На 07. 09. 2014, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ изврши групно крштевање на 27 возрасни верници во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво. Досега, во оваа година Митрополитот Јосиф изврши групна крштевка и на 7 деца во манастирската црква на св. Атанаси, во с. Лешок.
За Преминпортал: Синиша Георгиев, Тетовско- гостиварска епархија