логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Pravedniot.Jov.jpg

Светиот праведен и многустрадален Јов

Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, како што сѐ е потенко опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои.

Pravedniot.Jov.jpg

Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до табаните и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче керамида си го вадеше гнојот од раните. Но не заропта на Господа, а стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште сто и четириесет години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.

Светиот маченик Варвар

Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема веселба и нареди да им се принесат жртви на идолите. Но на тоа жртвопринесување дозна дека Варвар седи настрана. Кога го праша за тоа, Варвар изјави дека е христијанин. Војводата му јави на царот, а царот нареди Варвар да биде ставен на најтешки маки. Но Варвар поднесе сѐ со ретка храброст и присебност. При неговото мачење се покажаа многубројни чуда, а гледајќи го тоа, мнозина војници ја примија Христовата вера. Меѓу овие беше и самиот војвода Вакх, со Калиј и Дионисиј. Сите тројца беа убиени со меч за името Христово, а после нив и Варвар, во 362 година. Нивните души се преселија во Царството на Христос, бесмртниот Цар.

Светиот Варвар разбојник

После многубројни злосторства се покаја и самиот себеси си наложи прво, три години да оди четириножно и да јаде со кучињата и второ, дванаесет години да живее в шума, без облека, без покрив и без каква и да е друга храна освен трева и лисја. Од ангел доби известување дека гревовите му се простени. Патуваа трговци низ шумата, па го видоа Варвар оддалеку и мислејќи дека е ѕвер а не човек, ги вперија стрелите и го застрелаа. Кога умираше ги замоли да му јават на блискиот свештеник за него. Свештеникот дојде и чесно го погреба. Но од неговото тело потече целебно миро и исцелуваше разни болести и маки кај луѓето.

       
    
Евангелие и поука за 19/05/2020

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 8:51-59

51.     Вистина, вистина ви велам: кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека.”
52.     Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека во Тебе има нечист дух: Авраам умре, и пророците, а Ти велиш, кој ќе ги запази зборовите Мои, смрт нема да види довека.
53.     Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраама, кој умре? И пророците умреа; а за кого се претставуваш Ти Сам?”
54.     Исус одговори: „Ако се славам Сам, тогаш славата Моја е ништо; Мојот Отец е, што Ме прославува, и за Кого вие велите дека е ваш Бог;
55.     но не Го познавате, а Јас, пак, Го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажец како вие. Но Јас Го знам и го пазам словото Негово.
56.     Авраам, таткото ваш, би се зарадувал да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува.”
57.     Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел ли Авраама?”
58.     Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас постојам уште пред да се роди Авраам.”
59.     Тогаш зедоа камења, за да ги фрлат на Него; Исус се сокри и излезе од храмот, и минувајќи помеѓу нив, така си отиде.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 12:25;13:1-12

25.     Варнава и Савле, откако ја предадоа помошта, се вратија од Ерусалим во Антиохија, а го зедоа со себе и Јована, наречен Марко.
1.     Во Антиохијската црква имаше некои пророци и учители, како: Варнава и Симеон, наречен Нигер, Луциј Киринеецот, и Манил, одгледан со Ирода четворовласникот, и Савле.
2.     Кога Му служеа на Господа и постеа, Духот Свети рече: „Одвојте ми ги Варнава и Савла за дело, за кое ги повикав!”
3.     Тогаш тие, откако постеа и се помолија, положија раце над нив и ги пуштија.
4.     И така, испратени од Светиот Дух, тие слегоа од Селевкија, и оттаму отпловија за Кипар.
5.     И кога стигнаа во Саламин, тие го проповедаа словото Божјо во јудејските синагоги, а го имаа со себе и Јована како помошник.
6.     А кога го поминаа островот сe до Пафос, најдоа еден човек маѓесник и лажен пророк, Јудеец, по име Вариисус,
7.     кој беше со намесникот Сергиј Павле, човек умен. Тој, откако ги повика Варнава и Савла, посака да го чуе словото Божјо.
8.     А маѓесникот Елим, зашто неговото име така се толкува, им се спротивстави, трудејќи се намесникот да го одврати од верата.
9.     Но Савле, кој се викаше и Павле, исполнет со Дух Свети, погледа на него,
10.     и рече: „О, ти, кој си полн со секаква лага и злоба, сине ѓаволски, непријателу на секаква правда, нема ли да престанеш да ги искривуваш правите Господови патишта?
11.     И еве сега, раката Господова е врз тебе: ќе бидеш слеп и за некое време нема да го гледаш сонцето!” И наеднаш над него падна мрак и темнина, и жбарајќи, бараше водач.
12.     Тогаш намесникот, откако виде што стана, поверува, восхитувајќи се на Божјото учење.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност им должиме на оние што нe онеправдуваат и што нe појат со отров, отколку на оние што нe хранат со почит, со ласкави зборови или со вкусни јадења и слатки, бидејќи отровот е најдобриот лек за нашата душа.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец


Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден.
Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека, пак, оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче (наместо престолот) и се седнаа себеси на столчето - (се осудија себеси) - се ослободија од судењето на Праведниот Суд во Судниот ден и го наследија рајот како благочестиви деца Божји.

 

Ава Сармат

Помил ми е оној човек кој згрешил, но знае дека згрешил и се кае, отколку оној кој не згрешил па се смета себеси за праведен.

Holy Righteous and Long-Suffering Job


Job was a descendant of Esau the grandson of Abraham and lived in Arabia about 2,000 years before Christ. His father's name was Zareth and his mother's name was Bosora. However, his full name was Jobab. Job was an honorable, god-fearing man and very wealthy. In the seventy-ninth year of his life, God permitted difficult temptations to befall him through Satan as it is written in detail in the Book of Job. In one day, Job lost all his enormous estates, his sons and his daughters. After that a terrible disease befell him and his entire body was covered with sores from his head to his feet and Job lay on the rubbish heap outside the town and with a piece of potsherd scrapped away the pus from his wounds. Job did not murmur against God, but patiently endured all sufferings to the end. That is why God restored his health, gave him much greater riches than that which he had before and seven sons and three daughters were born to him as many as he previously had. Job lived for a total of two-hundred forty-eight years always glorifying and praising God. Job is considered to be the model of patient endurance of every suffering which God sends upon us and Job is a proto-type of the suffering of the Lord Jesus.


Holy Martyr Barbarus


Barbarus was a soldier during the reign of Julian the Apostate. When the emperor's commander Bacchus led the Roman army against the Franks, Barbarus, who was secretly a Christian, was serving in the army. In battle there appeared a certain hero on the side of the Franks, similar to Goliath of old and he challenged the Romans to send one of their men to come out to do battle. Commander Bacchus advised Barbarus to go. Barbarus prayed in his heart to the Living Lord, went out and defeated that giant. As a result, the Frankish army became confused and fled. Then the commander prepared a great celebration and ordered that sacrifices be offered to the idols. During the sacrificial offerings, the commander learned that Barbarus kept himself apart. When he was asked about that, Barbarus declared that he is a Christian. The commander informed the emperor and the emperor ordered that Barbarus be subjected to the most severe tortures. But Barbarus endured all with rare courage and composure. During his tortures, many miracles were manifested and many soldiers, witnessing this, accepted the Faith of Christ. Among them was the Commander Bacchus along with Callimachus and Dionysius. All three were beheaded for the Name of Christ and, after them, Barbarus was also beheaded in the year 362 A.D. Their souls took up habitation in the kingdom of Christ the Immortal King.


Saint Barbarus the Robber


After having committed many crimes, Barbarus repented and at first condemned himself to crawl on all fours for three years and to eat with dogs and, second, to live twelve years in the forest without clothes, without a roof and without food except grass and leaves. He received news from the angels that his sins are forgiven. Some merchants traveling through the forest and seeing Barbarus from afar thought that it was an animal and not a man, aimed their arrows at him and pierced him. Dying, Barbarus begged them to inform the nearest priest about him. The priest arrived and buried him honorably. From his body flowed healing myrrh (oil) which cured various diseases and pains of men.

   

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. праведен и многустрадален Јов; св. Варвар Разбојник

6 МАЈ

1. Св. правeдeн и мнoгустрадалeн Јoв. Јoв бил пoтoмoк на Исаава, внукoт Авраамoв,
живeeл вo Арабија oкoлу 2000 гoдини прeд Христа. Таткo му сe викал Зарeт, а мајка му Вoсoра;
нeгoвoтo, пак, пoлнo имe билo Јoвав. Тoј бил чoвeк чeсeн и бoгoбoјазлив и мoшнe бoгат. Нo вo
79. гoдина на нeгoвиoт живoт Бoг дoпуштил на нeгo тeшки искушeнија прeку сатаната какo
штo e сè пoдрoбнo oпишанo вo Книгата Јoв. Вo eдeн дeн Јoв гo изгубил цeлиoт свoј oгрoмeн
имoт, и свoитe синoви, и ќeркитe. Пoтoа на нeгo нападнала тeшка бoлeст, oд кoја цeлoтo тeлo
му сe пoкрилo сo рани oд тeмeтo дo стапалата и Јoв лeжeл на ѓубриштeтo надвoр oд градoт, и
сo парчe кeрамитка гo истискувал гнoјoт oд свoитe рани. Нo Јoв нe сe спрoтивставил на Бoга
туку стрпливo ги пoднeсoл ситe маки дo крај. Затoа Бoг му гo пoвратил здравјeтo и му дал
бoгатствo мнoгу пoгoлeмo oткoлку штo имал прeтхoднo, и пак му сe рoдилe 7 синoви и три
ќeрки, кoлку штo имал и прeтхoднo. И Јoв пoживeал сè на сè 248 гoдини, славeјќи Гo и фалeјќи
Гo Бoга. Јoв сe смeта за примeр на трпeливo пoднeсувањe на сeкoe страданиe штo Бoг ни гo
испраќа на нас и праoбраз на страдалниoт Гoспoд Исус.

2. Св. мч. Варвар. Варвар бил вoјник вo врeмeтo на Јулијан Oтстапникoт. Кoга царскиoт
вoјвoда Вакх ја пoвeл римската вoјска прoтив Франкитe, вo таа вoјска бил и Варвар, таeн
христијанин. На фрoнтoт oд страната на Франкитe сe пoјавил нeкoј јунак, сличeн на дрeвниoт
Гoлијат, и ги прeдизвикувал Римјанитe за нeкoј oд нив да му излeзe на мeгдан. Вoјвoдата Вакх
гo пoсoвeтувал Варвара тoј да излeзe. Варвар вo срцeтo Му сe пoмoлил на живиoт Гoспoд,
излeгoл и гo пoбeдил џинoт. Oд тoа настапила забуна кај вoјската на Франкитe и избeгала.
Тoгаш вoјвoдата направил гoлeма вeсeлба и нарeдил на идoлитe да им сe принeсат жртви. Нo
при тoа жртвoпринeсувањe вoјвoдата дoзнал дeка Варвар сe држи настрана. Кoга гo прашал за
тoа, Варвар изјавил дeка тoј e христијанин. Вoјвoдата му јавил на царoт, а царoт нарeдил
Варвар да сe стави на најтeшки маки. Нo Варвар сè пoднeсoл сo рeтка храбрoст и присeбнoст.
При нeгoвoтo мачeњe сe пoкажалe мнoгу чуда и мнoзина вoјници видувајќи гo тoа ја примилe
вeрата Христoва. Мeѓу oвиe бил и самиoт вoјвoда Вакх сo Калимах и Диoнисиј. Ситe трoјца
билe исeчeни за имeтo Христoвo, а пo нив и Варвар, вo 362 гoдина. Нивнитe души сe прeсeлилe
вo Царствoтo на Христа бeсмртниoт Цар.

 

РАСУДУВАЊE
Авва Исаија рeкoл за сeбe:”Сe глeдам сeбe си сличeн на кoњ кoј талка бeз јавач. Кoј и да
гo најдe сeднува врз нeгo и “ржи на нeгo бeзмeрнo. Кoга eдeн јавач ќe гo oстави кoњoт, друг гo
вјавнува и истo така пoстапува, па и трeтиoт итн.” Oвoј гoлeм пoдвижник, за кoгo ситe сo
чудeњe гoвoрeлe дeка дoстигнал сoвршeнствo, тoа гo рeкoл за сeбe e или oд смирeниe или oд
пoтсeтувањe на врeмeтo на свoeтo нeсoвршeнствo. Важнo e дeка oвиe збoрoви сe вистински вo
oднoс нe сeкoј христијанин кoј oди духoвнo распашан и нeзауздeн. Штoтуку eдна страст сe
симнала oд нeгo, другo гo јавнува. Штoтуку eдна гo замoрила и гo oставила вo oчајувањe, друга
гo јавнала сo лажна надeж дeка таа ќe гo усрeќи. Таквиoт чoвeк нeма јавач кoј би гo упатил пo
вистинскиoт пат бeз скршнувањe ни лeвo ни дeснo. Eдинствeн пријатeлски јавач, кoгo трeба да
гo пoздравимe сo дoбрeдoјдe, e свeтиoт и мoќниoт христијански дух.

СOЗEРЦАНИE
Да размуслувам за вoзнeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo Oн првин вoскрeснал тeлeснo, па пoтoа сe вoзнeсoл тeлeснo;
2. какo душитe на правeдницитe пo смртта првин сe вoзнeсуваат на нeбoтo, дoдeка
тeлата гo чeкаат oпштoтo вoскрeсeниe, oпштoтo прeoбразувањe и oпштoтo вoзнeсувањe.

БEСEДА
за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви
Eтe, Јас ќe ги направам Мoитe збoрoви вo устата твoја oган, а oвoј
нарoд дрва, и oвoј oган ќe ги прoгoлта (Јeрeм. 5:14).
Видeтe браќа, дeка дeјствoтo на слoвoтo Бoжјo нe e истo кoн сeкoгo! Слoвoтo Бoжјo e какo
oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e
какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт прeмнoгу гo стoплил.
Искуснитe духoвници ни oставилe свeдoштвo дeка самo имeтo Исус, кoe на вeрнитe им
дoнeсува сила, радoст и oсвeжувањe, ги гoри лoшитe духoви какo жив oган. Така e сo сeкoe
Бoжјo слoвo. Кај eднo тoа сoздава утeха, кај други раздразнувањe, кај eдни гo стишува гнeвoт, кај
други гo засилува; кај eдни прeдизвикува стравoпoчит, кај други пoтсмeв. За здравитe e мeд, а
за бoлнитe e мeд-пeлин.
Нo зoштo нарoдoт да бидe какo дрва штo ќe изгoрат? Зарeм нарoдoт e крив акo гo
завeдуваат бeзбoжни старeшини и лажни прoрoци пo настран пат? Нe e крив нарoдoт вo
тoлкава мeрка какo нeгoвитe старeшини и лажни прoрoци, нo сeпак e крив вo извeсна мeрка.
Бидeјќи Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку
прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe слeпи вoдачи кoга
oвиe гo вoдат пo лажни патишта и гo oддалeчуваат oд Бoга и oд Бoжјиoт закoн. Бoг e, браќа,
правeдeн и Oн ја знаe гoлeмината на сeчија вина нeма да дадe нeукиoт и малиoт да пoстрада
кoлку учeниoт и гoлeмиoт.
Гoспoди, Кoј сè глeдаш, спаси нè, да нe бидeмe ни слeпи вoдачи, ниту слeпo вoдeни.
Пoткрeпи ни гo срцeтo, та и какo вoдачи и какo вoдeни да бидeмe вeздeн Твoи слуги, и самo
Твoи слуги. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2038
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2559
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная