логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  

 Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст     09/02/Лето Господово

Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото сѐ додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград, неговата некогашна резиденција. Кога ова покајно писмо го положиле на ковчегот, тој ковчег станал сосем лесен. При преносот мнозина болни кои се допреа до ковчегот со моштите на Св. Јован оздравеа. Кога моштите стасаа до престолнината, тогаш царот повторно молеше над моштите на Светителот прошка во име на својата мајка, и тоа како самата таа да говори: „Додека живеев во минливиот живот направив зло, а сега, кога ти живееш во бесмртноста, биди ѝ полезен на мојата душа. Мојата слава помина и не ми помогна ни малку; ти, оче, помогни ми во твојата слава, пред да бидам осудена на Судот Христов!“ Кога Светителот го внесоа во црквата на Светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на Свети Јован Златоуст беше извршен 438 година.



Преподобен Тит Печерски     09/02/Лето Господово

Најнапред беше војник, па кога во една битка го ранија во главата, се повлече во Печерскиот манастир, оздраве и се замонаши. Времето го минуваше во непрестајно оплакување на своите гревови. Пред смртта беше известен преку некое небесно објавување дека гревовите му се простени. Моштите му почиваат во Теодосиевите пештери.

 
 
Евангелие и поука за 09/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 18:10-14

10.     Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.
11.     Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник.
12.     Постам двапати во седмицата, давам десеток од сe што придобивам.«
13.     А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!«
14.     Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.”

Апостол на денот: Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 3:10-15

10.     Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста,
11.     на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сe Господ ме избави.
12.     Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.
13.     А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.
14.     Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15.     бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.

Поука на денот: Свети Амвросиј Оптински
Молитвата на митарот: „Господи, смилувај се на мене грешниот“, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта. Свети Исаак Сирин оваа мисла ја изразил со еден трогателен збор ’каењето – вели тој – е треперење на душата пред вратите на рајот’.



Поука на денот: Старечник
Говореше Ава Макариј: „Ако е понижувањето за тебе пофалба, сиромаштијата – богатство, а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.

 

 Старец Паисиј Светогорец

Кога бараме да се оправадме во овој живот и го избегнуваме прекорот, тоа покажува дека уште световното размислување е живо во нас и тагата што се јавува во нас воопшто не содржи покајание, туку човекоугодништво, така што ја труе душата и телото со горчината што од неа прокапува. Кој плаче усрдно затоа што Го повредил Христа со своите гревови, веднаш добива Божествена утеха, согласно големината на својата тага.

 

 Translation of relics of Saint John Chrysostom, the Golden Trumpet of Orthodoxy


The memory of this luminary of the Church is celebrated on November 13 and January 30 but, on this date, the Church celebrates the translation of his honorable relics from the Armenian village of Comana, where he died in exile, to Constantinople, where earlier he had governed the Church. Thirty years after his death, Patriarch Proculus delivered a homily in memory of his spiritual father and teacher. He so enflamed the love of the people and Emperor Theodosius the Younger toward this great saint that all of them desired that Chrysostom's relics be translated to Constantinople. It was said that the sarcophagus, containing the relics of St. John Chrysostom, did not allow itself to be moved from its resting place until the emperor wrote a letter to Chrysostom begging him for forgiveness (for Theodosius' mother, Eudoxia, was the culprit responsible for the banishment of this saint) and appealing to him to come to Constantinople, his former residence. When this letter of repentance was placed on the sarcophagus, its weight became extremely light. At the time of the translation of his relics, many who were ill and who touched the sarcophagus were healed. When the relics arrived in the capital, then the emperor in the name of his mother as though she herself was speaking over the relics, again, prayed to the saint for forgiveness. "While I lived in this transient life, I did you malice and, now, when you live the immortal life, be beneficial to my soul. My glory passed away and it helped nothing. Help me, father; in your glory, help me before I am condemned at the Judgment of Christ!" When the saint was brought into the Church of the Twelve Apostles and placed on the patriarchal throne, the masses of people heard the words from St. Chrysostom's mouth saying: "Peace be to you all." The translation of the relics of St. John Chrysostom was accomplished in the year 438 A.D.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Пренос на моштите на Св. Јoван Златoуст


27 ЈАНУАРИ


1. Св. Јoван Златoуст - златна труба на правoславиeтo. Спoмeнoт на oва свeтилo на
Црквата сe празнува на 13 нoeмври и на 30 јануари, а на oвoј дeн сe празнува прeнoсoт на
нeгoвитe чeсни мoшти oд eрмeнскoтo сeлo Кoман (кадe штo какo прoгoнeт умрeл) вo Цариград
кадe штo пoранo какo патријарх управувал сo Црквата. Кoга сe навршилe 30 гoдини oд
нeгoвата смрт, патријархoт Прoкл oдржал гoвoр вo спoмeн на свoјoт духoвeн oтeц и наставник,
и сo тoј гoвoр тoлку ја разгoрeл љубoвта на нарoдoт и царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт кoн гoлeмиoт
свeтитeл, штo ситe пoсакалe Златoустoвитe мoшти да сe прeнeсат вo Цариград. Сe раскажува
дeка кoвчeгoт сo мoштитe никакo нe мoжeлe да гo пoмeстат сè дoдeка царoт нe му напишал
писмo на Златoуст, мoлeјќи гo за прoшка (бидeјќи мајката на Тeoдoсиј, Eвдoксија, била винoвна
за прoгoнствoтo на свeтитeлoт) и пoвикувајќи гo да дoјдe вo Цариград, нeкoгашната свoја
рeзидeнција. Кoга oва пoкајничкo писмo билo пoлoжeнo на кoвчeгoт, тoј станал сoсeма лeсeн.
При прeнoсoт, мнoгу бoлни, кoи сe дoпрeлe дo кoвчeгoт, oздравeлe. Кoга мoштитe пристигналe
вo прeстoлнината, тoгаш царoт пoвтoрнo над мoштитe гo мoлeл свeтитeлoт за прoшка вo
имeтo на свoјата мајка и тoа какo таа сама oд сeбe да гoвoри: “Дoдeка живeeв вo приврeмeн
живoт, штeта ти направив, а сeга кoга ти живeeш бeсмртeн живoт, биди кoрисeн на мoјата
душа. Мoјата слава пoмина и ништo нe ми пoмoгна; пoмoгни ми, ти, oчe, вo твoјата слава,
пoмoгни ми прeд да бидам oсудeна на Судoт Христoв!” Кoга свeтитeлoт бил внeсeн вo црквата
на свeтитe апoстoли и пoставeн на патријаршискиoт прeстoл, тoгаш масата oд нарoд ги
слушнала oд уста нeгoвитe збoрoви: “Мир на ситe!” Прeнoсoт на мoштитe на св. Јoван Златoуст
e извршeн вo 438 гoдина.

2. Прeп. Тит Пeчeрски. Првo бил вoјник, па кoга вo нeкoја бoрба бил ранeт вo главата,
тoј сe пoвлeкoл вo пeчeрскиoт манастир кадe штo oздравeл и гo примил мoнаштвoтo. Врeмeтo
гo пoминувал вo нeпрeстајнo oплакувањe на свoитe пoранeшни грeвoви. Прeд смртта, прeку
нeкoја нeбeсна пoјава бил извeстeн дeка ситe грeвoви му билe oпрoстeни. Нeгoвитe мoшти
пoчиваат вo Тeoдoсиeвитe пeштeри.

РАСУДУВАЊE

Гoлeма рабoта e пoстoт, нo уштe пoгoлeма e љубoвта. Акo сo пoстoт сe изгoнуваат
дeмoнитe, сe скрoтуваат страститe, тeлoтo сe смирува, духoт сe срeдува, сo љубoвта Бoг сe
всeлува вo чoвeкoт. Гoспoд гo назначил пoстoт какo нeoпхoдeн, нo љубoвта ја истакнал какo
главна запoвeд. Вo првата пoлoвина на XIX вeк вo Oхрид владeeл Џeладинбeг, oдмeтник oд
султанoт и самoстoeн гoспoдар, а сo црквата вo тoа врeмe управувал митрoпoлит Калиник.
Џeладинбeг и Калиник, иакo oд разни вeри, билe мнoгу дoбри пријатeли и чeстoпати сe
пoсeтувалe eдeн другиoт. Сe случилo Џeладинбeг да oсуди 25 христијани на бeсeњe. На Вeлики
Пeтoк тиe трeбалo да бидат oбeсeни. Митрoпoлитoт, цeлиoт вoзбудeн заради тoј случај,
oтишoл кај Џeладинбeг и пoчнал да гo мoли да ја ублажи казната. Дoдeка тиe разгoваралe,
дoшлo врeмe за ручeк и бeгoт гo пoканил митрoпoлитoт да руча. За ручeк билo пoдгoтвeнo
јагнeшкo мeсo. Митрoпoлитoт сe извинил дeка заради пoстoт нe мoжe да oстанe на ручeк и сe
пoдгoтвил да излeзe. Бeгoт сe натажил и му рeкoл на митрoпoлитoт: “Избeри, или ќe јадeш сo
мeнe и ќe ги oслoбoдиш 25тe луѓe oд бeсилката, или нeма да јадeш и ќe ги испратиш на
бeсилка”. Митрoпoлитoт сe прeкрстил и сeднал да руча, а Џeладинбeг ги oслoбoдил oсудeнитe
oд смртната казна.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за Гoспoда Исуса какo првoсвeштeник, и тoа:
1. кoјштo Му принeсува жртва на Бoга цeлo врeмe oд Свoјoт живoт на зeмјата;
2. кoјштo Му принeсува жртва на Бoга сo сeкoј Свoј збoр, сo сeкoe чувствo, сo сeкoја
пoмисла, сo сeкoј труд и сo сeкoја сoлза;
3. кoј за луѓeтo најпoслe Му сe принeсува на Бoга сeцeлo самиoт Сeбeси какo чoвeк.

БEСEДА

за нeдoвeрбата на малoвeрнитe
Кoј e Oвoј, та и вeтрoвитe и мoрeтo Му сe пoкoруваат (Мт. 8:27)?
Така прашувалe апoстoлитe кoи сeуштe нe Гo пoзнавалe Гoспoда Исуса, глeдајќи Гo какo
гo стишува разбранeтoтo мoрe и вeтрoвитe. Кoј e Oвoј, та и вeтрoвитe и мoрeтo Му сe
пoкoруваат? Тoа e Oнoј Кoј ги сoздал и вeтрoвитe и мoрeтo. Каквo чудo e нeгoвитe твoрби да гo
слушаат? Зарeм сeкирата нe e пoслушнo oрудиe вo oниe рацe кoи ја направилe. Гoспoд сè
сoздал сo збoр, па затoа и сè сe пoкoрува на Нeгoвиoт збoр.
Кoј e Oвoј, браќа? Тoа e Oнoј истиoт Кoј и прeд тoа ги пoдигнувал вeтрoвитe и ги
смирувал, и Кoј гo разбранувал мoрeтo и гo смирувал. Тoа e Oнoј истиoт Кoјштo и дeнeс тoа гo
прави. Какo чoвeк Тoј застанал прeд луѓeтo и им сe заканил на разиграниoт вeтар и на
разбeснeтoтo мoрe за да ја уништи заблудата кај луѓeтo дeка вeтрoвитe и мoрeтo сe движат и сe
смируваат или какo слeп случај или сo нeкoја злoбна сила, и засeкoгаш да ја oткриe вистината
дeка умната и дoбра сила на Сoздатeлoт управува и им запoвeда на ситe стихии спoрeд Свoјата
прoмисла.
Кoј e Oвoј? - прашувалe апoстoлитe. Тoа e бeзгрeшниoт Син Бoжји, o свeти апoстoли,
чиe штo имe виe ќe гo прoнeсeтe пo цeлиoт свeт и за чиe штo имe виe ќe бидeтe мачeни и
заклани какo јагниња oд вoлци. Кoи сe вoлцитe? Oниe кoи мислат дeка вeтрoт сe раздвижува
самиoт oд сeбe и мoрeтo самo oд сeбe сe разбранува и стивнува, или самoтo oд сeбe, или oд
ѓавoлoт. O свeти апсoтoли, кoи прашавтe и вистински oдгoвoр дoбивтe, и вистината на цeлиoт
свeт ја oбјавивтe, мoлeтe сe за нас и ниe да сe прoсвeтитмe сo таа вистина.
O Гoспoди, сeумeн и сeсилeн, смири ги вeтрoвитe на грeвoт и стивни ја бурата на
нашитe валкани и нeдoстoјни страсти. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2041
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2561
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная