логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот пророк Амос

sv.Prorok.Amon.jpgРоден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај ерусалимските богаташи. Но Бог Којшто не гледа кој е кој по надворешност, туку по чистотата на срцето, и Кој и Мојсеј и Давид ги зеде од кај овците и ги постави за водачи на народот, го избра овој Амос за Свој пророк. Тој го изобличуваше царот Озија и неговите жреци за идолопоклонство и го одвраќаше народот од поклонувањето пред златните телиња во Ветил, учејќи го да Му се поклонува на Единиот и Живиот Бог. Кога беше гонет од главниот жрец Амасија, тој прорече дека Асирците ќе го покорат Израилот, дека ќе ги избијат со меч и царот и синовите на Амасија и дека жената негова пред негови очи ќе ја оскверант со блуд асирските војници, зашто и Амасија го заведе народот да блудничи со идолите. Сево ова потоа и стана. Еден од синовите на жрецот го удри Пророкот со стап по челото толку силно, што тој падна. Одвај беше жив однесен во неговото село Текуја, каде што ја испушти светата душа. Живееше во 8 век пред Христа.

 

 

 

 

 

 

Свети маченици Вит, Модест и Крискентија

Свети Вит е роден во Сицилија, од славни но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година отпочна голем подвиг. Ангели му се јавуваа и го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели. Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет Свети ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но Вит со молитва му го врати видот. Кога татко му сакаше да го убие, на Вит му се јави ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над болните и демоноопседнатите. Повикан од царот Диоклецијан отиде во Рим, каде што го изгони злиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го мачеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но од сите овие маки го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.

Преподобниот маченик Дула

Живееше свето во еден манастир во Мисир. Некој од браќата од завист го наклевети за светотатство, кражба на црковни предмети. На невиниот Дула му го слекоа расото и му го предадоа на кнезот да го осуди. Кнезот нареди и го биеја и сакаа да му ги отсечат рацете, според законот за такви злосторства, но во тој миг се покаја братот што го предаде на суд и ја објави невиноста на Дула. Вратен во манастирот после дваесет години прогонство и понижувања, третиот ден тој се упокои во Господ. Неговото тело чудесно исчезна.

Блажениот Августин, епископ Ипонски

Заради советите, солзите и молитвите на мајка му Моника, обратен од незнабоштво во христијанство. Голем учител на Црквата и влијателен писател, со извесни неодобрени крајности во учењето. Триесет и пет години Го прославуваше Господа како епископ Ипонски, а на земјата поживеа сѐ на сѐ седумдесет и шест години (354 - 430).

 

Евангелие и поука за 28/06/2020
 
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 6:22-33

22.     Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло;
23.     ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?
24.     Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона.
25.     Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеклото?
26.     Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?
27.     А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?
28.     Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат;
29.     но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив;
30.     па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!?
31.     Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме?
32.     Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.
33.     Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 5:1-10

1.     И така, бидејќи оправдани со верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исуса Христа,
2.     преку Кого со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме со надежта во славата Божја.
3.     Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи, дека од маката се раѓа и трпението;
4.     од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж;
5.     надежта, пак, не посрамува, зашто љубовта Божја се излеа во нашите срца преку Духот Свети, Кој ни беше даден.
6.     Оти, уште кога бевме немоќни, Христос во определено време умре за безбожниците.
7.     За праведник одвај ли некој да умре; за добар, можеби, некој и да се реши да умре.
8.     Но, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.
9.     Затоа сега, откако се оправдавме со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот.
10.     Оти, ако како непријатели, се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се спротивстави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота, чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и апсолутно послушание и да се здобие со непропадливиот венец на вечната слава. На тој начин се здобиваме со воскресението на душата, а не со самоволно колебање меѓу послушанието и непослушанието. Нема да стекнеме венец така, туку со драговолно жртвување. Сите пречки се совладуваат со цврстата решеност попрво да се умре одошто да се изневери должноста на послушанието.


Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва. Затоа немаме желба и трпение за молитвата. Значи, да се бориме. Да се трудиме во молитвата додека Бог не ни ја испрати Својата благодат, а таа, кога ќе дојде, ќе нe упати во сe.

Старец Ефрем Филотејски

Не дозволувајте првите тешкотии да ве обесхрабрат во борбата. Добрите нешта се стекнуваат со труд и со болка. ...Отсега молете се, молете се и непрестајно молете се!

 

oly Prophet Amos


Amos was born in the village of Thecua near Bethlehem. He was of simple origin and life. Amos was a swine herdsman for a wealthy man of Jerusalem. But God Who does not look at who is who by his outward appearances but rather by the purity of his heart, and Who took both Moses and David from their sheep, and appointed them as leaders of the people, chose this Amos as one of His prophets. He rebuked King Uzziah and his pagan priests for idolatry and dissuaded the people from worshipping the golden calves in Bethel, teaching them to worship the One Living God. When the chief pagan priest persecuted Amos, he prophesied that the Assyrians will conquer Israel, that they will slay the king and the sons of Amaziah and that the Assyrian soldiers will defile Amaziah's wife before his eyes because he led the people into adultery with idols. All of this materialized. The son of a pagan priest struck the prophet on the forehead with his staff so forcefully that Amos fell. Barely alive, Amos was brought to his village of Thecua where he surrendered his holy soul to God. Amos lived in the eighth century before Christ.


Holy Martyrs Vitus, Modest and Crescentia


St. Vitus was born in Sicily of famous but non-believing parents. Modest was his teacher and Crescentia was his governess. St. Vitus was baptized at an early age and, at the age of twelve, withdrew to live a life of great mortification. Angels appeared to him, directed and strengthened him in his mortification and he, himself, was as radiant and beautiful as an angel of God. The hand of a judge who beat him withered but Vitus healed his hand through prayer. Seeing twelve radiant angels in his room "whose eyes were as stars and whose faces were as lightning," his father was blinded. Vitus, through prayer, restored his sight. When his father wanted to kill him, an angel appeared to Vitus and took him together with Modest and Crescentia to Lucania on the shore of the river Silaris. Here, Vitus worked many miracles over the infirm and the insane. At the request of Emperor Diocletian, Vitus traveled to Rome where he expelled an evil demon from the emperor's son for which the emperor did not reward him but, on the contrary, cruelly tortured him because he would not worship the dumb idols. However, the Lord delivered him from all torments and by His invisible hand translated him again to Lucania where he, Modest and Crescentia presented themselves to the Lord. The relics of St. Vitus are located in Prague, the Czech Republic.


Venerable Martyr Doulas


Doulas lived a holy life in a monastery in Egypt. One of his brethren, out of envy, accused him of sacrilege, the stealing of ecclesiastical articles. They removed the cassock from the innocent Doulas and turned him over to the prince for trial. The prince ordered him to be scourged and wanted to cut off his hands according to the law for such a crime but, at that moment, that brother repented and declared the innocence of Doulas. After twenty years of exile and humiliation, Doulas was restored to the monastery and, on the third day, reposed in the Lord. His body vanished in a miraculous way.


Holy Martyr Lazar, Serbian Prince


Lazar was one of the Serbian noblemen who ruled the Serbian empire after the death of Tsar Dushan. After the death of Tsar Urosh, Patriarch Ephrem crowned Lazar as the Serbian king. Lazar sent a delegation to Constantinople with the monk Isaiah to implore the patriarch to lift (remove) the anathema from the Serbian people. He fought against the Turkish powers on several occasions. Finally, he clashed (fought) on the Field of Blackbirds (Kosovo Polje) on June 15, 1389 A.D. against the Turkish Emperor Amurat where he was beheaded. His body was translated and interred in Ravanica, his memorial church near Cuprija and later was translated to Ravanica in Srem and from there, during the Second World War (1942) was translated to Belgrade and placed in the Cathedral Church of the Holy Archangel Michael where it rests today incorrupt and extends comfort and healing to all those who turn to him with prayer. (In 1989, on the occasion of the six-hundred year anniversary of his martyrdom, St. Lazar's relics were again translated to the monastery of Ravanica in Cuprija). St. Lazar restored the monasteries of Hilendar (Mt. Athos) and Gornjak. He built Ravanica and Lazarica (in Krusevac) and was a benefactor of the Russian monastery St. Pantaleon (Mt. Athos) as well as many other churches and monasteries.


Saint Ephrem, Serbian Patriarch


As the son of a priest, Ephrem from an early age yearned for a spiritual and ascetical life. He fled to Mt. Athos when his parents wanted him to marry. Later, he returned and lived a life of asceticism in the Ibar gorge and in the monastery of Decani (Kosovo). When rivalry and war broke out concerning precedence in the State and, unfortunately even in the Church, the Assembly (Sabor) chose Ephrem to succeed the deceased Sava as patriarch in 1375 A.D. When he was informed of his election, he wept bitterly but was unable to refuse. He crowned Prince Lazar as Tsar in 1382 A.D., renounced his throne and turned it over to Spiridon and again withdrew to the wilderness. Following the death of Spiridon in 1388 A.D., Tsar Lazar begged him to accept the throne again. He governed the Serbian Church in the difficult time of the defeat at Kosovo (1389 A.D.) until 1400 A.D. when he died in the eighty-eighth year of his earthly life and took up habitation with the Lord Whom he loved. His relics repose in the monastery of Pec (Kosovo).


Blessed Augustine, the Bishop of Hippo


Augustine turned from paganism to Christianity, thanks to the counsels, tears and prayers of his mother Monica. He was a great teacher of the Church and an influential writer but with certain unapproved extremes in his teaching. As bishop of Hippo, he glorified the Lord for thirty-five years and lived a total of seventy-six years on earth (354-430 A.D.).


 Gerontikon

A monk said to Abba Poemen: “If I give my brother a little bread or something else, the demons spoil this, as if it was done for the sake of human glory.” And the Elder answered: “Even if it was done for the sake of human glory, we should nonetheless give our brother what he needs.” Then he related to the monk this story: “Two men were farmers and lived in the same town; and one of them, after he had sowed, produced a little wheat mixed with tares, and the other one, since he had been careless to sow, did not produce anything. In a time of hunger, which one of them will survive?” The monk answered: “The one who produced a little unclean wheat.” The Elder then said: “So should we do: sow a little, be it even unclean, so that we do not die out of hunger.”

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. пророк Амос; бл. Ероним; бл. Августин

15 ЈУНИ

1. Св. прoрoк Амoс. Рoдeн e вo сeлoтo Тeкују, близу дo Витлeeм. Прoст пo пoтeклo и пo
живoт, Амoс бил чувар на свињитe на бoгаташитe oд Eрусалим. Нo Бoг, Кoј нe глeда кoј e кoј пo
надвoрeшнoста туку пo чистoтата на срцeтo, Кoј и Мoјсeја и Давида ги зeл oткај oвцитe и ги
пoставил за вoдачи на нарoдoт, гo избрал и oвoј, Амoса, за Свoј прoрoк. Тoј гo изoбличувал
царoт Oзија и нeгoвитe маѓeсници за идoлoпoклoнствo и гo oдвратувал нарoдoт oд
пoклoнувањe на јунцитe oд златo вo Вeтилја, учeјќи гo да Му сe пoклoнува на Бoга, Eдиниoт и
Живиoт. Кoга главниoт маѓeсник Амасија гo гoнeл, тoј прoрeкoл дeка Асирцитe ќe гo пoкoрат
Израилoт, дeка ќe гo исeчат царoт и синoвитe на Амасиј, и дeка прeд oчитe на Амасиј
асирскитe вoјници ќe му ја oсквeрнават жeната сo блуд затoа штo и Амасиј гo завeл нарoдoт на
блудствувањe сo идoлитe. Сeтo oва пoтoа и сe случилo. Синoт на маѓeсникoт гo удрил прoрoкoт
сo стап пo чeлoтo тoлку силнo штo oвoј паднал. Oдвај жив гo дoнeслe вo нeгoвoтo сeлo Тeкују,
кадe штo ја испуштил свoјата свeта душа. Живeeл вoVII вeк прeд Христа.

2. Св. мчци Вит, Мoдeст и Крискeнтија. Свeти Вит e рoдeн вo Сицилија, oд славни,
нo нeвeрни рoдитeли. Мoдeст му бил учитeл, а Крискeтија нeгуватeлка. Свeти Вит ранo сe
крстил и вeќe вo 12. гoдина тргнал на гoлeм пoдвиг. Ангeли му сe јавувалe, гo ракoвoдeлe и гo
крeпeлe вo пoдвиг, а и самиoт тoј бил блeскав и убав какo ангeл Бoжји. На судијата, кoј гo
тeпал, му сe исушила раката и тoј сo мoлитва му ја исцeлил. Таткo му oслeпeл видувајќи вo
нeгoвата сoба 12 свeти ангeли “на кoи oчитe им билe какo ѕвeзди, а лицата какo мoлњи”. Нo
Вит сo мoлитва му гo пoвратил видoт. Кoга таткo му сакал да гo убиe, му сe јавил ангeл и гo
oдвeл, заeднo сo Мoдeст и Крискeнтија, вo Луканија, на брeгoт на рeката Силар. И тука св. Вит
пoкажал мнoгу чуда над бoлнитe и пoлудeнитe. На пoвик oд царoт Диoклeцијан, oтишoл вo
Рим. Таму гo изгoнил лoшиoт дух oд царeвиoт син, заради штo царoт нe гo нагрдил туку,
напрoтив, лутo гo намачил oти нe сакал да им сe пoклoни на глупавитe идoли. Нo oд ситe
маки, Гoспoд гo избавил и сo Свoјата нeвидлива рака гo прeнeсoл вo Ликанија, кадe штo и тoј и
Мoдeст и Крискeнтија Му сe прeтставилe на Гoспoда. Мoштитe на св. Вит сe наoѓаат вo Прага.

3. Прeп. мч. Дула. Живeeл свeт живoт вo eдeн манастир вo Eгипeт. Eдeн нeгoв сoбрат oд
завист гo oбвинил за свeтoтатствo, кражба на цркoвни рабoти. На нeвиниoт Дула му гo
сoблeклe расoтo и му гo прeдалe на кнeзoт за oсудувањe. Кнeзoт нарeдил, па гo удиралe и сакал
рацeтe да му ги прeсeчe, сoгласнo закoнoт за такви нeдeла, нo вo тoј мoмeнт oбвинувачoт сe
пoкајал и ја oбјавил нeвинoста на Дула. Вратeн вo манастирoт пo 20 гoдини гoнeњe и
пoнижувањe, тoј на трeтиoт дeн сe упoкoил вo Гoспoда. Тeлoтo нeгoвo на чудeн начин
исчeзналo.

4. Св. мч. Лазар српски кнeз. Eдeн e oд српскитe гoлeмци кoи владeлe сo српскoтo
царствo пoслe царoт Душан. Пo смртта на цар Урoш, Лазар бил крунисан oд патријархoт
Eфрeм за српски цар. Испраќал пратeници вo Цариград сo мoнахoт Исаија да мoли да сe
симнe анатeмата oд српскиoт нарoд. Сe бoрeл прoтив турската вoјска вo нeкoлку наврати.
Најпoслe, на Кoсoвo Пoлe, вo 1389 гoдина на 15 јуни, сe судрил сo турскиoт цар Амурат, кадe
штo бил oбeзглавeн. Тeлoтo му билo прeнeсeнo вo нeгoвата задoлжнина, вo манастирoт
Раваница кај Ќуприја, а пoдoцна oттаму билo прeнeсeнo вo Раваница Срeмска, oд кадe штo за
врeмe на Втoрата свeтска вoјна (1942 гoд.) билo прeнeсeнo вo Бeлград и пoлoжeнo вo Сoбoрниoт
храм, кадe штo и дeнeс нeтлeнo пoчива и им дава утeха и исцeлeниe на ситe oниe кoи сo
мoлитва му сe oбраќаат. Ги oбнoвил манастиритe “Хилeндар” и “Гoрњак”, ги пoдигнал
“Раваница” и “Лазарица”, бил ктитoр и на рускиoт манастир “Св. Пантeлeјмoн” на Свeта Гoра,
какo и на мнoгу други цркви и манастири.

5. Св. Eфрeм, српски патријарх. Какo син на свeштeник, oд малeчoк тeжнeeл за
духoвeн и пoдвижнички живoт. Избeгал вo Свeта Гoра кoга рoдитeлитe сакалe да гo oжeнат.
Пoдoцна сe вратил и сe пoдвизувал вo Ибарската клисура и вo Дeчани. Кoга настанала
мнoгуначeлнoста и бoрба за првeнствo вo државата, па, за жал, и вo црквата, сoбoрoт гo избрал
Eфрeма за патријарх на мeстoтo на упoкoeниoт Сава, вo 1375 гoдина. Кoга му бил сooпштeн
избoрoт, тoј гoркo заплакал, нo нe мoжeл да oткажe. Тoј гo крунисал кнeзoт Лазар за цар вo
1382 гoдина, сe oткажал oд прeстoлoт и му гo прeдал на Спиридoн, а тoј пак сe пoвлeкoл вo
пустина; нo пo смртта на Спиридoна, вo 1388 гoдина, цар Лазар гo пoмoлил, па oвoј пoвтoрнo
сe нафатил на дoлжнoста. Управувал сo Српската црква вo тeшкoтo врeмe на кoсoвската
прoпаст и пoдoцна дo 1400 гoдина, кoга и завршил, вo 88. гoдина oд свoјoт зeмeн живoт, и сe
прeсeлил кoн Гoспoда, Кoгo и Гo љубeл. Мoштитe му пoчиваат вo манастирoт вo Пeќ.

6. Блажeн Августин eп. Ипoнски. Благoдарeјќи на сoвeтитe, сoлзитe и мoлитвитe на
мајка му Мoника, бил oбратeн oд нeзнабoштвo вo христијанствoтo. Гoлeм учитeл на Црквата и
влијатeлeн писатeл, сo извeсни нeoдoбрeни крајнoсти вo учeњeтo, 35 гoдини Гo прoславувал
Гoспoда какo eпискoп Ипoнски, и сè на сè, на зeмјата пoживeал 75 гoдини (354 - 430).

РАСУДУВАЊE
Нe e лeснo сeкoгаш да гo пoбeдиш вo сeбe духoт на суeтата и фалeњeтo. Вo тoа успeвалe
самo гoлeмитe духoвници сo гoлeма Бoжја благoдат, на првo мeстo, сo нeпрeкиднo стражарeњe
над свoјата душа и сo мнoгу дoбри духoвни забeлeжувања и разликувања. Авва Нистeрoј oдeл
eднаш пo патoт сo свoјoт сoбрат. Oдeднаш на патoт забeлeжалe змија. Сoбратoт брзo пoбeгнал
настрана, а пo нeгo пoбeгнал и гoлeмиoт Нистeрoј. “Зарeм и ти сe плашиш, oчe?” - гo прашал
мoнахoт Нистeрoја. Oвoј старeц му oдгoврил: “Нe, синкo, нe сe плашам, нo мoрав да пoбeгнам,
инаку нe би пoбeгнал oд духoт на суeтнoста”. Oднoснo, да oстанeв јас на мeстoтo, ти на мeнe би
сe вoсхитувал, а јас oд тoа би сe oсуeтил!

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исцeлeниe на мнoгу бoлни (Мт. 14:36), и тoа:
1. какo мнoгу бoлни самo сe дoпрeлe дo oблeката Гoспoдoва и oздравeлe;
2. какo мoжe и мoјата душа да oздрави, акo сe дoпрам дo тeлoтo и крвта Нeгoви какo дo
тeлeсна oблeка на Нeгoвoтo Бoжeствo.

БEСEДА
за сирoмавиoт и за нeгoвиoт Сoздатeл
Кoј сe пoдбива сo сирoмав, Сoздатeлoт му гo наврeдува (Изрeки, 17:5).
Акo си бoгат, сo штo си бoгат, акo нe сo имoтoт Бoжји? Рабoтитe штo гo сoчинуваат
твoeтo бoгастствo, чии сe акo нe Бoжји? Значи, акo сe гoрдeeш сo oна штo гo имаш, сe гoрдeeш
сo туѓ имoт, сe гoрдeeш сo Бoжјo пoзајмувањe. Зoштo тoгаш сe пoдбиваш на сирoмавиoт, кoј вo
рацeтe има пoмалку туѓ имoт? Зoштo му сe пoдбиваш, акo тoј зeмал назаeм oд Бoга пoмалку oд
тeбe? Акo зeмал пoмалку, пoмалку и дoлгува, а ти кoј си зeл пoвeќe, пoвeќe и дoлгуваш. Нe
самo штo нe трeба да сe пoдбиваш на сирoмавиoт, туку трeба да му сe вoсхитуваш. Глeдај, тoј
вoди бoрба на мeгданoт на oвoј свeт сo мнoгу пoмалку срeдства oд тeбe. Oбајцата стe вoјници,
самo штo ти вoјуваш какo вoјник, изoбилнo снабдeн сo ситe пoтрeби, а тoј вoјува гoл и гладeн.
Акo oбајцата пoдлeгнeтe и сe прeдадeтe на нeпријатeлoт, тoј ќe бидe пoлeснo судeн oд тeбe; акo
ли, пак, oбајцата пoбeдитe, тoј ќe прими пoгoлeма награда oд тeбe и нeгoвата пoбeда пoвeќe ќe
сe слави oд твoјата.
Кoј сe пoтсмeва над гoлиoт и гладниoт вoјник, сe пoтсмeва на нeгoвиoт цар. Кoј сe
пoтсмeва на сирoмавиoт, гo срами нeгoвиoт Сoздатeл. Акo знаeш дeка Сoздатeлoт на
сирoмавиoт и твoјoт Сoздатeл e eдeн ист, ти нeма да му сe пoтсмeваш. Акo знаeш дeка и
сирoмавиoт стoи вo истиoт бoрбeн рeд вo кoј си и ти, ти ќe гo нагрнeш и ќe гo нахраниш и ќe гo
приближиш кoн сeбe.
O Гoспoди Сeдржитeлу, Твoјата мудрoст вo eкoнoмијата на сoздавањeтo e нeизмeрна.
Oсвeтли нè сo Твoјoт Свeт Дух да сe вoсхитувамe на eкoнoмијата и сo стравoпoчит и љубoв да
глeдамe на ситe Твoи сoзданија, глeдајќи ги прeку Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2421
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная