Скопје, 21- ти април 2016 год.- храм на свети Стефан (населба Аеродром)
Кондак, глас четврти
Јоаким и Ана од срамот на бездетноста, и Адам и Ева од смртната пропадливост: се ослободија Пречиста, во твоето свето раѓање. Затоа празнуваат и твоите луѓе, кои се избавија од вината на прегрешенијата, со воскликнување: Неплодната ја раѓа Богородица и Хранителка на нашиот Живот.
Во дванаесеттата недела по Педесетница , кога Светата Црква, молитвено го прославува споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица , во храмот на свети Стефан во скопската населба Аеродром, презвитер доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургијата, по читањето на Евангелието на денот, отецот произнесе БЕСЕДА:
[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=ddYfoTVywuU[/youtube]
Свети Григориј Палама
„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”
Преминпортал (к.т.)
Друго:
Vlado Risteski 2015-04-21 13:37
Teshka za lecenje e nasata parazitska smrtna bolest. Nedela nautro, nasiot Gospod se dava sebesi, a nie optegnati po krevetite vo domovite svoi, ignorirajki ja sopstvenata gnojna rana. Jeziva mislovna slika. lesno e na polnokj da se reche Hristos Voskrese, no kade si vo Nedelite nautro coveku. Da ne se zalazhuvame, mozebi po malku se podrazbuduvame, no seuste dlaboko sme vo teska agonija. A ete go i ponedelnikot, i na prv pogled mislish lugjevo polni zdravje i raboten elan. Malo morgen! Site nie imame izostanoci, koj edinstveno se opravduvaat pred putirot vo Nedelnoto utro. Proshtevajte. Hristos Voskrese! :zzz