Други пак, ја гледаат смислата на животот во смисла на сетилни задоволства, за што било зборувано со древните зборови, “In vino veritas" (вистината е во виното). Но сетилното задоволство не е состојба, туку некој вид на нервна реакција, која се заменува со чувство на празнина и незадоволство. Според тоа, дури и примитивните луѓе не може, а да не чувствуваат во длабочините на својата душа дека тоа е сурогат и фалсификат на среќата. Не ретко, разочарувањето ги наведува луѓето во поголемта радикална способност, да ја исклучат својата свест од заблудите на животот, од целта на вечното разочарување, а потоа се предаваат на алкохолт и наркотици.
- Животот како задоволување на страстите не може да даде радост, туку создава комплекс и навика, како кај оној кој што пие морска вода, само ја зголемува својата жед. Потоа настапува кршење помеѓу сите зголемени и влошени страсти и можноста на нивното остварување, кое создава пекол во човечкиот живот.
Атеистот не може да најде среќа и спокој на духот во размислувањето за животот. Во тој случај, мора да се види себеси осуден на бесилка и веќе роден со јамка на вратот. Тој не може да најде точка на која ќе се потпре, при својата работа или творештво, зашто и творењето, одразувајќи го животот, го засилува чувствувањето на трагичноста на безизлезот. Не може да се најде среќен во секојдневната работа, слично на неуморната мравка, зашто пред него стои прашањето: во чие име и за кого, тој го работи сето тоа и има ли смисол да се претвори личниот живот во постојан труд и напор на волјата, кога се подлежи на конечно уништување?
(Продолжува)
С.А.
Друго:
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот (09.10.2014)
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот-2 (13.10.2014)
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот-3 (16.10.2014)
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот- 4 (21.10.2014)