Празнична вечерна богослужба и Свечена академија по повод денот на свети Климент Охридски
На 7.12.2025 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“ беше отслужена Празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, во сослужение со бројни свештенослужители на Скопската епархија. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.По Вечерната, во НУ „Музеј на македонската борбa за самостојност“, беше одржана традиционалната Светиклиментова свечена академија. На истата свои слова одржаа Претседателката на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, којашто беше и покровител на Академијата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, додека централната свечена беседа ја произнесе проф. д-р Венко Андоновски.
Свеченоста беше дополнително разубавена со прекрасните песнопенија на хорот „Свети Климент Охридски“, под уметничко водство на диригентот г. Панче Јосифов.
Среде многубројниот народ во преполната свечена сала на Музејот, присутни на Академијата беа и: претседателот на Македонската Влада проф. д-р Христијан Мицкоски, бројни министри, пратеници, градоначалници, академици, претстојатeли и претставници на останатите цркви и верски заедници, директори на високи државни институции, ректори, декани, професори, членови на дипломатскиот кор, свештенослужители и почитувачи на светиот лик и светлото дело на великиот свети Климент


























