логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

20170109 095221-3120x1755

20170109 095814-3120x1755

 20170109 101302-3120x1755

Нa 09.01.2017 гoдинa, нa прaзникoт нa светиoт првoмaченик и aрхиѓaкoн Стефaн, вo хрaмoт "Св. Ѓорѓи и Прес. Бoгoрoдицa" вo Епинг, Мелбурн, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереј-ставрoфoр Ефтим Бетински, игуменот Гaврил, прoтoерејoт Никoлa Христoски, свештеникoт Климент Стaнкoвски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пред пoчетoкoт нa Литургијата, беше извршен чинoт нa oчистувaње нa хрaмoт. Пo зaвршувaњетo нa Литургијата, беше прекршен празничниот кoлaч, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се oбрaти кoн мнoштвoтo верни сo пригoднa беседa, кoјa пoдoлу вo целoст ви јa пренесувaме. 

Митрoпoлитoт се oбрaти и личнo кoн сите верници кaкo и членовите на Упрaвaтa oд oвaa нaшa црквa, нa кoи им пoрaчa декa сo доаѓањето нa нoвиoт легaлен свештеник, oтец Климент Стaнкoвски, тие нaпрaвиле потег сo кoј пo дoлги гoдини се враќаат кoн единственaтa Мaјкa Црквa. Митрoпoлитoт ги oхрaбри и дa не се плaшaт и дa знaaт декa никoј, ниту тoј личнo, ниту некoј oд Синoдoт, не се зaинтересирaни зa нивните имoти, туку единственo се зaинтересирaни зa нив, кaкo членoви нa Црквaтa, чијa глaвa е Христoс. Митрoпoлитoт им гo честитa прaзникoт сo желби и молитви нивниот пaт секогаш дa биде прaвилниoт пaт, единствениoт кoј вoди вo Цaрствoтo Бoжјo.

Нa свечениoт ручек, свoј пoздрaвен гoвoр имаше и претседателот нa црковната oптшинa вo Епинг, г-дин Мирчo Ангелoски.  

20170109 110658-2496x1404

Митрополит Тимотеј

Христос се роди!

Драги браќа и сестри,Денеска, нашата света Православна црква го прославува светиот архиѓакон и прв маченик Стефан. Св. ап. Павле, советувајќи го својот сакан ученик Тимотеј, во Второто послание му пишува: „Поднесувај страдања како добар војник на Исуса Христа" (2. Тим. 2, 3). Овие зборови, иако се упатени на апостолот Тимотеј, тие се однесуваат на секоја христијанска душа којашто треба да биде, во права смисла, војник Христов. Кога ап. Павле вели дека треба да војуваме, тоа подразбира дека ние, како христијани, пред себе имаме непријател. Непријател со кој треба да се соочиме и да отвориме војна. Најголем непријател на човечката душа е гревот. Гревот доаѓа од нашата внатрешност, од умот, од волјата, од страстите, и ние, како христијани, должни сме со овие непријатности да се бориме, односно, да се обидеме да ги оттргнеме и на нивно место да дадеме простор за добродетелите во нашиот живот. Уште од почетокот непријателот се труди да ги измами сите луѓе. Да ги измами и да ги наведе да одат по погрешниот пат. Тој непријател, ѓаволот, се труди со големи сплетки, измами и сценарија да нè наведе на грев, на страст, и да нè оддалечи од Бога, од правдата и од вистината. Во Светото писмо ѓаволот се нарекува „татко на лагата" (Јн. 8, 44). Не треба да заборавиме дека ѓаволот не доаѓа само со една измама, туку, со многу. Затоа, мнозина потклекнуваат во таа борба и се предаваат во рацете на злобниот, нечестивиот и злокрвникот.

20170109 110724-3120x1755
Нашиот Спасител Господ Исус Христос, како Свои војници нè опремил и ни дарувал оружје. Оружје со кое можеме да се бориме против овие замки и интриги на нечестивиот. Тоа оружје е нашата вера во Господа Исуса Христа. Верата ни дава сила да можеме сите овие искушенија да ги надминеме и да ги победиме. Покрај внатрешните борби, нас, како христијани, нè пресретнуваат и надворешни, телесни борби. Тоа се болестите, страдањата и измачувањата. И таму нечестивиот повторно се вклучува. Се вклучува за да ги исползува овие слабости како би нè оддалечил од Бога. Да нè наведе на хулење, на откажување од верата, од Црквата, и на крај, од Бога. Но, нашата вера нè учи дека треба да бидеме трпеливи и сите искушенија и маки да ги поднесуваме со трпение и да ја исполнуваме волјата Божја. И кој претрпи до крај, ќе биде спасен. Самиот Господ Исус Христос ни вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам" (Мт. 11, 28).
Ние, како христијани, имаме безброј примери во долгата и страдална историја на Црквата Христова. Таа нè поучува, но, не само со збор, не само теоретски, туку, и со практичен живот на одделни свети луѓе, кои овие зборови на ап. Павле и на Господа Христа ги преточиле во својот сопствен маченички живот.
Денеска, прославувајќи го светиот архиѓакон Стефан, од Апостолот, што го слушнавме на светата Литургија, видовме какви страдања и какви маки, какви понижувања претрпел овој Христов војник. Тој ќе ја жртвува својата младост, својата убавина и својот живот и ќе биде каменуван. Но, во ниту еден момент не се поколебал во Господа Христа. Поради ова негово сведоштво, односно страдање, ќе добие вечен и блажен живот во царството Божјо. Тој ќе биде удостоен, уште пред да го напушти овој свет, да ја види небесата отворена и како Господ Христос седи оддесно на Бога Отецот на Престолот. Сето тоа го доживеал и видел благодарение на неговата силна и непоколеблива вера во Христа Бога. Св. архиѓакон Стефан, не само што не ги осудува, не ги колне и не ги моли да го поштедат од каменување своите надворешни непријатели, туку, Го моли Господа Бога: „Господи, не примај им го ова за грев!" (Дела 7, 60). Таква љубов можат да покажат само духовните војници и свети луѓе.
И ние денеска што се наоѓаме во овој свет храм, да се поучиме од силната и непоколеблива вера, и од трпението на св. Стефан. Па од таа вера да всадиме во нашите срца и души, та и ние да можеме да го победиме, како внатрешниот, така и надворешниот непријател. А сето тоа преку молитвата и трпението, и помогнати од благодатта Божја која ни ја дава нашиот Спасител Господ Исус Христос.


Свети архиѓаконе Стефане, моли Го Бога за нас! Амин.

Св. архиѓакон Стефан
09.01.2017
Мелбурн, Австралија

 20170109 110704-3120x1755

 20170109 113308-3120x1755

 20170109 113634-3120x1755

20170109 114121-3120x1755

image-0-02-07-284e23128e29ad43d2cdd5e32d6507ac8d03a9a81d3a58db60faa6f54eb1652b-V

 20170109 123323-2080x1170

 20170109 123903-1755x3120

 20170109 144710-1755x3120

 Извор: Дебарско- кичевска епархија

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

14/06/2026 - недела

Петровденски пости; (на риба)

Преп. Јустин Ќелиски; Св. маченик Јустин Философ; Св. маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст; Преп. Агапит Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная