Скопје, 27 март 2013 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
Молитва:
Подај ни, Боже, барајќи ја Твојата прошка, да станеме нова твар во Исуса Христа, со нова цел и послушност кон Тебе и обновена решителност да живееме свој живот по Твојата волја, со благодатта Твоја. Амин.
Утрена, втора недела од Постот
Денес, 27-ти март 2013 година, во втората среда од Великиот пост, кога Светата Црква молитвено го слави споменот на Преподобен Бенедикт,свети Евсхимон, епископ Лампсакиски и свети Теогност, митрополит Киевски , во Соборен храм на св. Климент Охридски, во Скопје, презвитер Горан Стојчевски, ослужи Литургија на Претходноосветени дарови. Многубројниот верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал (к.т.)
27 март, лето Господово 2013