логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

MANU.sv.Kliment.jpg

07.12.2012,
Свечена академија по повод 8 Декември - Денот на Св. Климент Охридски

 MANU.sv.Kliment1.jpg

  MANU.sv.Kliment3.jpg

Секоја генерација има своја борба. Борбата на Св. Климент Охридски е со неписменоста, незнаењето и духовното и интелектуално слепило. Ние денес имаме и знаење, и писменост и информации, а борбата на нашата генерација е насобраниот интелектуален капитал да го инвестираме во младите, знаењето да го примениме и да го ставиме во функција на создавање напредна, европска Македонија, и задоволување на реалните потреби на граѓаните. Во тоа може да ни помогне мудроста која ни е оставена од Свети Климент.

Ова го истакна престедателот на државата Ѓорге Иванов на свечената академија по повод големиот верски и државен празник 8 Декември, денот на Свети Климент Охридски - основоположникот и патронот на Македонската православна црква, во организација на Македонската академија на науките и уметностите.

    На свеченоста во МАНУ, на која присуствуваа премиерот Никола Груевски, претставници на Владата, институции, на верските заедници и дипломатскиот кор, Иванов потсети дека годинава во Света Софија прославивме два јубилеја - 45 години од возобновувањето на Охридската архиепископија - МПЦ и од формирањето на МАНУ, а врската која ги поврзува овие два столба на македонската самобитност е токму делото на Св. Климент Охридски, првиот словенски архиепископ, втемелувачот на првиот словенски универзитет, светител и просветител.

- Дел од темелите на нашата генерација се поставени и врз делата на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј се јавија како „светлина на помрачените, учители на младите", а нивното дело го продолжија и надградија св. Климент Охридски и неговиот духовен брат св. Наум Охридски. Тие во нашата духовна и културна престолнина ја создадоа Охридската книжевна школа, тој најстар словенски универзитет. Универзитет, кој станува книжевно жариште на словенскиот јазик. Универзитет кој свети како кандило низ историјата, пренесувајќи го делото на солунските браќа од едно на друго поколение во сите словенски земји. Универзитет кој денес, 11 века по упокојувањето на св. Климент повторно го обновуваме, рече шефот на државата.

Оцени дека севкупното дело на св. Климент нe упатува кон врвните етички вредности и принципи. Да имаме личен и професионален интегритет и да бидеме одговорни, бидејќи секое стекнато право подразбира и одговорност.

- Како „добра фиданка од добар корен", тој го вложи сиот свој земен живот за да им даде просветлување на оние кои и при очи беа слепи, и при уши беа глуви и при јазик, неми. И ден денес, св. Климент е кормилар на нашиот јазик, исправител на нашите зборови. Никогаш не сееме да заборавиме дека сите поколенија од тогаш до денес се резултат на таа инвестиција. Секоја изговорена мисла, секој напишан и прочитан збор, секоја испечатена книга на нашиот мајчин македонски јазик е плод од семето што го посеаја просветителите. Можеби токму затоа св. Климент во фрескоживописот е секогаш сликан со голема глава, бидејќи за народот тој е синоним за умот, науката и знаењето. Народот имал голема почит кон својот голем учител, рече Иванов.

   

MANU.sv.Kliment2.jpg

  Домаќинот на вечерашнава свеченост, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Владо Камбовски,  пак подвлече дека кога македонскиот народ во средината на 19 век тргнал по долгиот и мачен пат на националното будење посегнал во потрагата по својата посебност, по секој видлив белег на неговото минато – преданија, обичаи, цркви, гробови и градби. Меѓу сите светилници најсилно светел ликот на Св. Климент зашто тој ни ја дал писменоста со која можеме да ги славиме и другите.

Од таквите длабоки корени бликала и силата на македонскиот народ, сила на мал и измачен народ, но горд на своето потекло и минато, вели академик Камбовски. Таа го држела на страна од злото и злосторствата и подалеку од погрешната страна во бурните историски собитија, а  секогаш на страната на слободољубивите поради што, додава, морал да ја плаќа цената на непокорот.

- Вѕирајќи се во магловитото минато, пред нас се издига слика на македонското распетие. Македонскиот народ распнат како Исус на римскиот крст за да ги истрада сите искушенија, сите недоумици на современиот човек и да ги прими на себе сите неволји на векот, а страдањата да ги претвори во општочовечко разбирање и љубов. И бездруго токму затоа што бил духовно велик и моќен, а не покорен, послушен и смачкан, живеел во братство и слога со сите други народи, култури и вери на просторот на Македонија несебично предавјќи им ги своите и примајќи ги нивните духовни дарови. Ете тоа распетие треба да го има постојано пред очите секој од нас што на свој начин презема одговорност да го чува вечното пламенче на Светиклиментовото кандило, рече Камбовски.

 MANU.sv.Kliment.jpg

MANU.sv.Kliment2.jpg

 

  MANU.sv.Kliment2.jpg

  Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на свеченоста ја промовираше книгата со собрани дела-житија, поуки и проповеди на Свети Климент, патронот на МПЦ. Книгата е првото севкупно издание на делата на Св. Климент охридскиот чудотворец на современ македонски јазик, значајно дело кое, вели, го покажува идентитетот на нашиот народ.

MANU.sv.Kliment9.jpg - Св. Климент е најсилниот темел и нему му припаѓа најголемата заслулга за нашето опстојување како народ и кулктура. Вистина е тој ниту ни даде држава, ниту царство, ниту богатство, миту моќ и првенство. Но, тој ни даде нешто многу повеќе ни го предаде животворното евангелско слово. Не научи на јазикот на спасението, ја заслужи за нас и ни ја даде духовната слобода што значи најмногу, рече г.г. Стефан . за Св. Климент како еден од најталентираните ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.

Годинашново одбележување на Свети Климент – 8 Декември, е под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

  MANU.sv.Kliment2.jpg

  MANU.sv.Kliment2.jpg

    


MANU.sv.Kliment2.jpg

Скопје,  07.12.2012 год.

Изор: ДЕНЕШЕН весник

Фото: Преминпортал/МИА


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

10/05/2026 - недела

Св. апостол Симеон; Преп. Стефан епископ Владимирски; Преподобен Јован Исповедник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная