе села и градови на Брегалничката Епархија.

        Она што најповеќе го карактеризира времето на службување на Митрополитот Агатангел, секако е издавачката дејност која е една од најплодните во целата Македонска Православна Црква. Досега се издадени над 40 книги и брошури, а поголем број на нови книги се подготвуваат за во печат. Од 2003 година, кога и започнува да излегува од печат списанието за православна вера, култура, образование и воспитание „Троичник”, Митрополитот Брегалнички г. Агатангел е негов главен и одговорен уредник. 

        Преку издаваштво и теологија спроведена на дело, Митрополитот Агатангел, се обидува да ги затопли срцата на луѓето и да ја приближи и претстави Македонската Православна Црква како мајка и топло духовно свратилиште на сите оние кои сакаат да живеат побожно и спасоносно, чекорејќи на вистинскиот пат Христов и приближувајќи се кон Царството Божјо.“

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная