логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Slideshow

 По повод текстот „Ќе ја трампиме ли автокефалноста на МПЦ за кожата на г.г. Стефан“, објавен на 26.12.2014 во дневниот весник „Нова Македонија“

Авторката на овој текст се обидува да даде свое видување на прашањата поврзани со актуелните случувања околу разговорите за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Како повод ја наведува неодамнешната посета на митрополитот Иларион Алфеев од Московската патријаршија и неговите средби со македонскиот црковен и државен врв. Аргументите во спомнатиот текст не се базираат врз сериозни еклисиолошки, богословски и духовни темели, туку врз недоличен речник, проследен со навреди, кои сметаме дека е крајно непристојно и неумесно да ги цитираме. Но, уште полошо, заклучокот на написот содржи јавен повик на противуставно дејствување.

Најнапред, авторката и според суштината на кажаното и според сопствените зборови, докажува дека не е ни најмалку компетентна да коментира за кој било сегмент од црковното живеење. Прва причина за тоа е фактот што, или поради незнаење или поради свесно неприфаќање на православната вера, таа поддржува одамна осудени и туѓи на Христијанството учења, тврдејќи дека: „богомилите изворно го читаат Христос“. На човек со основни познавања на православниот катихизис му е јасно поради кои причини богомилите проповедале спротивно на Божјото благоволение за човекот и за светот. Втора причина е очигледното непознавање на православната еклисиологија. Се вмешува во прашањето за спомнување на епископ на Литургија, без при тоа да знае дека суштината на евхаристиското собрание е заедница на христијаните со Бога, а преку Него и меѓусебно, собрани на едно и исто место. Постоењето на Света ехваристија (Литургија) е показател за постоење и егзистирање на потполна (соборна и католична) помесна православна Црква, којашто нема никаков недостаток. „Доколку сакате да ја видите Црквата, тогаш во целост ќе ја видите во Светите Тајни“, вели свети Никола Кавасила (14 век).  На литургиите со кои началствува нашиот Архиепископ, се спомнуваат сите поглавари на канонските помесни Православни цркви, и тоа е видливиот знак на единство со нив. Во тоа нема ништо спорно, а за некакво потчинување е бесмислено и да зборуваме, имајќи го предвид наведеното евхаристиско единство. Но, за да се сфати и прифати ова, потребно е живо учество во светотаинскиот и подвижничкиот живот на Црквата.

Во еден дел од текстот, авторката го наведува следново: „Уште како студентка научив да правам разлика помеѓу институцијата МПЦ и оние што моментално ја раководат. МПЦ е еден од столбовите на кои се крепи македонскиот идентитет. Секој напад врз МПЦ е напад врз македонскиот народ и неговата самобитност“. И самата разбрала дека Црквата ја сочинуваат клирот и народот, и дека таа не постои само во наше време, туку многу векови наназад. Црквата е темел и столб на нашиот народ, затоа што неговиот идентитет го потврдува преку единството со Христос. Само во заедница со Бога може да стане збор за непоколеблив и неспорен идентитет на македонскиот народ. Показател за нераскинливата врска на Православието со нашиот народ се сите цивилизациски вредности и достигнувања со кои можеме да се пофалиме: писменост, уметност, архитектура... Сите овие сегменти се напоени со живото христијанско искуство на нашите предци. Меѓутоа, во својата констатација, авторката единствено греши кога Црквата ја рангира на ниво на институција. Црквата е вечна и непрестајна заедница на Бога со луѓето и со целиот создаден свет, а нејзина Глава е Самиот Христос. Целта на животот во Црквата е учество во Божјата несоздадена обожителна енергија. Токму затоа Црквата не спаѓа во категоријата на создаденото, па поради тоа и не може да се ограничи во рамките на времето и просторот. Она што не може да се ограничи, не може ни да се дефинира. Но, доколку сакаме да дадеме некаква, условно кажано, дефиниција, тогаш таа би била следнава: „Црквата е Тело Христово“. Од ова произлегува дека е неумесна и споредбата што авторката на текстот ја прави на релација: Црква - суверена држава – протекторат.

Во насловот, но и подолу во текстот, се изведува заклучок дека актуелните обиди за решавање на црковниот спор со СПЦ се последица од црковно – судската постапка што таа Црква ја покрена против Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Меѓутоа, тука не станува збор за напад и одбрана на некоја конкретна личност, туку се работи за позицијата Архиепископ охридски и македонски, којшто е поглавар на МПЦ-ОА. И пред г.г. Стефан имало македонски архиепископи, а ќе ги има и по него. Епископот е оската на единство во Црквата. Тој е претстојател на евхаристиското собрание, па поради тоа е и одговорен за чување на чистотата на верата и на црковното единство. Свети Игнатиј Антиохиски (2 век) јасно и недвосмислено повикува: „Ниту една работа во Црквата немојте да ја правите без согласност на епископот“. Му се допаѓа некому или не, но врз тие начела се базира православната еклисиологија и Црквата не може да живее и да дејствува според други критериуми. А „кожата“ на Архиепископот (формулација што авторката ја употребува) е всушност кожата на целата МПЦ-ОА, односно на сите што се сметаат за нејзини членови, па дури и кожа на авторката, доколку и таа е дел од МПЦ-ОА.  Затоа не може да се прави дистинкција помеѓу Архиепископот и МПЦ-ОА. Овој факт како реалност, во нашата историја, се покажал кога  прогонувањето на Архиепископот Арсениј, во 1767 година, значело практично и формално укинување на Охридската Архиепископија.

Но, за сето ова и не можеме многу да ѝ замериме на авторката, од проста причина што таа очигледно нема доволно богословско и еклисиолошко познавање. А и самиот наслов на нејзиниот текст се темели врз претпоставки и неодржливи констатации. Имено, никој во нашиот Синод не ја ставил под знак прашање целта на нашата помесна Црква: да биде прифатена како автокефална и рамноправна со останатите Православни Цркви. Меѓутоа, многу повеќе загрижува апелот на противуставно дејствување што авторката на текстот го упатува со следниве зборови: „Сега е последен момент да дејствува македонската држава. И немој сега некој да се сети дека црквата и државата по Устав биле одвоени“. Православните верници во Република Македонија се истовремено и нејзини државјани, со сите права и обврски. Затоа Црквата и државата не се меѓусебно спротивставени. Меѓутоа, според Уставот на Р.Македонија, тие се административно одвоени, а Црквата е автономна во рамките на својата дејност. Секој потег, од едната или од другата страна, кој би го нарушил овој однос, би значел грубо нарушување на уставните одредби. Впрочем, пред неколку дена тоа го нагласи и Премиерот г. Никола Груевски, велејќи дека Црквата е одвоена од државата и дека црковните прашања треба да ги регулираат луѓето одговорни за тоа. А мислел и на оние што го разбираат или го разбрале тоа!

 

Од редакцијата на Скопска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная