логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Охрид, 08 Октомври 2012 - катедрален храм на Света Софија

Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух[1]

Ваше Блаженство, Ваши високипреосвештенства, Ваше преосвештенство,

Сечесни отци и богољубиви монаси,

Возљубени во Господа, браќа и сестри.

 

Денес сите ние сме сведоци, а истовремено и учесници на овој свештен литургиски собор во овој древен храм на некогашната Охридска Архиепископија. Денес сите ние преживуваме и доживуваме историја и сегашност, доживуваме стагнација, но и континуитет, доживуваме радост во слава на Бога. Овој храм преживеал многу, тој е сведок и на мир и на војни, и на тага и на радост, и на постоење и на уништување, но и на повторно обновување, на воскреснување. Благодарение на Бога, а во Негова слава и благодарение на нашите предци, овој храм, еве, повторно е сведок на она за што бил изграден да го доживува – во него, во слобода да Му се служи на Бога, да живее Црквата и да живее верно и заедно народот Божји, свештенството и лаосот. И, еве, денес овој храм се радува, зашто е сведок за една искрена и благословена желба – тоа што пред 45-години беше возобновена нашата мајка – Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Се радува поради тоа што во него повторно се живее полн литургиски и црковен живот, што повторно се причестуваат верници, се ракополагаат свештеници и се хиротонисуваат епископи – кои се гарант за постоењето на една автокефална Црква.

Свети апостол Павле за епископоството вели: „тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра работа“, но колку се опоменувачки и трезвени зборовите во понатамошниот текст: „Епископот треба да е непорочен... разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува, не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и несреброљубив“ (1 Тим 3/1-3). Светиот Игнатиј Богоносец, чиј живот и службата во Црквата се пример за секој епископ, вели: епископската служба е возвишен призив, и оној што е повикан на вакво служење, облечен со благодатта на епископскиот чин, треба да се грижи за единството на Црквата, кон сите да биде трпелив во љубовта, непрестајно да се посветува на молитвите, барајќи од Бога мудрост; да ги носи болките на сите, како совршен подвижник, зашто каде што има поголем труд, таму и духовната добивка е поголема. Особено да се потруди ништо да не прави без Бога, и често да го собира верното стадо на литургиски собири. За секој од нас треба да биде мотив она што се вели во светото Евангелие: „Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен“ (Мт 5/ 16). Значи сè да правиме во слава на Бога, а најмалку, би рекол воопшто, за своја корист. Епископот е добриот пастир, кој се грижи за своето словесно стадо. Епископот е икона на Христос во Црквата и како што Христос, како Жених, се принесе себеси за Црквата, така треба и епископот да се принесува за Црквата, народот Божји. Епископот заборава на себе, на својата волја, на својата желба – едноставно се заборава себеси, за да го носи крстот на сите.

Знаејќи ги овие работи, кој смее да се осмели на едно такво дело, особено јас, грешниот, недостојниот и непотребниот слуга Божји? Ако се прашувам само јас, знам дека сега немаше да говорам од овој свет амвон. Но послушанието е важен и особен мотив за секој православен христијанин. Треба да бидеме послушни на Црквата и на волјата на светиот архиерејски собор на нашата МПЦ. Послушанието раѓа чудесни и неописливи плодови. Послушанието е, всушност, отсекување на нашата волја, а прифаќање на волјата Божја!

Јас се одлучив да ѝ служам на Црквата, како и кога и да ме повика... Но на овој пат особено ми се потребни вашите молитви, верни браќа и сестри на нашата Црква, за да останам пред сè човек и за да бидам добар епископ. А за овој позив, најпрво Му благодарам на Христа Бога, Кој си спомна за мене во својот божествен Домострој, потоа на Пресветата, Пречистата, Преблагословената славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, Која како свое чедо ме чува со своите молитви. На светиот славен пророк и претеча Јован Крстител, од чијшто манастир доаѓам. Најискрена благодарност до возглавителот на тој свет манастир, отец Партениј, заедно со моите браќа и сестри од најголемата македонска духовна матица – Бигорскиот манастир, кој правилно ме воведе во огнот на подвигот и на животот и ми ја покажа љубовта со која Бог сите нè милува, ми го покажа и докажа најпотребното – живото предание на Црквата. Многу ме научи и на многу ме заложи. Во манастирот научив што е молитва, научив што е послушание, гледав што значи да живееш за другиот... Таму се видов себеси и во најдлабока побожност, но и во најниска гревовност. Но, сепак, топлата татковска и несебична поддршка и поука на мојот духовен отец - игуменот на манастирот, и искрената љубов и желба за простување на моите браќа, беше и останува моја сатисфакција, моја утеха и моја цел. Зашто само оној што ја видел и доживеал искреноста во животот, ќе научи како да ја дава, но ќе знае и како да се спротивстави на неискреноста, на злобата, на суетата, на немањето страв Божји и вера.

Голема благодарност и до митрополитот Тимотеј, кој уште од моите средношколски денови особено се залагаше за моето образование и секогаш бев пазен под покровот на неговиот архипастирски омофор.

Особена благодарност до нашиот блажен архиепископ Стефан за тоа што благоизволи да го прими моето недостоинство за свој викарен епископ. Тој како вистински голем татко го закрилува во својата прегратка секое верно чедо, но и како оној човек Македонец, од видението на светиот апостол Павле, смирено стои пред престолот на Севишниот Бог и се моли за својот народ.

Во таквите јуначки подвизи – во молитвата за секого и сè, е нашата сила, со која ќе им одолееме на сите искушенија. Тешко му на оној народ кој нема јунаци да се молат за него. Но верувајте, возљубени браќа и сестри, дека овој наш народ има такви јунаци. Доказ за тоа е токму денешниот спомен кој го славиме, Соборот на сите македонски светители, кој веќе беше и наскоро ќе биде збогатен со уште светители од македонската земја, чија канонизација ја подготвува и објавува Македонската православна црква.

На Црквата ѝ требаат смели луѓе. Денес, како и секогаш, на Црквата ѝ требаат луѓе што ќе знаат да се спротивстават на себе самите, на својата желба и похота. Ќе треба секогаш да го имаме предвид она кон што нè повика еден современ богослов: Да се вратиме кон светите отци, да се вратиме кон нивниот ум; Ветувам дека поткрепен од Духот и по вашите молитви ќе ја претставувам Црквата вистински и тука во храмот, на Литургијата, и по Литургијата, и ќе го порачувам тоа и на верните, а особено на свештениците.

Браќа и сестри, „мојата душа го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога Спасителот мој“ (Лука 1/46-47). Зарадувајте се и вие со мене и, уште еднаш ве молам и се смирувам пред вас, непрестајно молете се за мене, за да бидам достоен пастир на словесното стадо, за секогаш да останам во чистотата на Црквата, во словото на Евангелието и во духот на светоотечкото предание, никогаш не заборавајќи го монахот во себе. Да не даде Бог никогаш да не ја изгубам вашата љубов, туку духовно спокоен да ја започнам својата епископска работа, сеоддано служејќи ви вам, заради кои и ми се даде овој благослов.

А на Бога, прославен во Три Лица, Отецот и Синот и Светиот Дух, Му принесувам непрестајна слава и Го молам да ме раководи во овој и да не ме заборави во идниот век. Амин!

На многаја лета јубилејот на нашата света Црква!

 Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

 

Епископ Велички

Јосиф


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

07/07/2025 -понеделник

Петровденски пости (на риба)

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов; Св. Никита, епископ Ремесијански; Св. маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная