Сите ние денес кои што сме собрани во неговиот свет манастир да му се обратиме со искрена и топла молитва кон св. Наум Охридски за молитвено застапство пред Бога за нас.
Свети Наум Охридски чудотворец и оваа година го наполни манастирскиот двор и црква . Река од верници де дојдоа на Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско- кичевски г.Тимотеј заедно со свештеници од оваа епархија.
Во поздравното слово Митрополитот ги потсети верниците и им укажа на престојниве празници.
Сите ние во нашите домови се подготвуваме да го дочекаме Божик. Нашите мајки , сопруги и сите вие куќите се подготвувате да го дочекаат најсаканиот гостин, Господа Исуса Христа. Сето тоа е добро и корисно, но не и доволоно.Да си поставиме едно прашање, со што можеме ние да го угостиме овој драг Гостин? Рече во својата беседа надлежниот архиереј.
Некогаш во Витлеемската пештера, блажениот Ероним го упатил ова молитвено прашање: Господи Исусе Христе, Спасиеле мој, поради мене си легнал во груби Витлеемски јасли, поради мене си го изнел тешкиот крст на Голгота, си страдал и си бил распнат, поради мене си легнал во празен гроб- со што да ти се оддолжам за овие направени добродетели?
Во оваа дваестиосма недела по Педесетница, на само два дена пред празненството на Рождеството Христово, го прославуваме споменот на свети Наум Охридски Чудотворец.
Тој, со неговиот чист непорочен и свет живот постанал хрм и пребивалиште на Светиот Дух. Затоа и Бог го обдарил да може да претстои пред лицето на Бога ,и да ги принесува молитвите за сите, кои со покајание пост и молитва му се обраќаат за помош.
За Преминпортал: Јулијана Тануровска