На 21.09.2015 година на денот кога Православната црква си спомнува за Раѓањето на Пресвета Богородица, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Литургија во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во с. Калишта, Струга. Верниот народ, кој го имаше и од соседните држави, но и луѓе од друга вероисповед постојано доаѓаше да се поклони пред чудотворната икона на Мајката Божја, која оваа света обител ја чува уште од 14 век.
Извор: Скопска епархија