логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  sv.KiriliMetodij3.jpg

 Во Охрид се одбележува јубилејот 1150 години од Моравската мисија


Да не беа Кирил и Методиј, денеска ќе говоревме туѓ јазик!


На овој начин впечатливо ќе се афирмираат вековните проникнувања на нераскинливите врски меѓу македонската и руската словенска духовна и културна традиција во општиот сесловенски цивилизациски влог, која може да послужи како своевидна илустрација во новите глобални тенденции за културно прелевање меѓу народите во Европа, изјави Илија Велев, претседател на организациониот одбор


Угледни универзитетски професори и научни истражувачи од Македонија и од Руската Федерација учествуваат на дводневниот Меѓународен научен собир на тема "Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски", кој почна вчера во Охрид. Со научниот собир Универзитетот Св. Кирил и Методиј" заедно со Православниот богословски факултет Св. Климент Охридски" ќе го одбележат големиот јубилеј - 1150 години од Моравската мисија и од словенската писменост. Оттаму и темите на рефератите на учесниците се посветени на кирилометодиевската проблематика во контекст на македонско-руските духовни и културни врски од периодот на средновековието, преродбата и современите состојби, како и на општите духовни, културни, книжевни или писмени процеси што ја третираат македонската или руската традиција.
- Нашата современа генерација ја има судбинската чест овој значаен јубилеј 1150 години од Моравската мисија и од словенската писменост да го чествува посредно со одбележувањето и на 1700 години од Миланскиот едикт (313 година), со чијашто одлука се официјализирало христијанството како рамноправна и слободна по избор религија, култура и цивилизација. Не било случајно што во периодичен расчекор од конкретни 550 години, од 313 до 863 година, овие два историски впечатливи настани предизвикале одлучно влијание во идните цивилизациски односи на глобалниот свет. Одлучивме оваа двојна јубилејна година да ја одбележиме со ваков научен настан заедно со Руската духовна академија на науките и со нејзините научни институции. На овој начин впечатливо ќе се афирмираат вековните проникнувања на нераскинливите врски меѓу македонската и руската словенска духовна и културна традиција во општиот сесловенски цивилизациски влог, која може да послужи како своевидна илустрација во новите глобални тенденции за културно прелевање меѓу народите во Европа, изјави Илија Велев, претседател на организациониот одбор. Тој додава дека изборот на Охрид за одржување на свечениот научен настан не е случаен, бидејќи од историскиот извор на Охридската духовна и книжевна школа протекле и македонско-руските духовни и културни врски.

Во своето обраќање, ректорот Велимир Стојковски се наврати на македонските корени кои се малку подлабоки, но од кои историски нераскинлив дел се и светите Кирил и Методиј. Сметам дека и Универзитетот и државата и сите институции го даваат се она што е потребно и што од нас се очекува за да го запазиме и зачуваме нивното име и нашата традицијаа. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, пак меѓу другото истакна дека некои дела низ историјата како Мисијата на Кирил и Методиј со својата содржина и карактер се создадени за да придонесат, да внесат ново, да изменат, да воспитаат и воспитуваат, да поучуваат.
- Без светите Кирил и Методиј денеска можеби ќе говоревме на друг јазик и ќе пишувавме со друга азбука, кои немаше да бидат исконски наши, туку позајмени од некоја друга земја, која ни е туѓа, како по религија така и по обичаи, истакна вчера пред присутните министерот за образование Спиро Ристовски. Тој потсети на делата и на светите Климент и Наум, следбениците, учениците, продолжувачите на светата мисија на Кирил и Методиј, како и за познатата Охридска книжевна школа и првиот европски универзитет, местото каде прво преку глаголицата, а после и преку кирилицата масовно се вршело описменување на словенскиот народ.





Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная