логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 


Груевски: Во Крушево се роди големата идеја со која македонскиот народ остварува победи

Крушево, 2 август 2013 (МИА) - Крушево падна, но не беше поразено. Тој ден се роди големата идеја која продолжи да живее во секој од нас, со чие што сеќавање македонскиот народ оствари големи победи. Идејата за која се залагаа, бореа илинденците и борците од НОБ, е жива и живее во нас, и таа секогаш ќе живее. Таа идеја ние треба секогаш да ја мултиплицираме во нови победи, континуирано и без престан, истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање на Мечкин Камен во Крушево, по повод Денот на државноста.

„Браќа, часот е велик ... Примерот за саможртвување е пред нас. Да докажеме дека сме корави Македонци, упорни борци и доблесни синови на родината. Од височините на Бела Вода, Македонија ќе го гледа нашиот подвиг“, го цитираше премиерот војводата Ѓорги Стојанов кој со овие зборови пред точно 110 години од врвовите на Слива ги бодреше своите 300 соборци да се спротивстават на илјадниците противнички војници. Иако знаел дека одат во сигурна смрт, војводата верувал, како што рече Груевски, дека токму тој пркос и борбата базирана на вредностите ќе помогне генерации и генерации Македонци да го следат примерот на непокорот, самопрегорот, и саможртвата користејќи ги како врвна инспирација во следните битки и победите за Македонија.

- И знаеше војводата дека само со пример кој ги надминува границите на просторот и времето, ние денеска, наследниците од македонскиот род, по 110 години ќе го споменуваме како пример за почит и ќе му благодариме, рече премиерот.

Цела Македонија го гледа подвигот кој го направија овие смели луѓе пред 110 години. -Мажите и жените, децата и старците, земјоделците, занаетчиите, сточарите, трговците жестоко и до последен здив ја бранеа Македонија, завршувајќи ја својата епопеја токму овде на Мечкин Камен со македонската стрелба, рече премиерот, а 110 години потоа им оддаваме почит, ги славиме и им благодариме на нивното дело и чест.

- Делчев велеше: „Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и име“. Имињата се забележани, а честа е огромна, вие не паднавте залудно, вие паднавте и од споменот на вас и вашата идеја Македонија смогнува сили и се издига на мапата на државите, истакна премиерот.

Тој ден, потсети Груевски, Крушево падна, но не беше поразено. - Не, тој ден се роди идејата, големата идеја која продолжи да живее во секој од нас, идејата со чие што сеќавање македонскиот народ оствари големи победи. Таа идеја живееше и не можеше да биде угаснета ниту во Балканските војни и Првата Светска Војна, кога и покрај неправдите, поделбите, убиствата, преселбите продолжи да се засилува на крилјата на ВМРО и под закрила на Македонската Православна Црква. Токму таа идеја придонесе на 11 октомври 1941 година Македонија да се крене против окупаторскиот јарем на Хитлер, и жестоко над стоилјадна македонска војска да продолжи да се бори со своите сојузници против фашизмот, за на крај да победи. Светлиот Илинденски непокор продолжи да живее, за на 2 август 1944 година македонскиот народ да го одржи АСНОМ и да ја печатира заслужената победа гарантирана со Атлантската повелба која гарантира самоопределување, самоименување и самоорганизирање во држава, рече Груевски.

Потсети дека Кузман Јосифовски- Питу, идеологот на НОБ и АФВ, на 2 август 1943 година и на само една година пред АСНОМ, во рефератот поднесен на Преспанското советување по повод 40 годишнината од Илинденското востание испраќа порака до сите слоеви од македонскиот народ и народностите кои живеат во Македонија за приклучување во НОБ за остварување на нивниот вековен идеал - слободна Македонија. Меѓу другото, посочи тој, Кузман вели: „На 2 август 1943 година се навршуват 40 години како избувна славното Илинденско востание, откако заврши херојската Илинденска епопеја на македонскиот народ... Денеска, кога македонскиот народ се најдува пред решителна борба за извојување на својата национална слобода, споменот на Илинден треба појке от секојпат да светли пред очите на целио македонски народ, пред лицето на сите чесни и слободољубиви Македонци, сите кој ја сакаат својата земја... Користејќи го илинденското искуство и знаејќи ги поуките, који оно ни ги дава, да створат све от себе  за остваруење на еден нов победоносен Илинден“. Една година по ова, продолжи Груевски, во манастирот Прохор Пчињски, на заседанието на АСНОМ, Панко Брашнаров и самиот учесник и во Илинденското востание и во НОБ го отвори заседанието, и тоа со насолзени очи сеќавајќи се на Илинден во својата беседа, но тие солзи беа од радост затоа што остваривме државност-Победи илинденската идеја.

- Споменот на првиот и на вториот Илинден помогнаа и на 8 септември 1991 година македонскиот народ и националностите да се определат за независност, сувереност и самостојност на Република Македонија, истакна премиерот.

Денешниот ден и големиот празник Илинден, за кој со години наназад се собира и прославува македонскиот народ, се поврзани, вели тој, со исклучокот од правилото дека секој човек настојува да преживее колку што може повеќе на овој свет. Исклучокот го наоѓаме токму во Илинденската и Асномската генерација на наши предци, кои своеволно и трезвено, со чист разум и при здрава свест, го замениле својот живот, за прерана смрт во името на идеалот за кој се бореле - татковината.

- Огромен број наши предци се жртвувале за ние денес да бидеме слободни и неограничени,.... да можеме да имаме свои права, култура, јазик, име, право на верска определба, на припадност, на идентитет, слободно да живееме и да умираме, рече Груевски прашувајќи дали вреди да се даде животот за вакви идеали. Можеби, истакна тој, вистинското прашање е што можеме ние за нив да направиме за нивното дело да биде вреднувано или, како што рече, поточно што можеме ние да направиме за Македонија, за нашата земја, за нашата татковина, за која тие храбро загинаа.

Република Македонија е самостојна, независна и суверена држава и секому, потенцираше претседателот на Владата, треба да му биде јасно дека ние денеска имаме основно право, но и основни обврска и должност да работиме на нејзин развој во секоја сфера.

- Од нас зависи дали ќе бидеме успешни, дали ќе направиме исчекори, дали ќе достигнеме повеќе стандарди, дали ќе го направиме животот подобар. Не од Белград, Софија, Тирана или Атина. Од нас, од Македонците, и од Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците кои живееме овде во Македонија, тука работиме, создаваме, живееме. За некои прашања потребна е и не е лошо да имаме координација со нашите соседи и ние тоа го правиме, со оние кои се порасположени поинтензивно, со некои заради некои околности со помал интензитет, но и таму се трудиме да ја подобриме работата и не не обесхрабрува немањето активизам туку напротив дополнително не мотивира, рече Груевски.

Потсетувајќи на слоганот на денешната прослава „Една идеја, многу победи!“ и дека идејата за која се залагаа и бореа илинденците и борците од НОБ, е жива и живее во нас, и ја отелотворуваме во сите сфери без исклучок.

Македонија, рече тој, нема некои природни ресурси кои би и гарантирале без вложување труд  големи приходи по основ на нив, нема нафта или природен гас или пак илјадници километри песочни плажи со огромни приходи од туризам, огромен пазар или неисцрпни рудни богатства, и слично.

- Знаејќи го ова ние треба да се фокусираме кон многу работа, и кон обезбедување услови за стекнување знаења, вештини и компетенции за поединецот во секоја сфера. На тој начин ние ќе продуцираме кадар, кој знае да работи, кој е духовно и стручно богат, кој создава вредности, ги избира и работи на приоритетите. Кој знае дека само работата и залагањето ќе донесе успех и ќе го направи него конкурентен, а ако тој е конкурентен ќе биде и успешен, а неговиот успех ќе значи и успех за државата. Нам ни треба кадар кој освен стручност ќе има изразена етика, совест, и самосвест, слободоумност и слободна мисла. Ние треба да реализираме повеќе помали победи кои ќе ја направат големата слика за победата која ќе е реалност, истакна Груевски.

Рамно на победа, додаде тој, е да инвестираш во образованието на младите и тоа процент од БДП на кој завидуваат и многу поуспешни држави од нас, да обезбедиш најсовремени лабаратории за универзитетите и бизнисот, да се намалат партиципациите за факултет и со тоа да се олесни пристапот за секого, да има бесплатни учебници за сите ученици, многу нови или пак модернизирани спортски сали и училишта, дисперзирани студии блиску до сите, како што е и победа проектот кој го работиме со Кембриџ со кој од следните години македонските ученици ќе учат од најдобрите учебници и по наставни програми од Англија, или пак како ниту една друга земја во светот, освен Јапонија, што овозможуваме целосна стипендија за секој наш човек кој ќе успее да се запише на 100-те односно 200-те во техничките науки највисоко рангирани универзитети во Светот, нешто што до пред две години беше само сон, а сега е реална и изводлива опција.

Победа, вели тој, е да ја намалиш цената на лековите, да инвестираш во најмодерна опрема за клиниките и болниците, и да ги градиш и реновираш, да обезбедуваш бесплатна обука и студиски престој за нашите лекари во странство за да стекнат нови знаења и да помогнат на нашите пациенти, да спасуваат и продолжуваат животи, да носиш реномирани странски лекари за да изведуваат интервенции дома додека нашите лекари не го надополнат тој простор каде што како и секоја земја имаме дефицит, да овозможиш бесплатно ин витро за прво и за второ дете, да се осврнуваш на правење систем за подобра комуникација на лекарите и пациентите, за подобар однос, во сечиј интерес. Секој нов човечки живот, секоја излечена болест, секој добар збор и однос е победа.

- Победа е и приклучувањето на Македонија во Јужен тек, и тоа во ситуација кога на почетокот Македонија не беше ни споменувана во овој проект, но со големи залагања обезбедивме влез во него. Сега се создадени и обезбедени условите кои овозможуваат да се започне со оперативни активности и на внатрешната гасоводна мрежа, помеѓу градовите, во секој град посебно и до секое домаќинство, погон, институција, фарма или фабрика во населените места, рече Груевски.  

И новиот аеродром во Скопје, модернизираниот во Охрид, новите автобуси за градски превоз, становите за социјално ранливи семејства, посебните програми за нивно вработување како што е оној за вработување на 1.600 лица во државните институции, процес кој е во самиот финиш и од есенва ќе се почне и со првите вработувања по однос на оваа програма се победи, како и новиот проект за организирано помагање на поимотните кон посиромашните кои деновиве го промовираше Владата е една за некого мала, но за некого голема победа.

Победа, додаде тој, се и ново изградените, реконструирани или модернизирани локални, регионални патишта, автопатите кои се изградени или кои ги градиме како оној од 28 километри кај Демир Капија и заложбите што ги правиме за нови автопатски решенија за кои сме во интензивен процес на заокружување на финансиската и правната конструкција.

- Исто како што е и легализацијата на дивоградбите, и откупот на дворовите за семејствата, покачувањето на гаранцијата за штедни влогови до 30.000 евра, овозможувањето на услови за легализација на фармите, земјоделската механизација, купувањето на солидни автомобили и автобуси по намалени цени и слично... За земјоделецот е победа тоа што секоја година добива високи земјоделски субвенции, што се распределува земја по објективни и правични услови, што државата финансира 50% од трошоците за развој на неговата дејност, што ќе може земјата која со години ја работи и од неа живее да си ја купи под поволни услови и на многу рати и да си биде негова, да не се плаши дека може да ја загуби, вели премиерот Груевски.

Груевски: Македонија ќе ја направи лустрацијата и ќе излезе уште посилна и поединствена

Премиерот Груевски во обраќањето се  осврна на прашањето за лустрацијата, прашање кое, подвлече, е на линија на слободата, правдата, правдината кои беа светли водилки на востанијата и борбите за државност.

Лустрацијата, истакна, е процес кој е значаен за општеството и ја ужива поддршката од јавноста, и покрај сите обиди на некои структури да се спротивстават или да го оспорат.

Груевски потенцира дека комплетно е неточна и невистинита тезата дека наводно со лустрацијата се нарушувале принципите на асномска Македонија, што во последно време некои критичари кои се засегнати од овој закон и од процесот, затоа што на тој начин се нарушува нивниот абнормален комодитет и стекнати позиции, но најмногу поради знаењето на фактот дека со овој процес на лустрација кој ние како Влада го поддржуваме, посочи, се рушат политичките позиции на партиите кои овие дежурни критичари ги поддржуваат.

Како може да се нарушат принципите на асномска Македонија, дециден е премиерот Груевски, кога луѓето кои ја создадоа асномска Македонија и кои денес ги славиме, како Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Владимир Полежина, Бане Андреев, Петре Пирузе Мајски и илјадници други беа малтретирани, затварани и шиканирани и испратени на Голи Оток и по затворите, токму од тој ист режим кого преку лустрацијата сакаме да го демаскираме?.

- Како може лустрацијата да е против асномска Македонија кога сака да ги расветли темните вилаети од нашата историја во кои без суд, а само со кодошлак беа уништувани судбини, не беа објавувани книги, беа следени луѓе, беа бркани луѓе од работа? Како може лустрацијата да биде против асномска Македонија кога гледаме сите од досиејата дека кодошите и службите го претставувале како грев залагањето за македонски национални права, за македонска култура, за македонскиот јазик, за македонското национално прашање, а тоа се токму придобивките и постулатите кои ние денес на овој ден ги славиме и им се поклонуваме?  Како може лустрацијата да е против асномска Македонија кога кодошите ги кодошеле сите македонски национални дејци, автори, писатели, актери, режисери, општественици кои се залагале токму за принципите на асномска Македонија, наместо принципите за кои се залагале кодошите на кои подраго им било југословенството пред македонизмот, и кои сметале дека Трст е најбитен?, истакна Груевски.

Претседателот на Владата упати порака дека лустрацијата не е против асномска Македонија, туку дека е најголем сојузник на асномска Македонија.

- Јас сум сигурен дека да би можеле денес неа би ја поздравиле сите оние кои учествуваа на АСНОМ во 1944, како врвен израз на силата на општеството и базирана на правда и на вредностите, рече тој.

Евоцирајќи спомени од тоа жестоко време поминато на Голи Оток, Петре Пирузе Мајски, потсети Груевски, носејќи ја во градите таа незалечена рана, болно ќе се исповеда: Никогаш не сум можел да верувам дека оној за кој си готов да го дадеш својот живот, така сурово и без вина ќе те измачува и ќе стане твој џелат...А ете и повеќе од три децении да бидеш суштество без своја личност и тоа во земјата што со крвта си ја градел, ќе каже Мајски. Оваа реченица, според премиерот, ја искажува сета болка и јад што тогашниот режим му ја направил на еден од творците на асномска Македонија. Затоа, истакна, ние имаме обврска да ги осветлиме тие моменти и простор во кои тогашниот систем за кој се бореле творците на асномска Македонија се повампирил и од систем станал жесток режим кој ги јадел и своите деца. Токму тој режим, оцени, ги дезавуирал вистинските вредности на асномска Македонија и ние демаскирајќи го тој режим не ја напаѓаме, туку ја заштитуваме асномска Македонија и тие вредности.

Првиот претседател на АСНОМ Ченто, пак, подвлече Груевски, во една пригода ќе каже: Јас не жалам оти ќе умрам. Само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на македонскиот народ треба да ги одбележи, не затоа што јас сум учествувал во тие настани, туку затоа што идните поколенија треба да знаат како се одвивала борбата за нашата слобода и да знае кој и зошто гинел и кој што направил за неговата слобода.

- Ако тој крвнички режим го понижил, разболел и не му дозволил да остави свој пишан траг за нашата борба на првиот претседател на Републиката и творецот на асномска Македонија, денес ние не смееме да дозволиме некои структури да не дозволат демонтирање на тој режим и неговите последици и повторно некој да ги спречи идните поколенија да ја знаат вистината, како што не советувал и самиот Ченто пред 50 години, потенцира Груевски.

Со лустрацијата, истакна премиерот, се докажува дека ние имаме сила и развиено општество, и не се срамиме да ги истражиме тие темни авлии на режимот во минатото. Според него, тој процес е болен, но мора и ќе биде направен.

- Така ќе покажеме и докажеме дека ние имаме сила и имаме изградено институции во секоја сфера на општеството кои не зависат од никого, туку истрајуваат, а уште побитно ќе докажеме дека имаме силен темел кој не може да биде разрушен, рече претседателот на Владата.

Тој додаде дека ако може сите источно европски држави да ја направат, зошто не би можела и Македонија. - Ние не сме ништо понеконкурентни од овие држави кои ја направија, и затоа и Македонија ќе ја направи до крај лустрацијата и од тој процес ќе излезе уште посилна и поединствена, ослободена од тежина, истакна Груевски.

Груевски: Битка е да се создаваат млади образовани лица, научници, лекари, уметници, спортисти...кои ќе донесат нови победи за Македонија

Наша обврска е да продолжиме да создаваме дела и вредности кои ќе значат достојно оддолжување на великаните кои и денес ги славиме, потенцира во обраќањето на Мечкин Камен премиерот Никола Груевски во контекст на празнување и одбележување, и на зависење на одлуките исклучиво од граѓаните на Република Македонија.

Одбележувањето на значајните личности и настани со споменици и споменични одбележја, истакна, е една од многуте работи кои треба да, и кои ги правиме за да остане запаметен ликот и делото на хероите кои, потсети, не се штеделе за да достигнат до идеалите во кои верувале и кои се залагале, а во кои секогаш на прво место била Македонија.

- Тој проект за кој трпевме доста напади од структури во општеството кои заради гола политичка промоција си дозволија да сквернават таму каде што не треба, покажа дека бил исправен. Јас често пати кажувам дека еден ден кога со поминувањето на одредено време ќе дојде до спуштање на политичката прашина која се јави околу овој проект тој ќе биде вистински оценет и вреднуван, и тоа се случува, рече Груевски.

Според него, расте довербата и поддршката на проектот, и уште повеќе ќе расте, бидејќи, како што рече, не гледа причина некој да осудува или да го зема за неправо градењето на споменици на Гоце Делчев, кој е идеолог на македонската револуционерна борба, на Питу Гули, кој токму овде го даде животот за Македонија, на Карев, кој беше голем визионер и прв претседател, на Ченто, кој ја водеше национал ослободителната војна против хитлеровите орди, на АСНОМ, на ВМРО, на Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Васил Чакаларов, на Кузман Јосифивски Питу и на останатите наши херои кои секој во својот историски момент се вложил во каузата и останал запаметен во нашиот ген.

- Па ако ние како нивни наследници не ги одбележиме кој ќе ги одбележи? Или ако ние како нивни наследници не им изградиме споменици што ќе си мислат останатите за нас како земја без споменик, без корен? Јас сум убеден дека еден ден од една историска дистанца непристрасно тогашните генерации ќе дадат позитивен вредносен суд за овој проект, истакна претседателот на Владата, Никола Груевски.

Тој се наврати на една мисла на Павел Шатев кој истакнал во една прилика: „Ние ќе дејствуваме и ќе се мачиме да го реализираме замисленото и од резултатот на нашата акција ќе зависи се. Ако останатите Македонци по нас видат дека акцијата е добра, има успех, даде резултат, по своја иницијатива ќе следат и ќе отпочнат други подобни акции. Ако, пак, најдат дека нашата работа е безвредна и никој не не наследи, нека идниот непристрасен историчар со црни букви ги одбележи нашите имиња или нашата акција, а нивните нека им ги напишат со златни букви.

- Се согласувам, ако во иднина некој од нашите наследници направи подобра работа, нека направи и јас ќе бидам среќен. Ако идните генерации Македонци кажат дека не сме биле во право што сме го величеле и направиле споменик на Делчев, Ченто, Карев, Питу, Груев, Кузман тогаш прифаќаме да бидеме запишани со црни букви, но не  верувам дека ние ќе сме на црните страници, посочи премиерот.

Преку овој процес, нагласи Груевски, дадовме можност за промоција на многу македонски автори, скулптори, архитекти, инжињери, вајари, уметници, кои ќе продолжат и понатаму да бидат окосница на нашата култура и културно наследство, да го продолжат духот на културно битисување, да го засилат македонскиот супстрат на светското културно уметничко поле, но и да бидат тула во нашата државност. Според него, нема зијан за една земја да продуцира нов кадар кој со своите компетенции и искуство ќе претставува значаен елемент за Македонија.

- И нема ништо лошо, напротив победнички е преку овој процес на градење да дадеш стимул на македонските градежни компании, за да имаат работа во услови на светски негативни економски текови, и да не ги отпуштаат работниците. И победа е да имаш национална Арена и Национален  спортски Центар каде што со гордост спортистите ќе може да ги бранат боите со државниот грб, рече премиерот и додаде оти ќе продолжат со тие чекори.

Оваа година во овој период, информира, го донесуваме законот со кој ќе даваме и специјални субвенции за создавање околу 200  музички продукти годишно, меѓу кои и оние со кој ќе се афирмира историјата на Македонија и Република Македонија, или пак ќе промовира ги семејните вредности и многудетните, тема чија сериозност и закана се посериозно ќе не атакува. И како што веќе даваме финансии за творечки субвенции и субвенции за објавување на македонски научно образовани трудови во странски списанија.

Силно сме фокусирани, акцентира Груевски, и на развој на претриемништвото и на иновативниот дух, што специјално ќе го операционализираме преку новиот Фонд за иновации и технолошки развој кој покрај стручна ќе дава и финансиска поддршка на оние луѓе кои ќе креираат иновации и ќе им обезбеди т.н. акцелератори или консултанти кои ќе им помогнат иновацијата да ја претворат во успешен профитабилен бизнис кој ќе отвори нови работни места.

- Тоа е битката, да се создаваат научници, претприемачи, иноватори, музичари, врвни лекари, спортисти, уметници, писатели, млад образован кадар, режисери,.. Тие ќе донесат нови победи за Македонија и ќе ја продолжат идејата и на првиот и на вториот Илинден, истакна премиерот Груевски.

Груевски повика на промена на форматот на разговорите за решение за името

Визната либерализација, двете јасни потврди од НАТО дека сме ги исполниле сите критериуми за влез во Алијансата и четирите позитивни извештаи на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија и четирите препораки за датумот за почеток на преговори за влез на Македонија во ЕУ.......и тоа се победи.

Ова го нагласи премиерот Никола Груевски денеска на Мечкин Камен во обраќањето пред присутните по повод одбележувањето 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ.

Сепак, истакна, пред нас е една голема пречка,  а тоа е спорот кој пред 23 години го отвори нашиот јужен сосед Грција, која не блокира на патот кон ЕУ и НАТО. Засега, потсети Груевски, ниту ние во овие безмалку 7 години, ниту другите во претходните 16 години не успееја да најдат решение кое ќе го прифати Грција.

- Сме говореле досега многу за тоа колку е се тоа неправедно, и колку е се нелогично и апсурдно. Но, мора да се спомене денес дека разговорите со Грција се во една доста сложена фаза, односно во еден ќор сокак, во кој единствена детерминанта и цел е купувањето време. Одбивањето разговори и средби, неможноста на медијаторот да закаже елементарен состанок кај една од страните е само показател за состојбата во која се наоѓаме, посочи претседателот на Владата. Во тој контекст прашува како да решиме спор ако не разговараме, ако постојано како одговор добиваме клише реакции и веќе видени тези, како да решиме спор ако никој, буквално никој освен нас не е директно мотивиран или храбар да придонесе овој спор да се реши. Како да го решиме спорот, подвлекува премиерот, кога на конкретни иницијативи се одговара тотално незаинтересирано.

- Ајде да седнеме и да разговараме. Еве уште еднаш ја користам приликата  на овој наш голем празник, историски ден, за да повикам на промена на форматот на разговорите за изнаоѓање решение, односно носители на одговорните тимови на двете земји да бидат премиерите, и да се обидеме заедно да дојдеме до некое за двете страни прифатливо решение, крајниот збор секако и секогаш ќе го имаат граѓаните на организиран референдум и тоа е обврска од која ниту еден политичар, партија или поединец не смее да бега, повика македонскиот премиер Груевски.

Инаку, рече тој, провокации имало и ќе има, и од внатре и од надвор, но ние, дециден е, ги гледаме и од нив не се плашиме, зашто исклучиво интересот на државата е пред нас.

 Повеќе

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная