логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот
пророк Божји Михеј
14 август / 27  август

Пророче Божји, Михеј свети,
ти кој волјата Господова до луѓето ја приближи,
опомени за непослушности донесе,
синовите на непокорноста да се исправат помогна,
и многупати покажа дека човек непријател си е сам на себеси
кога слово за спасение отфрла.
Моли се Божји човеку до полезното да се придржуваме
и од гордоста да се ослободуваме.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов маченик
Урсикиј
14 август / 27 август

Благодатна вистина која од уста славослови,
страдања кои носат небесни венци,
проштевања кои очи во светлина незалезна внесуваат,
о, Урсикие моли се за нас свет Христов исповедниче,
со една уста и едно срце Бога да Го славиме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Маркел епископ Апамејски
14 август / 27 август

Оган од ревност стана Маркеле,
Божји пастиру, деца на волја Господова предаде,
жезол доби деца кон Христа да водиш,
збор благодатен во патоказ се претвори,
и ти маченички во градини небесни стигна,
од каде сега моли се, идоли во нас да срушиме
и на Бога душа очистена да предадеме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
Христов новомаченик
Симеон Трапезунски
14 август / 27 август

Златото земно не ти ја купи небесната татковина,
 о, Симеоне достојнославен Христов новомачениче,
туку исповедувањето на вистината
и непоколебливоста на верата твоја во Господа.
Спомни си сега за нас пред Бога –
Еден во Троица.

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (27.08.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 sv.prorok.Mihej.jpg

Светиот пророк Михеј II

Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз и Езекија. Ги изобличуваше пороците на својот народ и лажните пророци коишто пророкуваа „за вино и жесток пијалок“. Ја претскажа пропаста на Самарија. Ја претскажа и пропаста на Ерусалим, којашто ќе дојде зашто поглаварите негови ќе земаат мито, свештениците ќе учат за плата, а неговите пророци ќе гатаат за пари. „Затоа, заради вас, Сион ќе се преора како нива и Ерусалим ќе стане како купиште.“ Но од сите негови пророштва најважно е пророштвото за Месијата, особено за местото на Неговото раѓање. Тој го именуваше Витлеем како место на раѓање на Месијата, на Кого исходот му е од почетокот, од вечните времиња. Не се знае точно дали и овој пророк беше убиен од Евреите или умре со мирна смрт (Еремија 26, 18-19). Но се знае дека беше погребан во неговото родно село и дека моштите му ги пронајдоа заедно со моштите на Пророкот Авакум, во времето на царот Теодосиј Велики, според некое таинствено откровение што го имал Елевтерополскиот епископ Зевин.

 

Светиот свештеномаченик Маркел, епископ Апамејски

Роден е на Кипар, од богати и угледни родители. Имаше високо образование, стапи во брак и имаше деца. Кога умре жена му, се повлече во монашки живот, заради што ги остави децата на Промислата. Се прочу заради милосрдноста, кротоста и духовната ученост, и заради ова апамејците го избраа за свој епископ. Како епископ ревносно се трудеше во обраќањето на незнабожците во христијанската вера. Кога изгоре еден идолопоклонички храм, идолопоклониците го фатија Маркел како божемен предизвикувач на тој пожар и во оган го изгореа, околу 389 година.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2673
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1828
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

   Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака,...

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Разлика помеѓу Божјо и демонско чудо (21.08.2021 )

Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар? Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него, т.е....

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

Митрополит Струмички Наум: Давање и кога се нема доволно за себе – основа за Божјо чудо (14.08.2021)

    Во нашиот живот е важно да имаме волја за добро дело – во слава Божја и од љубов кон ближниот, останатото е Божја работа. Апостолите ја гледаат потребата...

« »