с.Кучевиште, 12.07.2013 год.- храм Свети Спас
Во храмот Свети Спас во с. Кучевиште , на 12 јули 2013 година, на празникот на светиот апостол Петар и светиот апостол Павле (Петровден) се отлужи Божествена Литургија. Певницата ја водеше сестра Евпраксија, игуменијата на манастирот св. Никола (с. Љубанци). На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни. По повод празникот отец Звонко го произнесе празничното слово.
Преминпортал (к.т.)
12-ти јули, лето Господово 2013