логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




Pimen.jubilej.jpg

 ЈУБИЛЕЈ ЗА РАДОСТ И ОБЕДИНУВАЊЕ- 20 ГОДИНИ Европска Епархија на Макеоднската православна црква Охридска Архиепископија


Pimen.jubilej.jpg

Pimen.jubilej.jpg

Pimen.jubilej.jpg


Само заедно ќе можеме да опстанемеи да се радуваме на новоизградените цркви , да бидеме сплотени и овој јубилеј нека ни биде поттик за уште многу нови изградби и осветувања. Нека ни биде поттик за редовни Богослужби и цркви полни со народ. Ова е дел од беседата на Митрополитит Европски  Пимен на денот на свечената Архиерејска Литургија што се одржа во црквата Пресвета Богордица во Синделфинген.

Поводот за радост беше двоен, Црковната општина Пресвета Богородица од Синделфинген слави две децении од нејзиното основање, токму како и Европската Епархија.
На  свечена богослужба на  која чиноначалствуваше Митрополитит Европски Пимен  заедно со свештениците од црковните општини од Италија од Германија, од Швајцарија  , парохискиот свештеник  Миле Велјановски беше произведен во  протејер.
Веднаш по Архиерејската  литургија се одржа  свечена прослава на која свое обраќање имаше амбасадорот Сашо Марковски , како и директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов  кои ја споделија радоста заедно со Митрополитит Европски Пимен но и со бројниот верен народ кој живе и работи во Синделфиген.
Дека Македонската црковна заедница има углед во германското општество покажа присуството на градоначалникот на Синделфиген Виорингер, како и Фридрих Фауст кој е долгогодишен пријател на македонската заедница и култура.
Македонската православна Епархија за Европа е формирана на 4 декември, 1994 г.
На 6 април 2006 година како надлежен Архиереј на Епархијата е поставен Митрополитит Пимен .

Денес , Европската Епархија на МПЦ ОА, има 35 Црковни општини, само 13 во Германија,и досега во ова две децениско постоење се изградени три нови цркви од темел, од кои две се осветени во Тринген Швајцарија и во Малме, Шведска,како и еден параклис во Берлин.
За нарената година на 6.06, закажано е осветување на новоизградениот храм Свети Никола од Маинц, а за неполни две седмици ке биде осветен и поставен камен темелник за изградба на нова црква во Загреб.

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

  Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

  Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

  Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

 Pimen.jubilej.jpg

   НА МНОГАЈА ЛЕТА

  Pimen.jubilej.jpg

За Преминпортал: Јулијана Тануровска

 

 

  Архиерејска Литургија и осветување на камен-темелник на нов православен храм во Загреб (26.10.2014 12:06)



Во 20-тата недела по Педесетница (26 октомври 2014 г. по Хр.), кога Црквата го слави споменот на светата новомаченичка Злата Мегленска и Светите Отци од Седмиот вселенски собор, во хрватскиот престолен град беше отслужена Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, како и повеќе свештенослужители. Кон литургиското собрание притекнаа и бројни верни чеда на Европската епархија на МПЦ-ОА од различни делови на Хрватска, но и од Австрија, и други европски земји.



По Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со браќата – архиереи освети и постави камен – темелник за изградба на нов православен храм во Загреб посветен на светата новомаченичка Злата Мегленска, и произнесе пригодно архипастирско слово.

На свештениот и свечен чин на осветувањето присуствуваше и Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Попоски, кој одржа пригоден говор, а од хрватска страна на собраните им се обрати Претседателот на хрватскиот Парламент, г. Јосип Леко.

 

 

Фотографии: Заедница на Македонците во Република Хрватска, Црква „Свети Наум Охридски“ – Виена, Австрија

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная