логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


   

 

Библиско здружени на Р. Македонија во своите програмски активности го вклучи и проектот трансформирање на Новиот Завет од ворд во  Брајово писмо. Преводот е направен во Англија, а корекции на спецификите на македонскиот јазичен изговор ги направи Коце Димов. Доцент м-р Петко Златески во промотивната најава се заблагодари на сите кои  вложиа труд и финансиски средста во овој значаен проект. Покрај Евангелието според Матеј и  Лука, во подготовка се и остнатите две(на Марко и Јован), кои до крајот на годината би требало да излезат од печат. Проф. д-р Ратомир Грозданоски во воведот на промотивната беседа рече :  „  Денес сме овде за промоција на две необични книги, а и нивната необичност е двојна. Прво, затоа што се напишани со Браилово писмо, кое е едно и единствено за сите јазици и за сите народи. И второ, затоа што се Евангелие, кое исто така е едно и единствено за сите луѓе во светот. Нема друго и поинакво евангелие. Нема Евангелие за нас – Евангелие за нив, туку е едно, како што е еден Бог и еден е човекот.
    Што е Евангелието? Тоа е Божји збор искажан на човечки јазик. А секој збор е вест, известување, кажување некому нешто ново. Оттаму и Евангелие, во превод од грчки јазик, значи Благовестие. Тоа е блага вест, добра вест, радосна вест. На сите јазици во светот, Евангелие значи радосна вест. На старите богослужбени книги кај нас, кои се напишани на црковно-словенски јазик не пишува Евангелие, туку Благовестие.“

 

Во текот на промоцијата беа исполнети неколку духовни композиции во изведба на псалтите од хорот Воскресение, и хорот при Богословскиот факултет, додека Коце Димов , прочита извадок од Евангелието според Матеј.

   

Brailovo.Evangele.jpg

 Brailovo.Evangele.jpg

 Brailovo.Evangele.jpg

   Проф. д-р Ратомир Грозданоски
ЕВАНГЕЛИЕТО – БОЖЈИ ГЛАС ДО НАС

    Денес сме овде за промоција на две необични книги, а и нивната необичност е двојна. Прво, затоа што се напишани со Браилово писмо, кое е едно и единствено за сите јазици и за сите народи. И второ, затоа што се Евангелие, кое исто така е едно и единствено за сите луѓе во светот. Нема друго и поинакво евангелие. Нема Евангелие за нас – Евангелие за нив, туку е едно, како што е еден Бог и еден е човекот.
    Што е Евангелието? Тоа е Божји збор искажан на човечки јазик. А секој збор е вест, известување, кажување некому нешто ново. Оттаму и Евангелие, во превод од грчки јазик, значи Благовестие. Тоа е блага вест, добра вест, радосна вест. На сите јазици во светот, Евангелие значи радосна вест. На старите богослужбени книги кај нас, кои се напишани на црковно-словенски јазик не пишува Евангелие, туку Благовестие.
    Какво е тоа Благовестие, чија е таа вест, за кого е и зошто е радосна вестa? Тоа е Божјо Благовестие, Божја вест за човекот, а е радосна вест затоа што му кажува за спасението. Евангелието ни говори за спасението на луѓето. Во него Бог му говори на човекот. Го известува, му кажува дека ќе биде спасен од гревот, злото и смртта и му кажува како. Зар не е тоа радосна вест? И уште повеќе, и уште поважно е тоа што таа вест е со доверба и доаѓа не од човек, туку од Бога, а Бог е вистина и љубов, сезнаен и семожен (1. Јов. 4,8). 
    Времето се исполнило (Гал. 4,4), Бог дошол на земјава во човечко тело, и се понизил од Бог да стане човек, за да го спаси човекот (Јован 1,14; Филип. 2,6-7; 1. Тим. 3,16). 
    Ете, тоа што го правеше Бог на земјава како човек меѓу луѓето; тоа што им го говореше Богочовекот Исус Христос на луѓето, што ги поучуваше, им кажуваше, ги лекуваше и им помагаше во секое добро дело; тоа е запишано во Евангелието. Тоа е Евангелието. Книга на животот и на спасението. Божји збор до човекот.
    Кој го запишал тој збор? Бог не, туку човек го запишал. Од Бога избрани луѓе го запишале Божјиот збор. Тоа е напишано со човечка рака, на јазикот на луѓето, за да може секој човек да го разбере и да го сфати, па да го исполнува зборот Божји. 
    Како тоа го направиле пишувачите? Бог не застанал на небото како на говорница, за да им говори на луѓето, па кој знае или кој сака нека пишува, туку избрал добри, побожни и умни луѓе, кои требало да го запишат Божјиот збор, Божјата порака и заповед кон луѓето. Но, и ним не седнал да им диктира, туку ги умудрил и ги раководел со вдахновение од Светиот Дух? Што е вдахновението од Светиот Дух? Богодадена инспирација. Тоа е човек инспириран од Бога за да го напише тоа безгрешно и точно. Така ги пишувале евангелијата – така е напишано Светото писмо и затоа се вели дека „целото Писмо е од Бога вдахновено“ (2. Тим. 3,16). 
    Наречено е „Писмо“. Зошто? Затоа што е запишан Божјиот збор, поука и порака и е упатено конкретно до човекот, како и секое писмо што се пишува и се упатува до некого. Но, тоа е „Свето писмо“, бидејќи е испратено од Бога, а Бог е свет. А штом ќе се добие писмо, секој љубопитно брза и сака веднаш да го отвори и да го прочита, зар не? Така треба да правиме и ние со Светото писмо! Да го отвориме и да го прочитаме!
      Евангелието не е од човек, ниту е научено од човек, туку е откровение на Исуса Христа (Гал. 1,11) и никој не смее „да го изопачува Благовестието Христово“ (Гал. 1,7).
    Евангелието е едно во четири книги: Евангелие според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован. Зошто се четири, а не едно? – За да поверуваат и најсомнежливите, за да има повеќемина сведоци, а не само еден или двајца, оти, ако беше едно, па ќе речеа: хм, едно е и кој знае дали не е лажно. Четири се, за да биде од сите четири страни видено и сеопфатно кажано Божјото слово и спасителното дело. Четири – за да биде упатено на сите четири страни на светот. И пак не е сè запишано, туку онолку, колку што ни е потребно за спасение, како што вели последниот стих од евангелијата: „А има и многу други работи што ги изврши Исус, и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини, не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги“ (Јован 21,25).
    Ние, денеска ги имаме пред нас, две од четирите евангелија: Евангелието според Матеј и Евангелието според Лука. Tие се двете најголеми евангелија и само овие две говорат за Христовото раѓање по тело. Да ги запознаеме поединечно – одделно.
    Евангелието според Матеј е првото напишано Евангелие и тоа само 8 години по Христовото заминување од земјава на небото. Единствено тоа е пишувано во Ерусалим или во Светата земја, каде што живеел и дејствувал Господ Исус Христос. Тоа е Евангелие на првата Црква која била формирана најпрво во Ерусалим. Само тоа, од сите книги на Новиот завет, е пишувано на јазикот на којшто говорел Господ Исус Христос – на арамејски јазик – на говорниот еврејски јазик во Христовото време. Набрзо потоа било преведено на грчки од истиот автор и до нас е запазено само на грчки јазик.
    Ова Евангелие го напишал апостолот Матеј, еден од најблиските 12 ученици на Господа Исуса Христа, кои биле постојано со Него, секаде и секогаш. Тој бил писмен човек, претходно бил цариник во Капернаум. Евангелието го пишувал за потребите на Црквата, бидејќи христијаните биле гонети од Ерусалим и тие се раселиле низ Азија, па не можеле да го слушаат словото Божјо од апостолите. А и апостолите требало да отидат по светот на проповед кај сите луѓе. И Матеј требало да замине од Палестина, па затоа го напишал Евангелието – и им го оставил тоа да им говори на христијаните за Христа Спасителот. Така и го насловил текстот, со првите зборови: „Книга за ... Исуса Христа“ (Матеј 1,1). Ова Евангелие е најпрво упатено до јудеохристијаните, а потоа и до сите луѓе во светот.
    Евангелието според Лука, пак, е пишувано четвртина век подоцна. До тогаш христијанството се раширило по светот и станало новата вера не само на јудејците, туку и на незнабошците, односно, вера на сите луѓе. Затоа, имало потреба од Евангелие и кај незнабошците. Меѓу нив проповедал апостолот Павле. Тој усно ги ширел Благовестието и верата меѓу сите народи, а во Европа, најпрво кај нас, во Македонија. Така е запишано во Библијата. Кога бил во Азија и планирал да ги обиколи азиските цркви, кај кои беше проповедал порано, Божјиот план бил поинаков, па се вели: „не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија“ (Дела 16,6). Затоа, пак, додека беше таму „во Троада, преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: ,Премини во Македонија и помогни ни!‘ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ нè повикал таму да го проповедаме Евангелието“ (Дела 16,9-10). Така и направиле.
    Со Павле бил и апостол Лука. Тие биле пријатели од студентските денови. Кога Савле (како што се викал порано Павле) студирал во Тарс книжевност и филозофија, Лука студирал медицина. Докторот Лука и книжевникот Савле слушале заеднички предавања и се дружеле. Се спријателиле еден јудеец и еден незнабожец. Се здружиле еден Евреин и еден Македонец. Чувте добро? Да, да Македонец – реков Македонец.
    Лука бил Македонец од Филипи, а тогаш неговите живееле во Антиохија. Дали Лука се родил во Филипи, па се преселиле во Азија или се родил таму, не е битно. Тој е Македонец, како што е Македонец и Трајче од Торонто, иако е појден или роден во Канада.
    Апостол Павле не можел да најде подобар сопатник и соработник за во Македонија, од лекарот Лука, неговиот пријател и другар од младоста, а којшто ги познавал и земјата и народот. Тој доаѓал како свој меѓу своите. Ако одел за Грција, Павле ќе земел, сигурно, Грк за придружник, а за Македонија – зел Македонец. Тоа е мудрост и гаранција за успехот во мисијата. Така и станало. Во Македонија христијанството се раширило брзо и стабилно, а Лука бил првиот епископ, надгледувач и раководител со Првата црква во Европа – со Црквата во Филипи.
    Тој наш Лука од Филипи бил од Бога избран и боговдахновен да го напише третото Евангелие за Господа Исуса Христа. Од четворицата евангелисти, тројцата се Евреи, а само еден е неевреин и тој е Македонец. Божја промисла. На оној народ кому Бог сакаше најпрво да му го проповеда Евангелието, меѓу сите народи во Европа, од тој народ избра и евангелист, за да му го остави Евангелието и запишано.
    Ако Евангелието според Матеј беше најпрво за потребите на христијаните во Ерусалим и Азија, а по него Евангелието според Марко е напишано за христијаните во Рим и Италија, тогаш Евангелието според Лука е посветено на христијаните меѓу Ерусалим и Рим – меѓу Азија и Италија, а тоа е просторот на Македонија и Елада.
    Евангелието според Лука е напишано од Македонец и упатено, најпрво, до верниците во Македонија.
    Тоа денес го имате и вие, драги мои, и ви е упатено вам. Нека ви биде од душевна полза и за спасение. Амин.

 

 Brailovo.Evangele.jpg

 Brailovo.Evangele.jpg

 Brailovo.Evangele.jpg

   Brailovo.Evangele.jpg

   Brailovo.Evangele.jpg

   Brailovo.Evangele.jpg

 Преминпортал (К.Т.)

28-ми мај. лето Господово 2013

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

07/07/2024 -среда

Света Ана; Света Олимпијада, ѓакониса; Преподобната девица Евпраксија; Спомен на Петтиот Вселенски Собор;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Тропар на светата Богомајка Ана 25 јули / 7 август 2024

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство,каде што...

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Тропар на св. Христова маченица ХРИСТИНА 24 јули / 6 август 2024

Верата твоја света Христино,помести тројца мачители, како три планини обременети,телото кое во парчиња човечката злоба го раздроби,Животот него ќе го...

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная