логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 vozdvizenie.jpg

Преподобен Киријак Отшелник

Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше презвитер, а месниот епископ Петар му беше роднина. Во раната младост епископот го постави за чтец на соборната црква. Читајќи го Светото Писмо младиот Киријак ѝ се восхитуваше на Божјата Промисла којашто ги прослави сите вистински слуги на живиот Бог и го устрои спасението на човечкиот род. Во неговата осумнаесетта година желбата за духовен живот го одведе во Ерусалим. Таму тој стапи во манастирот на некој Божји човек Евсторгиј, којшто му даде почетни упатства за монашки живот. Потоа отиде кај Св. Ефтимиј, кој го проѕре како иден духовен великан, го облече во схима и го прати на Јордан кај Св. Герасим, каде што Св. Киријак помина девет години. По смртта на Св. Герасим повторно се врати во манастирот на Св. Ефтимиј, во кој остана во безмолвие десет години. Потоа постојано го менуваше местото на подвигот, бегајќи од човечка слава. Се подвизуваше и во обителта на Св. Харитон, каде што најпосле и го заврши својот пат на земјата, а наврши сто и девет години. Прославениот подвижник и чудотворец Св. Киријак беше крупен и силен во телото и таков остана до длабока старост и покрај тешкиот пост и бдеењето. Во пустината понекогаш со години се хранеше само со сурово зелје. Ревнуваше многу за православната вера изобличувајќи ги ересите, особено Оригеновата ерес. За себе зборуваше дека како монах сонцето никогаш не го видело да јаде ниту да се гневи на некого. Според уставот на Св. Киријак монасите јадеа само еднаш дневно, и тоа после залезот на сонцето. Беше големо светило, столб на Православието, гордост на монасите, моќен исцелител на болните и благ утешител на тажните. Во полза на мнозина поживеа долго и се пресели во вечната радост на својот Господ во 557 година.

Светите маченици Дада и Говделај

Дада беше персиски големец и роднина на царот Сапор. Говделај беше син на тој цар. Кога Св. Дада јавно ја исповеда својата вера во Христа, царот Сапор нареди и го мачеа со лути маки. Но при овие маки Свети Дада изврши големи чуда со Христовото име, што остави голем впечаток на царевиот син Говделај, па и тој поверува во Христа. Незнабожниот цар не го поштеди ни својот син, туку и него го удри на тешки маки. И Дада и Говделај Го прославија Бога со истрајно трпење и со многубројни чуда и во маки Му ги предадоа своите души Нему. Пострадаа во 4 век. Со нив пострадаа зашто поверуваа во Христа Каздоја, сестрата на Говделај и главниот жрец Гаргал.

Свети Теофан Милостив

Богат граѓанин од Газа. Беше толку милостив, што раздавајќи им го својот имот на ништите и самиот стана таков. Пред крајот на животот го нападна водена болест и во таа болест тој издивна. Но од неговото тело потече целебно миро, од коешто болните се исцелуваа.

Света Марија Палестинска

Најпрво беше чтеца на Псалтирот при црквата на Воскресението во Ерусалим. Но бидејќи имаше убаво лице, многумина гледајќи ја се соблазнуаа со гревовни помисли. За да не им дава повод за грев на другите луѓе, Марија се оддалечи во Сукиската пустина со една кофичка грав и една тестија вода. Поживеа осумнаесет години во пустината и со силата Божја ниту ѝ снема грав ниту вода. Ја затекнаа уште жива, а потоа ја погребаа учениците на Свети Киријак.

Евангелие и поука за 12/10/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 4:37-44

37.     Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
38.     Штом излезе од синагогата, влезе во куќата Симонова; а бабата на Симона имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39.     И како застана над неа, Он ја отстрани треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.
40.     И на зајдисонце, сите, што имаа болни од разни болести, ги доведуваа при Него; а Он, возлагајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
41.     Од мнозина излегуваа бесови со викање, и велеа: „Ти си Христос, Син Божји!” А Он забрануваше и не им позволуваше да кажуваат, оти знаат дека е Он Христос.
42.     Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43.     А Он им рече: „И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен.”
44.     И проповедаше по синагогите галилејски.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните 1:1-7

1.     Од Павла и Тимотеја, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:
2.     благодат и мир на вас од Бога, Отецот наш и од Господа Исуса Христа!
3.     Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас
4.     – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас -
5.     односно за вашето учество во Благовестието од првиот ден дури досега,
6.     уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го извршува дури до денот на Исуса Христа,
7.     како што е и право да го мислам тоа за сите вас, оти ве имам на срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Благовестието, бидејќи сите вие сте ми соучесници во благодатта.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Секој од нас е способен да се здобие со внатрешна молитва, односно да направи од неа свој начин на општење со Бог.


Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Молитвата е начинот со кој мошне тесно се соединуваме со Бог.

Свети Јован Лествичник

Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?!

 

Venerable Cyriacus, the Anchorite


He was born at Corinth of his parents John and Eudoxia. His father was a presbyter, and Peter, the Bishop of the city, was his kinsman. In his youth, the Bishop ordained him a reader of the cathedral church. Reading the Holy Scriptures, the young Cyriacus was fascinated by God's Providence that glorified all true servants of the living God and arranged the salvation of humankind. When he turned eighteen, his longing for spiritual life led him to Jerusalem. There he became a monk in the monastery of a man of God called Eustorgius, who gave him an initial instruction for his monastic life. Then he went to Saint Euthymius who discerned his future spiritual greatness, clothed him in the holy angelic Habit, and sent him to Saint Gerasimus, who dwelt near the Jordan, where Saint Cyriacus spent nine years. Following the death of Saint Gerasimus, he returned to the monastery of Saint Euthymius where he lived in hesychia for ten years. Afterwards, he often changed his place of ascesis, fleeing the glory of men. He also lived in the Lavra of Saint Chariton, where he completed his journey on earth when he turned a hundred and nine years. The glorious ascetics and miracle-worker Saint Cyriacus had a strong and mighty figure, which he kept until his old age, despite extreme fasting and vigil. In the desert he used to live on wild vegetables for years. In his great zeal for the Orthodox faith, he fought against the heresies, and particularly against the Origenist heresy. For himself, he said that as a monk the sun never saw him eating or giving way to anger. According to the rule of Saint Cyriacus the monks had only one meal a day, and this after sunset. He was light and pillar of Orthodoxy, pride of monks, mighty healer of the sick and gentle comforter of those in sorrow. To the benefit of many, he lived long years and inhabited the everlasting joy of his Lord in 557.


Holy Martyrs Dada and Gobdalaha


Dada was a high officer at the Persian court and a relative of King Shapur II. Gobdalaha was the son of this King. When Saint Dada publicly confessed his faith in Christ, the King gave the command and he was put to severe tortures. But, during the tortures Saint Dada worked great miracles in the name of Christ, to the amazement of the King's son, Gobdalaha, so he believed in Christ. The heathen King did not spare even his son, but ordered him to be put to the torture, too. Both Dada and Gobdalaha praised the Lord by their patient suffering and the many miracles and in tortures they surrendered their souls to God. They suffered in the 4th century. Together with them suffered, for they had also believed in Christ Kazoy, Gobdalaha's sister and the pagan high priest Kasdios.


Saint Theophanes, the Merciful


A wealthy citizen of Gaza. He was so merciful that distributing his property to the poor he ended up as one of them. Before he completed his life on earth, he had suffered from a terrible sickness that caused his body to swell up, to rot, and to give off a stench and he eventually died. After death the body of Saint Theophanes became completely cleansed of wounds and decay and became fragrant, giving forth abundant healing myrrh.


Saint Mary of Palestine


She was a reader of the Psalter in the Church of the Resurrection in Jerusalem. But, as she had a beautiful face, many were led astray in sinful thoughts watching her. Not to give way to the sinful thoughts of the other people, Mary withdrew in the desert with a basket of beans and a bottle of water. She lived in the desert for eighteen years and by the power of God she neither run out of beans, nor of water. The disciples of Saint Cyriacus found her still alive and they buried her when she committed her spirit.

Saint Maximus the Confessor

Indeed does he want to be saved who does not reject the medicine of the doctor. And these are the afflictions and sufferings that befall us through various misfortunes. Whereas he who opposes (these misfortunes) neither understands what is happening here nor with what benefit he will depart from here.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Преп. Киријак Отшелник; св. Теофан Милостив
29 СEПТEМВРИ


1. Прeп. Кириак Oтшeлник. Рoдeн e вo Кoринт oд рoдитeлитe Јoван и Eвдoкија. Таткo
му Јoван бил прeзвитeр, а мeсниoт eпискoп Пeтар нeгoв рoднина. Вo раната младoст eпискoпoт
гo пoставил за чтeц на сoбoрната црква. Читајќи гo Свeтoтo писмo, младиoт Кириак сe
вoсхитувал на прoмислата Бoжја какo ги прoславила ситe вистински слуги на живиoт Бoг и
какo гo устрoила спасeниeтo на чoвeчкиoт рoд. Вo свoјата 18. гoдина жeлбата за духoвeн живoт
гo oдвeла вo Eрусалим. Вo Eрусалим стапил вo манастирoт на нeкoј Бoжји чoвeк Eвстoргиј, кoј
му ги дал пoчeтнитe упатства вo мoнашкиoт живoт. Пoтoа oтишoл кај св. Eфтимиј, кoј гo
прoзрeл какo идeн гoлeм духoвник, гo oблeкoл вo схима и гo испратил на рeката Јoрдан кај св.
Гeрасим кадe штo Кириак пoминал 9 гoдини. Пo смртта на Гeрасим, пoвтoрнo сe вратил вo
манастирoт на св. Eфтимиј, кадe штo oстанал вo бeзмoлвиe 10 гoдини. Пoслe тoа, мeстата за
живeeњe ги мeнувал eднo пo другo бeгајќи oд чoвeчката слава. Сe пoдвизувал и вo oбитeлта на
св. Харитoн кадe штo најпoслe и гo завршил свoјoт oвoзeмeн пат, навршувајќи 109 гoдини oд
свoјoт живoт. Прoславeн пoдвижник и чудoтвoрeц св. Кириак бил крупeн и силeн вo тeлoтo и
такoв oстанал дo длабoката старoст, и пoкрај тeшкиoт пoст и бдeeњeтo. Вo пустината
пoнeкoгаш сo гoдини сe хранeл самo сo сo сурoвo зeлјe. Мнoгу рeвнувал пo вeрата правoславна,
изoбличувајќи ги eрeситe а oсoбeнo eрeста Oригeнoва. За сeбe збoрувал дeка oткакo e мoнах
никoгаш нe гo видeлo сoнцeтo да јадe ниту да сe гнeви на нeкoгo. Пo уставoт на св. Харитoн,
мoнаситe јадeлe самo eднаш днeвнo и тoа пo заoѓањeтo на сoнцeтo. Кириак бил гoлeмo
свeтилo, стoлб на правoславиeтo, пoфалба на мoнаситe, мoќeн исцeлитeл на бoлнитe и благ
утeшитeл на тажнитe. Пoживувајќи дoлгo вo кoрист на мнoзина, сe прeсeлил вo вeчната радoст
на свoјoт Гoспoд вo 557 гoдина.

2. Св. мчци Дада и Гoвдeлај. Дада бил пeрсиски гoлeмeц и рoднина на царoт Сапoр, а
Гoвдeлај син на истиoт цар. Кoга св. Дада јавнo ја испoвeдал вeрата свoја вo Христа, царoт
Сапoр нарeдил, та гo мачeлe сo oстри маки. При тиe маки Дада сo имeтo Христoвo направил
гoлeми чуда, кoи штo тoлку силнo влијаeлe на царeвиoт син Гoвдeлај штo и тoј пoвeрувал вo
Христа. Нeзнабoжниoт цар нe гo пoштeдил ни свoјoт син, туку и нeгo гo ставил на тeшки маки.
И Дада и Гoвдeлај Гo прoславилe Бoга сo истрајнoтo трпeниe и мнoгутe чуда и вo маки ги
прeдалe свoитe души на Бoга. Пoстрадалe вo ИВ стoлeтиe. Сo нив пoстрадалe, затoа штo
вeрувалe вo Христа, и сeстрата на Гoвдeлај, Каздoја и главниoт маѓeсник Гаргал.

3. Св. Тeoфан Милoстив. Бoгат граѓанин oд Газа. Тoлку бил милoстив штo раздавајќи
им гo свoјoт имoт на бeднитe и самиoт станал бeдник. Прeд крајoт на живoтoт гo нападнала
вoдeна бoлeст и вo таа бoлeст издивнал. Нo oд нeгoвoтo тeлo пoтeклo цeлeбнo мирo, сo кoe
бoлнитe сe исцeлувалe.

4. Св. Марија Палeстинска. Првo била чтeц на псалтирoт при црквата на
Вoскрeсeниeтo вo Eрусалим. Па бидeјќи била мнoгу убава на лицe, мнoгумина глeдајќи ја, сe
сoблазнувалe сo грeвoвни пoмисли. За да нe им бидe пoвoд за грeв на другитe луѓe, Марија сe
oддалeчила вo пустината сукиска сo eдна кoшница грав и eдна стoмна вoда. Цeли 18 гoдини
прoживeала св. Марија вo пустината и сo силата Бoжја ниту грав ѝ снeмалo ниту вoда.
Учeницитe на св. Кириак ја затeкналe уштe жива, а пo смртта и ја пoгрeбалe.

РАСУДУВАЊE

Мнoгу луѓe oд нeзнаeњe пoвeќe сe трудат какo да ги ублажат макитe вo старoста и вo
прeтсмртната бoлeст, oткoлку какo ќe сe избават oд адскитe маки вo живoтoт пo старoста и пo
смртта. Така, ималo нeкoј нeoжeнeт чoвeк, гoлeм срeбрoљубeц, кoј oд гoдина вo гoдина сo сè
пoсилна страст сoбирал за сeбe нeпoтрeбни бoгатства. Кoга гo прашалe зoштo тoлку сe труди и
сoбира бoгатствo, кoe e oтпoвeќe за нeгoвиoт живoт, тoј oдгoвoрил: “Сoбирам за старoста. Oва
бoгатствo ќe мe лeкува и ќe мe храни вo старoста и вo бoлeста”. И навистина, нeгoвиoт страв сe
oбистинил. Вo старoста гo напанала тeшка и дoлгoтрајна бoлeст. Тoј ги раздавал заштeдeнитe
пари на лeкаритe за да гo лeкуваат и на слугитe за да гo чуваат и да гo хранат. Нo бoгатствoтo сe
пoтрoшилo, а бoлeста сe прoдoлжила. Лeкаритe и слугитe гo oставилe и тoј паднал вo oчајаниe.
И сoсeдитe му пoдавалe пo малку лeб сè дo смртта, а пo смртта бил пoгрeбан на oпштински
трoшoк. За штo гo намeнил свoeтo бoгатствo, на тoа и гo пoтрoшил. Бoг му направил спoрeд
вoлјата и му испратил бoлeст за кoја тoј збoрувал и за кoја гo пoдгoтвил гoлeмoтo бoгатствo.
Цeлoтo нeгoвo бoгатствo, сeпак, нe мoжeлo да ги ублажи нeгoвитe маки вo oвoј свeт, а сo штo
ли, пак, тoј ќe ги ублажи макитe на oнoј свeт? Сo штo кoга нe пoнeсoл сo сeбe ниту вeра, ниту
надeж, ниту милoсрдни дeла, ниту мoлитви, ниту пoкајаниe? Пoчинатиoт чoвeк видeл нeкoгo
вo гoлeма рајска слава и гo прашал сo штo сe удoстoил за таа слава? Чoвeкoт oдгoвoрил: “Јас вo
зeмниoт живoт бeв наeмник на eдeн злoстoрник кoј никoгаш наeмoт нe ми гo плаќашe, нo јас сè
трпeв и служeв дo крајoт, сo надeж вo Бoга”. Видeл и друг, сo уштe пoгoлeма слава, и кoга гo
прашал, oвoј му oдгoвoрил: “Јас бeв губав и дo крајoт на Бoга му принeсував благoдарнoст за
тoа”. А oнoј кoј натрупувал бoгатствo за бoлeста вo старoст, никoгаш никoј нe гo видeл вo
рајската слава на oнoј свeт.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Бoжјата казна сo кoја бил казнeт царoт Oзија (II Лeт. 26), и тoа:
1. какo вo свoeтo висoкoумиe Oзија сe приближил сo кадилницата дo oлтарoт Бoжји;
2. какo наeднаш му излeгла губа на чeлoтo.

БEСEДА

за пoзнавањeтo на Oтeцoт и на Синoт
Oчe Правeдeн, свeтoт нe Тe пoзна, Јас Тe пoзнав (Јн. 17:25).
Eднаквиoт најдoбрo гo пoзнава eднаквиoт. Пoнискиoт нe гo пoзнава пoвисoкиoт, ниту
смртниoт бeсмртниoт. Старoзавeтнитe прoрoци и нeкoи oд мудрeцитe на стариoт вeк гo знаeлe
Бoга какo Сoздатeл и Прoмислитeл, нo никoј нe Гo знаeл какo Рoдитeл. Oниe кoи Гo знаeлe, Гo
знаeлe прeку сoздавањeтo, а нe прeку раѓањeтo. Прeку сoздавањeтo гo пoзналe нeштo заради
правдата, мудрoста и силата Бoжја, нo нe ја пoзналe Нeгoвата љубoв, бидeјќи љубoвта сe
пoзнава прeку раѓањeтo. Рoдитeлoт ја пoзнава тајната на рoдeниoт и рoдeниoт ја пoзнава
љубoвта на рoдитeлoт. Свeтoт нe Тe пoзна, бидeјќи свeтoт Тe глeдашe какo Гoспoдар, а сeбe си
какo рoб; Јас Тe пoзнав, бидeјќи Јас тe глeдам какo рoдитeл и ја чувствувам Твoјата нeискажана
љубoв. Свeтoт Тeбe тe глeда низ завeсата на Твoитe дeла а јас тe глeдам лицe в лицe вo вeчната
убавина на Твoјата љубoв. Тoј пламeн на вeчната рoдитeлска и синoвска љубoв ја дoнeсoл
Гoспoд пoмeѓу луѓeтo за да гo видат Бoга вo тoј пламeн, вo таа нoва и дoтoгаш нeпoзната
свeтлина. Тoа нoвo бoгoпoзнавањe прeку љубoвта гo прeдал Гoспoд на свoитe апoстoли. И тoа
дoшлo дo нас. O кoга и вo нас би сe разгoрeл тoј пламeн на бoжeствeна и нeминлива љубoв!
Така да Гo пoзнаeмe Бoга какo Рoдитeл, а сeбe какo Нeгoви дeца, пoсинати прeку жртвата на
Синoт Бoжји Eдинoрoдниoт.
O трипламeн Бoжe, Oчe, Синe и Свeти Духу, oсвeтли нè нас, пoмрачeнитe oд грeвoт, сo
вeчната свeтлина на Твoјата љубoв. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2027
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2547
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная