Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот
Зборовите "вера" и "исцелувње" на грчки јазик имаат еден и ист корен. Да се верува значи да се најде цел и смисла во животот, да се одреди своето место во светот, да се види патот, кој се наоѓа надвор земното постоење. Постојат два погледа на светот: едниот од нив го смета светот за огромен бездушен механизам, кој некој непознат го ставил во функција. Во една од точките на тој огромен конгломерат на космички тела, случајно настанал феноменот наречен живот. Комбинација на атоми и молекули, кои добиле способност да ги предадат своите структурни планови на други системи, не довеле нас до тоа изненадување. Нема бесмртност.
Живот, сличен на искра, која згаснала во темнината на космичката ноќ, гасне и исчезнува; човек се раѓа буквално заради тоа, да би, откако ќе ја осознае својата предодреденост, немоќ и бесмисленоста на животот, влезе во земјата на смртта, од која нема враќање, каде свеста и чувство засекогаш исчезнуваат во темнината на гробот, во бездната на небитието. Овој поглед на светот е длабоко песимистичен.
(Продолжува)
С.А.
Друго:
Духовна порта- Архимандрит Рафаил (Карелин) – Ќорсокаци на атеизмот (09.10.2014)