Матка, 13-ти декември, лето Господово 2014- на празникот на Светиот апостол Андреј Првоповиканиот
Во дваесет и шестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија, го празнува споменот на светиот апостол Андреј Првоповиканиот , во преполната манастирска црква која го носи името на светителот се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На певницата молитви кон Бог принесуваше православниот хор„Хармосин“.
Вера - Св.Варсануфиј Оптински
- Чувајте ја светата вера, тоа бесценето богатство, и со неа влезете во Царството; ние не се трудиме за нешто тривијално, туку за стекнување на царство, и тоа какво царство – Небесно! Ние сакаме да постанеме негови жители.
Имаше еден богат човек кој постана сиромав; ова беше тешко, но можеше да се преброди. Имаше и здрав човек кој се разболе, но и ова беше поправливо, зашто со сиромавите и бедните е секогаш Христос. Но да ја изгубиш верата е голема трагедија. За таков човек навистина е страшно, зашто тој нема никаква поткрепа.
Преминпортал (к.т.)