логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  Zoran.Vecerna1.jpg

  Скопје, 01 .08. 2013 год.- храмот на св. пророк Илија во населбата Аеродром

    Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

 По повод престојниот голем христијански празник- Илинден, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, протоереј Зоран Сатаменковиќ  отслужи празнична вечерна богослужба. По произнесеното празнично слово, заедно со братството на  храмот, се освети петолебие.

     Zoran.Vecerna1.jpg

               Протојереј Зоран Стаменковиќ:  Беседа за  свети  пророк Илија


Еден од најголемите избраници божји во стариот завет, светител преку кој Бог зборувал на луѓето, огнен пророк со пламена вера, чудотворец, божји собеседник на гората Хорив, неустрашлив борец против лажната вера - е свети
Илија. Свети Илија се слави поради неговата голема вера. Верата била основа и оправдание на неговиот живот. Верата му дала голема сила да стане против расипаниот цар Ахав и неговата жена Езавела и јавно ги разобличувал поради нивното служење на лажните богови. Верата му дала сила да трпи глад и жед во пустината и да прима храна, која му ја донесувал гавранот во клун. Ништо не можело да го скрши пророкот и да го сопре во борбата за божјата вистина.

Не се плашел од никого и како камшик Божји ја шибал расипаноста и идолопоклонството на луѓето од тоа време, бидејќи, оној кој верува не може да биде рамнодушен кон неверните.    И на оној   на кого името Божјо е најсветол збор не може да трпи хулење на тоа име, и оној кој верува во правда Божја не може да поднесе неправда човечка. И кој ја сака божјата вистина, не може да го слуша лажењето на безбожникот. Во светото писмо е опишана борбата на свети пророк Илија против идолопоклониците. Секој мора да се восхитува на овој духовен херој на кого неговата огнена вера му дала чудесна сила сам да се бори против силните од овој свет. Неговите зборови ја печеле како усвитено железо немирната совест на грешниците. Тој од никого не се плашел бидејќи Бог бил со него, го пазел и му давал сила да издржи и победи. Уште се слави свети Илиjа чудотворец. Да би ја вратил верата на народот се вели во Светото Писмо, тој го затвори небото и не падна дожд три години и шест месеци. Потоа пушти оган од небото да запали жртва на Бога, кога бидна глад тој намножи масло и брашно на една сиромашна жена во Сарепта сидонска и нејзиниот умрен син го поврати во живот, - и многу други чуда направи и многу случки прорече.
Се е можно за оној кој верува, рекол Господ Исус Христос. Бог правел големи чудеса преку своите избраници. Има многу луѓе кои не веруваат во чуда. Тие се недуховни луѓе, луѓе без вера и поради тоа духовно слепи. Само силната вера им ги отвара на луѓето духовните очи да можат да видат и ја познаат божјата милост и семожност.
Свети Илија почувствувавал најголема радост и милина, која може да се даде на смртен човек, бидејќи на гората Хорив зборувал со Бога и го слушнал неговиот глас во тивок и светол поветерец. Кога дојде часот на разделба на пророкот со земниот свет, тој беше вознесен на небо со огнена кола со огнени кочии пред очите на својот наследник во пророчката служба-пророк Елисеј.

Во Новиот Завет свети пророк Илија се јавува во убав и светол миг на преображението Христово на гората Тавор, кога тој и Мојсеј стоеле пред Христа и зборувале со него за неговото блиско страдање, и пред крајот на светот како што предскажува свети Јован Богослов во своето откровение, ќе се јави пак на земјата пророк Илија да се бори против силата на антихрист.    
Со својата жртва и дела свети Илија ни потврдува три големи вистини.
Прва вистина: дека верата во Бога е единствено и најголемо оправдување на човековиот живот. Верата ни ја открива вистинската смисла на животот, таа не приближува до Бога и ни дава сила да победиме, да го победиме гревот. Верата ги одржува луѓето и народот. Таа често пати е единствена надеж на нас смртните луѓе. Таа е наша помош, и заштита и тогаш кога на нас луѓето не можат да ни помогнат.    
Втора вистина:  браќа и сестри е дека најсилните луѓе се оние кои имаат цврста вера. Никој така свирепо не страдал како хриотијанските маченици, но никој не покажал таква надчовечка сила и издржливост како тие. Да бидеме значи цврсти во верата, и да не се предаваме, да би сме биле силни и постојани во доброто, и во радоста и жалоста и во сите мигови од својот живот. Сега, денес особено, настана време на тешки искушенија.  Сега, денес особено, треба да ја покажеме и докажеме својата вера. Да се пазиме да бидеме внимателни и да се молиме на Г. И. Христа непрестано да ни даде сила да не застраниме, и искушенијата и соблазната да не не поколеба.  
И трета вистина за која ни сведочи животот и делата на свети пророк  Илија, е оваа: Бог е наш најголем заштитник. Тој е наша надеж. На Него треба да се исповедаме бидејќи е човекољубив татко, од Него да бараме сила бидејќи е семожен, Него да го молиме бидејќи е милостив. Кој во Бога се надева, тој нема да го остави. Да се надеваме драги браќа и сестри и ние на Него, бидејќи тој за нас е единотвен вистински и сигурен заштитник, помошник и
застапник.      
А м и н !

1-ви август 2013. год.                

 Zoran.Vecerna1.jpg

 Посетувајќи ја земната Црква, да го изградиме во своите срца духовниот храм,како образ на Небесното Царство.

 Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

    Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

  Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

 Zoran.Vecerna1.jpg

 Преминпортал (к.т.)

1-ви август, лето Господово 2013

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

05/07/2024 - понеделник

Св. маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив; Св. свештеномаченик Аполинариј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная