логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

00.jpg 01.jpg
 Колку е прекрасно кога некој ќе се исполни со толку силна љубов кон Бога, што за Него ќе претрпи големи страданија, ќе направи надчовечки подвизи, па дури и животот ќе го положи за премилиот Христос и ќе го придобие царството на вечната радост, ќе се удостои со голема смелост и благодат од Господа, та илјадници луѓе ќе се собираат на молитва за да го прослават неговиот свет спомен. Таков е нашиот патрон и заштитник на сестринството од манастирот во Рајчица што го носи неговото свето име, кој денес беше домаќин на големо мнозинство верници, притекнати од сите страни со една единствена желба: да измолат помош и заштита од светијата за нашата убава татковина, за нашиот народ и за целиот свет, кој тоне во мракот на страшно безбожие. Токму затоа толку силно прозвучија познатите стихири испеани во негова чест, громогласно разлевајќи се низ сводовите на преполнетиот храм и упатувајќи едногласна порака кон небото, каде светиот маченик пребива во огромна слава и секогаш ги слуша нашите молитви. А за тоа во својата беседа зборуваше нашиот возљубен архијереј и секогаш драг гостин на манастирот, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки, г. Тимотеј, кој го посочи на присутните светиот живот на маченикот, како пример на добар Христов војник:

11.jpg

„Денес ние го прославуваме  светиот великомаченик Георгиј Победоносец. Тој е образец или пример на добар Христов војник. Со неговиот чист и непорочен живот, полн со љубов и милосрдие, излегол како победител над гревот и неправдата. Со своите претрпени маки заради Христа, излегол како победител на страданијата. Тешки биле неговите страдања, но тој сето тоа го претрпел како добар Христов војник, со вера, надеж и најголемо трпение и како победител се здобил со венец на вечна слава од Оној, Кој вели: ’Биди ми верен до смрт и Јас ќе ти дадам венец на животот‘ (Откр. 2, 10). Таков венец и таква слава примил на својата глава светиот великомаченик Георгиј.

 Господ на сите нам ни заповеда да бидеме добри војници, давајќи ни во рацете духовно свештено оружје и ни зборува дека сме должни да се бориме. Ако сме пак војници тоа значи дека имаме непријатели. Но ние не сме обични војници, туку војници на Господ Исус Христос и нашите непријатели се внатрешни непријатели, затоа и нашето оружје е внатрешно. Како што зборува св. ап. Павле: ’Оружјето на вашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да рарзушува тврдини...‘ (2 Кор. 10, 4). Гревот, драги браќа и сестри е нашиот најголем непријател и ние сме должни постојано да се бориме против него. Затоа св. ап. Павле вели: ’Земете го шлемот на спасението и духовниот меч, кое е Словото Божјо‘ (Ефес. 6, 17). Но Господ ја знае и нашата слабост, знае дека честопати оружјето ни паѓа од рацете и шлемот на спасението паѓа од нашите глави и штитот на верата не е цврсто држен. Срцевидецот Господ знае дека понекогаш ние попуштаме во таа тешка борба и поразени го напуштаме борбеното поле. Но Он дојде да го најде и повика паднатиот и нема да не остави во такви тешки моменти. Он ни ја даде и Неговата Мајка за да ни биде наша Застапничка и Помошничка, да нè зацрвстува преку нејзините молитви, да ја закрепнува нашата вера, да го бодри нашиот дух и да ни дава сила да можеме да се избориме со нашите внатрешни непријатели. Така и светите Божји луѓе, односно светите Божји угодници, ја имаат таа сила да им помагаат на луѓето. И св. вмч. Георгиј, кој во Бога стекнал таква смелост, секогаш ни приоѓа кога со искрена вера Му се обраќаме за помош.

 По молитвите на св. вмч. Георгиј Бог нека ги услиши нашите молитви и нека ни подари сè што е корисно и спасоносно за нашите души и тела, сега и во сета вечност. Амин!“

02.jpg

03.jpg

05.jpg07.jpg

 Празничното, пак, утро ни ја донесе радоста на заедничарењето со Бога преку Евхаристијата. Светата Литургија е чин каде што најсилно се чувствува тоа радосно ликување, особено кога толкаво мнозинство ќе се собере, како тоа утро во храмот на Победоносецот. Целиот храм ги пееше торжествените литургиски напеви. Гледајќи ја таа чудесна сплотеност во молитвата и посебно вдахновен од светото Евангелие, каде Господ, зборувајќи за љубовта, им ја даде на учениците Својата најголема заповед, нашиот старец Партениј произнесе прекрасно и благодатно слово за љубовта и за тоа какво е достоинството, честа, но и одговорноста на нас, христијаните, кои сме носители на тоа учење за Љубовта:

09.jpg „Еве, Господ, сакајќи да ги укрепи Своите ученици, откако им предвести дека ќе настапи време кога секој што ќе ги убие ќе мисли дека на Бога Му принесува жртва, им ја даде оваа заповед: ’Да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив!‘ (Јн. 13, 34) Колку силна заповед! И нова заповед -  како што се вели во Евангелието на св. Јован Богослов. Зашто никогаш порано таа не прозвучила со толку голема сила. Овие зборови можеби биле и претходно кажани, ете и во Стариот Завет се спомнува љубовта, пророците ги поучувале луѓето да Го возљубат Господа со сето свое срце и со сета своја душа и ближниот како себеси. Но, тие зборови тогаш немале ваква сила. Силата произлегува од Христа! И само Неговите зборови за љубовта имаат вистинска сила, бидејќи Он љубовта ја потврди со најголемата жртва. Он од љубов слезе на земјата, од љубов се предаде Себеси за човештвото и затоа само Он може да каже: ’Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив’, и примајќи ја таа заповед во нашите срца, ја чувствуваме нејзината огромна сила. Низ вековите многу христијани ја исполниле оваа заповед и поткрепувајќи ја љубовта со дела, така достојно Го последувале Спасителот, Кој не се двоумеше дури и да ги рашири рацете на Крстот, да пострада само за да го спаси овој свет, свет што не ја цени неговата жртва и, за жал, сè уште се противи на вистината. Всушност само верните следбеници на Распнатиот и Воскреснатиот, единствениот вистински Бог, единствениот Кој донесе љубов на земјата, само тие можат правилно да љубат и да гледаат на овој свет со вистински очи, гледајќи сè преку призмата на љубовта кон ближниот и кон светот, бидејќи така се научени од Распнатиот за нас Бог, Кој Самиот е Љубов. Тоа ги прави поинакви од другите, и затоа Он на христијаните им вели: ’Вие не сте од овој свет‘ (Сп. Јн. 15, 19). Но Он дојде да ни сведочи за еден друг свет, свет на љубовта, радоста, мирот; свет кој е од другата страна, кој е небесен, духовен, совршен. Дојде да ни го објави тој духовен свет и да нè научи вистински да се радуваме во овој свет, та нашата радост да биде полна. А сите други, кои зборуваат за мир во светот и тоа дека нивното учење проповеда љубов и мир – тие кажуваат само празни зборови и нивната љубов е само на збор, бидејќи по делата тие се поинакви. Христијаните се оние кои ја носат во себе вистинската љубов, секако тука мислам на вистинските христијани, на коишто единствен идеал и цел на животот им е Спасителот Господ Исус Христос. Но оној кој љуби тој и страда. Затоа и Самиот Господ понатаму вели во Евангелието: ’Ниеден слуга не е поголем од својот господар. Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат‘ (Јн. 15, 20) - а знаете какви страдања претрпи Господ од светот. И ден денес христијаните се прогонувани подобно на нивниот Спасител. Замислете си како би било кога некој учител би ги поучувал своите ученици, предвестувајќи им дека ќе имаат само страдања, дека постојано ќе бидат гонети, дека ќе претрпат мачење и смрт. Зарем некој би тргнал по таков учител? Сигурно не! Но Овој Учител е посебен. Ова е Учител Кој ја победи смртта, Кој дава воскресение и живот вечен. Затоа, вреди за ваквиот Учител, Кој од љубов пострада за светот, и ние од љубов да пострадаме, стекнувајќи го од Него на дар животот вечен. Но кога ни предвести страданија Он Самиот нè утеши со Своите зборови: ’Не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат, туку бојте се повеќе од оној кој може и душата и телото да ги погуби во пеколот!‘ (Мт. 10, 28) Значи да се плашиме само од непријателот, кој преку гревот ни ја убива душата; да се плашиме од незнаењето и мрзливоста што многупати нè опфаќаат; кога ќе паднеме во духот и верата почне да ни се расклатува - само тогаш да се плашиме. И доколку имаме непоколеблива, силна вера, љубов помеѓу себе, а пред сè љубов кон Оној Кој живот дава, тогаш ќе бидеме бестрашни, токму како нашите богоносни предци, кои бесконечно Го љубеле Христа и биле подготвени и душите свои да ги положат за Него. Тоа ги направило храбри воини во Христа, каков што е и нашиот денешен славеник св. Георгиј Великомаченик и Победоносец, кој со своите страдања за Христа стекнал таква духовна сила што, еве, веќе седумнаесет века е вистински заштитник на христијаните и поборник за православните држави. Неговото житие дава чудесни примери за неговата помош на христијаните, при што тој низ историјата дури и слегувал на земјата и телесно се борел на страната на православните војски. А од каде таа сила? Што е тоа што му дава таква сила на св. Георгиј? Тоа е секако неговата непоколеблива вера во воскреснатиот Спасител, бидејќи тој, претрпувајќи ги сите жалости и страдања, знаел дека вреди да се поднесе таква жртва, дека оди во вечноста, во прегратките на Победителот на смртта; ја знаел целта на својот живот. А целта е еднаква за сите нас: спасението во Христа, царството Небесно, спечалено преку многубројни маки и подвизи што нè чекаат во овој свет, бидејќи, за жал, човештвото повеќе ја возљубило темнината отколку светлината.
Еве, деновиве ме ужасна однесувањето на една толпа народ во Скопје, која непоимливо, после молитва упатена кон Бога, без никаков срам излезе и се бунтуваше заради спроведувањето на законот! Уште не знаеме дали уапсените се виновни, а тие луѓе не го ни почекаа исходот, туку излегоа и се бунтуваа само заради тоа што некои поединци, обвинети за ужасно дело, излегле пред правдата. За нив Христос во Евангелието ни вели: „По делата ќе ги познаете“. И вистина, зарем нивните дела не покажуваат дека тие не веруваат во правдата, вистината и во љубовта, туку повеќе го возљубиле мракот и лошите дела? Гледајте ги делата на вистинските христијани: колку многу дела на љубовта! И целата историја на вистинското христијанство, кое е засновано на Евангелието на Љубовта, е само љубов, мир и радост. Секој христијанин во овој свет е сведок на таа љубов, како што бил и св. Георгиј Великомаченик. Па и самиот збор маченик во грчкиот јазик го означува токму тоа - μάρτυρ (маченик), што значи сведок - оној што сведочи за вистината, радоста, љубовта. Да токму радоста, зашто иако во очите на луѓето крајот на мачениците е тажен - ете св. Георгиј завршил со отсекување на неговата чесна глава - сепак во очите на Бога таквата маченичка смрт е радост, затоа што сите тие го придобиле царството Небесно; борбата ја завршиле и целта ја постигнале - спасение на душите и заедница со Бога. А веќе реков дека тоа е целта на секој христијанин. 10.jpg
И да се навратам пак на тој протест што го видов после нивната молитва, а што можевме сите ние да го видиме преку јавните гласила. Се ужаснав, но истовремено и се помолив за тие луѓе, за сите оние што се пленици и заробеници на мракот и незнаењето, зашто тие во незнаење мислат дека на таков начин Му служат на Бога. Меѓутоа свештената историјата покажува дека на Бог, Кој е Љубов, единствено Му се служи со вистина, љубов и мир, и плодовите на оние кои поверувале, преку Духот, се љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон (Сп. Гал. 5, 22-23). Таква вера е единствено христијанската, вера која сведочи за љубовта, мирот, радоста и која е спасение!10.jpg Ние христијаните сме повикани да сведочиме за таа вистина; да сведочиме со нашите животи, ако е потребно и полагајќи ги заради Христа и ближните! Всушност, ние секојдневно умираме за да живееме. Кога се бориме со страстите и гревовите – зарем тоа не е едно своевидно умирање? Самите знаете колку е тешко да се биде христијанин во овој мрачен, пропаднат свет, свет со испревртени морални вредности, од којшто демнат безброј искушенија, соблазни и прогонства. И сето тоа да го победиш е вистинско мачеништво. Затоа ние, христијаните, треба да се угледаме на многубројните маченици и исповедници од историјата, но и на денешните добри христијани и монаси, кои сè уште ги има во целиот свет. Тие се пример за вистински маченици, кои го победуваат светот и ја возвестуваат радоста на воскресението. И не само тоа. Тие се и жив пример за тоа како благодатта Божја на чудесен начин ги преобразува личностите.
Заради претрпените страдања Бог ги удостоил мачениците после нивната смрт да прават безброј чудеса. И овој манастир во кој се наоѓаме денес и се молиме е вистинско чудо. Чудо по молитвите на свети великомаченик Георгиј Победоносец, чудо зашто од урнатини издигна живо светилиште и си собра свое стадо, како сведоци за воскресението. Јас секојдневно, гледајќи го ова чудо, се радувам и Му благодарам на Бога што Он го удостои овој народ, кој подобно на Евреите во пустината, 40 години талкаше во безбожништво, се одвраќаше, ропташе, одново да ја дознае Вистината – дека нема друга вистина и друг пат освен оној Христовиот! Тоа Господ му го покажа и на големиот руски народ - дека нема друга вистина освен Христос! Дека освен Него ништо друго ново нема под Сонцето. Затоа Му благодарам на Бога за ова чудо; Му благодарам што ги собра овие млади души да се молат за нашата татковина и за целиот свет. Да се молат за целата наша младина, младите да се разбудат и, борејќи се против злото, да станат вистински херои во Христа, бидејќи вистинските херои се токму оние кои се борат најнапред со егоизмот во себеси, со сите страсти во себеси, а потоа и со злото во светот – таквите херои се навистина достојни пред Бога. Ете такви треба да бидат нашите младинци, и токму тоа е она што можат да го научат од монасите, доаѓајќи во манастир. Не за сите да станат монаси, како што некои се плашат, мислејќи дека ако младите луѓе одат во манастир, неминовно ќе станат монаси, туку да ја зацврстат во себеси верата во Христа. Еве гледате поминаа веќе 17 години откако нашите манастири се возобновени, а едвај сме 30 монаси. Па сепак, овде дошле илјадници млади луѓе, научиле за Вистината и тргнале по Христа и Неговиот единствен вистинскиот пат, токму заради монасите, кои со својот живот им посведочиле за вистината, љубовта и воскресението. Манастирите за нашиот народ отсекогаш биле и се вистински духовни училишта. Затоа свети Георгиј, со своите молитви и слободата што му е дадена од Бога, нека ги чува овие два манастира и сите други, нека ја чува нашата татковина, како вистински закрилник на православните. Нека биде соборец и на нашите војници, нека ги просветува нашите политичари да ја водат по патот на вистината и воскресението оваа демократска православна земја, во која има место за сите. Амин!
 Да ги упатиме и ние нашите молитви, молејќи се за мир во нашата татковина, за победа над нашите непријатели, за вразумување на сите, та сите да дојдат до познавање на вистината во Христа и да станат дел од Неговата вистинска љубов. Амин!

 ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!“

11.jpg

 12.jpg13.jpg

14.jpg

15.jpg

16.jpg

17.jpg

19.jpg

 Извор: Бигорски манастир

Повеќе:

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная