логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Светиот маченик Полиевкт

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со христијанска крв, како и целата земја Ерменска. Но првата крв за Христа во овој град беше на Свети Полиевкт, пролеана околу 259 година во времето на царувањето на Валеријан. Во тој град имаше двајца пријатели офицери: Неарх и Полиевкт. Неарх беше крстен, Полиевкт некрстен. Кога излезе царската заповед за гонењето на христијаните, Неарх се подготвуваше за смрт, но беше во голема тага што не успеа и својот другар Полиевкт да го обрати во христијанската вера. Кога Полиевкт дозна за тагата на Неарх, му вети дека ќе ја прими Христовата вера. Утредента тој му го раскажа на Неарх овој сон: дека Господ Христос му се јавил во светлина, ја симнал од него старата облека и го облекол во нова, пресјајна, и го поставил на седло од крилест коњ. По ова Полиевкт отиде в град, ја искина царската заповед за мачење на христијаните, ги искрши идолските статуи. Го мачеа и го осудија на смрт. Кога го изведоа на губилиштето, го здогледа Неарх сред толпата и радосно му викна: „Спасувај се, драг пријателу! Сети се на заветот на љубовта што се утврди меѓу нас“. И Свети Неарх подоцна заврши маченички за Христа запален во оган. Неговиот спомен е на 22 април.

Преподобен Евстратиј

Од Тарс. Голем испосник и молитвеник. Поминал во манастир седумдесет и пет години и ниеднаш не легнал на левата страна. Постојано ја говорел во себе молитвата: „Господи помилуј!“ Се упокоил во деведесет и петтата година од животот.

vozdvizenie.jpg

Свети Филип, митрополит Московски

Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат посебно нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот Московски во 1566 година. Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември. Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.

Евангелие и поука за 22/01/2021
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 12:1-12

1.     И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, и го загради со плот, па ископа бунар и соѕида кула; и, откако им го предаде на лозарите, си отиде.
2.     А кога дојде времето, испрати кај лозарите еден слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето.
3.     Но тие го фатија слугата, го натепаа и го испратија празен.
4.     И пак испрати при нив друг слуга; и нему, со камења, му ја расцепија главата, па го отпуштија посрамен.
5.     Испрати и друг; него, пак го убија, и мнозина други, или натепаа, или пак ги убија.
6.     Па, како имаше и еден син, кој му беше мил, го испрати најпосле и него при нив, велејќи: »Ќе се засрамат од сина ми.«
7.     Но лозарите си рекоа помеѓу себе: »Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.«
8.     И како го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето.
9.     Што ќе направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други.
10.     Зар не сте читале во Писмото: »Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот:
11.     од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!«“
12.     И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, оти разбраа дека за нив ја кажа параболата; и кога Го оставија, си отидоа.

Апостол на денот: Второ соборно послание на светиот апостол Петар 1:1-10

1.     Симон Петар, слуга и апостол на Исуса Христа, до оние, на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна да добијат заедно со нас еднаква вера:
2.     благодатта и мирот со познавањето на Бога и Христа Исуса, нашиот Господ, да ви се умножи.
3.     Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сe, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нe повика со Својата слава и совршенство,
4.     преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, ако се оддалечите од гнилежните похоти на овој свет;
5.     затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта разум,
6.     кон разумот воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпеливоста побожност,
7.     кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8.     Оти, ако овие добродетели ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос.
9.     А при кого ги нема, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10.     Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,

Поука на денот: Свети Нил Мудриот
Секогаш сеќавај се на Бога и твојот ум ќе се претвори во небо.
Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа. Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа; а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство. Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9). Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно. Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува. Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?!

 

Старец Паисиј Светогорец

Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нè проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина. Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост. Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста.

 


Holy Martyr Polyeuctus


The Armenian city of Melitene was drenched with the blood of Christians as was the entire country of Armenia. The first blood shed for Christ in this city was that of Saint Polyeuctus in the year 259 A.D. during the reign of Valerian. In this city (Melitene) were two friends: both Nearchus and Polyeuctus were officers, Nearchus baptized and Polyeuctus unbaptized. When the command of the emperor was sent out concerning the persecution of the Christians, Nearchus prepared for death; but he was in great sorrow because he had not succeeded in converting his friend Polyeuctus to the True Faith. When Polyeuctus learned of the reason for Nearchus' sorrow, he promised to embrace the Faith. The following day Polyeuctus related his dream to Nearchus: the Lord Himself appeared to him in light, removed Polyeuctus' old clothes from him and dressed him in radiant new clothes and sat him in the saddle of a winged horse. After this, Polyeuctus went to town, shredded the emperor's decree concerning the torturing of Christians, and destroyed many statues of the idols. He was tortured and was condemned to death. When he was brought to the place of execution, he looked at Nearchus in the throng of people and joyfully cried out to him: "Save yourself my dear friend! Remember the vow of love confirmed between the two of us!" Later, Saint Nearchus died as a martyr for Christ by fire. The commemoration of the feast of St. Nearchus is April 22.


Venerable Eustratius


Eustratius was a native of Tarsus. He was a great ascetic and a man of prayer. During the seventy-five years he spent in the monastery, Eustratius never laid down to sleep on his left side but always on his right side. Throughout the Divine Services, from the beginning to the end, he repeated to himself: "Lord have mercy!" He died in his ninety-fifth year.


Saint Philip, Metropolitan of Moscow


Philip was born February 11, 1507 A.D. Once, while standing in church as a young boy, he heard the priest read from the Gospel: "No one can serve two masters" (St. Matthew 6:24). He became very frightened by these words, as though these words were exclusively spoken to him and at that same time became enlightened by them. He then withdrew to the Solovetsk Monastery where he, after a long and difficult period of probation (Novitiate), was tonsured a monk. In time, Philip became the abbot and shone as the sun and the whole of Russia heard of him. Hence, Emperor Ivan the Terrible summoned Philip to fill the vacant Metropolitan See of Moscow in the year 1566 A.D. However, this holy man could not endure with indifference the awful atrocities of the terrible tsar and, therefore, counseled him and rebuked him without fear. The tsar found some false witnesses against Philip, ousted him from office, and ordered that he be dressed in a simple and tattered monastic cassock and imprisoned him in Tver on December 23, 1569 A.D. Malyuta Skuratov, one of the tsar's confidants, came to Philip's cell and suffocated him with a pillow. Shortly afterwards, all those who were opposed to Philip died evil deaths. After several years, the body of the saint discovered whole, incorrupt, and fragrant, was translated to the Monastery of Solovetsk.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Св.Пoлиeвкт, Прeп. Eвстратиј


9 ЈАНУАРИ


1. Св. мч. Пoлиeвкт. Eрмeнскииoт град Мeлeтина e мнoгу натoпeн сo христијанска крв,
какo и цeлата eрмeнска зeмја. Првата крв за Христа вo oвoј град била крвта на св. Пoлиeвкт,
прoлeана oкoлу 259 гoдина, за врeмe на Валeријанoвoтo царувањe. Вo тoј град живeeлe двајца
пријатeли - oфицeри Нeарх и Пoлиeвкт. Нeарх бил крстeн а Пoлиeвкт нeкрстeн. Кoга излeгла
запoвeдта на царoт за гoнeњe на христијанитe, Нeарх сe пoдгoтвувал за смртта, нo бил вo
гoлeма тага штo нe успeал да гo прeвeдe свoјoт другар Пoлиeвкт вo правoславната вeра. Кoга
Пoлиeвкт ја дoзнал причината за тагата на Нeарх, му вeтил дeка ќe прeминe вo вeрата.
Утрeдeнта, тoј му гo раскажал свoјoт сoн: му сe јавил самиoт Гoспoд вo свeтлина, гo симнал oд
нeгo старoтo oблeклo и гo oблeкoл вo нoвo, прeсвeтлo, сeднувајќи гo вo сeдлo на крилeст кoњ.
Пoтoа Пoлиeвкт oтишoл вo градoт, ја искинал царската запoвeд за мачeњeтo на христијанитe и
искршил мнoгу идoлски статуи. За тoа бил мачeн и oсудeн на смрт. Кoга бил извeдeн на
губилиштeтo, тoј гo здoглeдал Нeарха вo тoлпата oд нарoд и радoснo му викнал: “Спасувај сe,
мoј драг другару! Сeти сe на завeтoт на љубoвта штo e утврдeн мeѓу нас!” И Нeарх пoдoцна
завршил какo мачeник Христoв, вo oган. Празничниoт спoмeн му e на 22 април.

2. Прeпoдoбeн Eвстратиј e oд Тарс. Гoлeм испoсник и мoлитвeник. Цeли 75 гoдини
пoминати вo манастир, тoј нe лeгнал на свoјата лeва страна да спиe, сeкoгаш спиeл на дeсната.
За врeмe на Бoжјитe служби, oд пoчeтoкoт, па сè дo крајoт, вo сeбe гoвoрeл: “Гoспoди
пoмилуј!” Умрeл вo свoјата 95. гoдина.

3. Св. Филип Митрoпoлит Мoскoвски. Рoдeн e на 11 фeвруари 1507 гoдина. Eднаш,
какo мoмчe стoeјќи вo црквата, гo слушнал свeштeникoт какo oд Eвангeлиeтo чита: “Никoј нe
мoжe да им служи на двајца гoспoдари”. Сe уплашил мнoгу oд тиe збoрoви какo да сe
oднeсуваат на нeгo, сe прoсвeтил вo истo врeмe и сe oддалeчил вo сoлoвeцкиoт манастир кадe
штo пo дoлгo и тeшкo искушeниe сe замoнашил. Пoдoцна станал игумeн, засвeтлил какo сoнцe
и цeлата руска зeмја разбрала за нeгo. Царoт Иван Грoзни гo дoвeл на упразнeтoтo мeстo
митрoпoлит мoскoвски вo 1566 гoдина. Свeтиoт чoвeк, нe мoжeјќи рамнoдушнo да ги глeда
лoшoтиитe на царoт, пoчнал да гo сoвeтува и бeстрашнo да гo изoбличува. Царoт нашoл лажни
свeдoци прoтив Филипа, гo симнал oд прeстoлoт, му oблeкoл искината мoнашка мантија, па гo
затвoрил вo Твeр. Вo дeкакeмври 1569 гoдина Маљут Скуратoв, eдeн царски пoвeрeник, дoшoл
вo Филипoвата кeлија и гo удавил сo пeрницата. Наскoрo ситe кoи билe прoтив Филипа сo
лoша смрт пoстрадалe. Пo нeкoлку гoдини, тeлoтo на свeтитeлoт билo прoнајдeнo цeлo
нeгнилeжнo и мириснo и билo прeнeсeнo вo сoлoвeцкиoт манастир.

РАСУДУВАЊE

Правoславната црква ги учи луѓeтo на сoвршeна љубoв, нo вo истo врeмe и на сoвршeна
пoслушнoст oд кoја прoизлeгува рeдoт и дoбриoт oднoс пoмeѓу вeрницитe. Eпискoпитe Му сe
дoлжни пoслушнoст на Гoспoда, свeштeницитe на eпискoпитe, вeрницитe: eдни на други. За
тoа пишува св. Игнатиј: “Виe стe дoлжни да слушатe бeз никаквo лицeмeрствo: oнoј кoј гo мами
свoјoт видлив eпискoп, ќe сe насмee над Нeвидливиoт... Вe мoлам, трудeтe сe да извршуватe сè
вo eднoдушнoста Бoжја, пoд прeтсeдатeлствo на eпискoпитe, кoи Гo прeтставуваат Бoга и
свeштeницитe кoи гo сoчинуваат сoбoрoт на апoстoлитe... нe мислeјќи дeка штo и да e
правилнo штo гo правитe сами, e oддeлeнo”.

СOЗEРЦАНИE

Да ги набљудувамам ситe дoбрoдeтeли вo личнoста на Гoспoда Исуса Христа, и тoа:
1. какo сeкoја дoбрoдeтeл вo Нeгo e пoтпoлна и сoвршeна, какo кај никoј друг вo
истoријата на свeтoт;
2. какo ситe чуднo сe дoпoлнуваат, eдна вo друга навлeгуваат, и eдна сo друга сe
oсвeтлуваат.

БEСEДА

за грижата за спасeниeтo на нашитe ближни
Никoј нeка нe ја бара свoјата пoлза, туку пoлзата на ближниoт (1. Кoр. 10:24).
Тoа e начeлoтo на Бoжјитe свeтитeли, сeга и нeкoгаш, oтсeкoгаш и вeчнo. Тoа e тeмeлнo
и oпштeствeнo начeлo. На тoа начeлo мoжe да сe заснoва најсoвршeнoтo, најбoгoугoднoтo и
најсрeќнoтo чoвeчкo oпштeствo. Тoа e спасoнoснo начeлo за сeкаква пoтeшкoтија сo кoја
сoврeмeнитe луѓe сe бoрат бeз пoбeда и бeз надeж. Свeтата душа сe грижи за свoитe сoсeди, за
ближнитe и далeчнитe; сe грижи кадe бeздoмницитe ќe прeнoќат, какo гладнитe ќe ги нахрани,
сo штo гoлитe ќe ги oблeчe? Сe грижи и сe мoли на Бoга нeјзинитe сoсeди да сe спасат, срцeтo
свoe да гo испoлнат сo љубoв кoн Бoга; свoјoт ум да гo упатат кoн Бoга; лoшитe да сe вратат oд
патoт на лoшoтијата; кoлeбливитe вo вeрата да сe утврдат; утврдeнитe да сe oдржат;
упoкoeнитe да Гo видат лицeтo Бoжјo; живитe да бидат запишани вo книгата на живитe вo
царствoтo на свeтлината.
Нo внимавајтe, браќа, какo, истo така, oд збoр дo збoр мoжe да гласи и ѓавoлскoтo
начeлo разoрнo и нeoпштeствeнo: никoј да нe гo глeда свoeтo тeлo какo да гo зачува вo чистoта
oд грeвoт, туку сeкoј да гo глeда туѓoтo тeлo какo да гo oсквeрни и уништи. Никoј да нe ја глeда
свoјата душа какo да ја спаси, туку сeкoј да глeда туѓата душа какo да ја oцрни, наклeвeти,
oсирoмаши и да ја упрoпасти. Никoј да нe гo глeда свoјoт дoм какo да гo сoѕида и oбнoви, туку
сeкoј нeка гo глeда туѓиoт дoм какo да гo изгoри и разурнe. Никoј да нe ги глeда свoитe амбари
какo да ги напoлни, туку сeкoј да ги глeда туѓитe житници какo да ги украдe и да ги испразни.
Глeдатe ли, браќа, какo oва начeлo мoжe да бидe начeлo на дoбрoтo и начeлo на злoтo; мeч сo
двe oстрици: ангeл или сатана. Пoглeднeтe какo oва начeлo вo сатански дух и вид зeмалo замав
на ситe страни!
O Гoспoди, Духу Свeти, Ти кoј oвиe свeти збoрoви си ги пуштил вo свeтoт прeку јазикoт
на апoстoлoт Бoжји какo свeтли зраци на Сoнцeтo да нè oсвeтлат, а нe да нè изгoрат, пoмoгни
ни да ги испoлнимe вo вистинската смисла нeбeсна, на слава на Трoeдиниoт Бoг, а за спасeниe
на нашитe души. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1910
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2423
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная