логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Siluan.Atonski1.jpg

Поставување основа за верско воспитување на децата


Епископ Иринеј Сибирски и Екатеринбурски
Според зборовите на премудриот Соломон, „Почетокот на мудроста е стравот Господов“ (Изреки 1,7). Врз основа на ова, првата доблест која родителите треба да ја засадат во душата на децата што е можно порано е, стравот Божји – со други зборови, вера и преданост кон Него.
Но зошто, можеби ќе прашате, мора ние родителите, а особено ние мајките да ги учиме нашите деца на вера и побожност од нивното детство? Бидејќи ако детето се подучи да биде побожно и го прифати животот на Црквата од рана возраст може да имаме некаква вера дека во неговите зрели години, кога искушенија ќе го опкружат од сите страни и сурови страсти ќе го опседнат, тој ќе остане благочестив христијанин, држејќи се до христијанските принципи што ги научул од неговата мајка.

 Основните верски предупредувања со кои една христијанска мајка го храни своето дете заедно со нејзиното млеко најчесто остануваат во него целиот негов живот. Дури ако детето подоцна е победено од гревовните страсти или е заблуден од зли примери и чекори кон лош пат, тој полесно ќе се покае и побрзо ќе се врати на патот на доброто отколку некој што не бил подучуван на христијански принципи од детството. Дури ако тој го одрекува патот кон спасение, сеќавањето за неговите безгрешни и среќни детски години понекогаш ќе се разбудат во него. Тој ќе се сети на едноставните молитви што ги научил од усните на неговата мајка – кои можеби подолго време биле заборавени – и опомените што му ги дала кога седел во нејзиниот скут. Бидејќи живеел грешен живот, тој заборавил да се моли, но сепак некоја ноќ кога оди на спиење несвесно ќе се сети дека неговата мајка го научила да се прекрсти пред спиење и дека таа се крстела, но и него исто така. 

Убавите сеќавања од безгрешното детство има разбудено многумина од летаргијата на гревот и ги донеле поблиску до Бога. Затоа разберете, голема благодат за децата е да имаат благочестиви мајки. Во нивните најрани години тие ги подучуваат да имаат вера во Бога и побожност. Детето треба да учи за Бога од неговата мајка – а не од неговата докторка или учителка. Во домашниот параклис, а не во училишниот двор, детето треба да ги принесе своите утрински молитви бидејќи неговата мајка е таа која треба да го подучува да се моли. Така е секогаш во вистинските побожни и благочестиви семејства.
Св. Јован Златоуст пишува: „Веднаш штом ќе започнат децата да разбираат, родителите треба да ги учат на Симболот на верата, како да се молат и да пеат и типикот на Богослужбите“. Истиот архиереј го дава следниов совет на мајките: „Мајки, учете ги вашите млади деца да се крстат. Ако не можат да се крстат самите, крстете ги со вашите раце.“ Тој исто така пишува до одредена вдовица наречена Лето: „Би било пријатно за мајката христијанка да го подучува нејзиното мало дете да го изговара најслаткото име на Исус, додека неговиот глас е сè уште слаб и неговиот јазик пелтечи.“

Ова ни кажува, дека родителите, особено мајките, кои ја носат најголемата одговорност за воспитување на своите деца во првите години од својот живот, мора да им ги засадат верските чувства во нивните души од нивната мала возраст за да подоцна донесат плодови на вера и благочестие.
Како можеме да го направиме ова? Како можеме да вдахновиме верски чувства во нашите деца?
Родителите можат да го постигнат ова преку подучување на основните вистини на нашата света вера во своите деца додека сè уште се млади. Не плашете се! Секоја мајка може да го направи тоа; многу е лесно.

Со едноставни, искрени зборови, нека им зборува колку што е можно почесто за Нивниот милостив и добар Отец Небесен, Кој ги сака толку многу и им дава сè што е добро. Подоцна, на периоди, таа нека им кажува за животот на првите луѓе во Рајот, колку блажени биле таму сè додека Му беа послушни на Бога, и дека Небесата ќе биде неспоредливо подобра за оние кои го почитуваат Бог и нивните родители. Таа, исто така, треба да им каже дека Адам и Ева згрешиле, и поради овој грев, тие и сите луѓе по нив станеле несреќни. Затоа Спасителот требало да дојде на земјата за да би можело луѓето повторно да се вратат во Рајот, кој Бог го беше затворил поради гревот на првите родители.
Мајката треба исто така да им каже на своите деца за раѓањето на Исус Христос, за побожните овчари, за трите мудреци, за злобниот цар Ирод кој ги заклал невините бебиња, исто така и за влегувањето на дванаесетгодишниот Исус во Храмот и неговиот работлив живот во Назарет. Таа исто така треба да им раскаже за Неговите страдања и смрт на Крстот, објаснувајќи дека Господ сето ова го истрпил бидејќи луѓето биле многу лоши. Потоа мајката нека продолжи да зборува за Воскресението и за Вознесението Господово на Небесата. Детето ќе сака неговата мајка да му раскажува сè повеќе и повеќе...

Потоа таа може да му раскаже за Божјата мајка – Нејзиното воведение во Храмот на три години, за нејзиниот живот таму, и освен тоа, дека Таа го сака човештвото и ги исполнува молитвите на оние кои ѝ се молат. Мајката нека зборува со него за светите ангели, особено за Ангелот Пазител, кој сака добри деца!
Таа исто така треба да ги користи различните празнични денови да ги учи нејзините деца за големите вистини на нашата света вера. Таа може да ги користи светите икони  кои се во секој христијански дом и крстовите што ги носат нејзините деца за да им каже Кој е распнат на Крстот и што отсликуваат светите икони. Секој ден треба да го носи детето до ѕидот со икони за да се прекрстат и да се молат. Конечно и најважно, таа не треба да пропушта да го носи своето дете во црква за да го причести секоја недела.
Правејќи го ова, добрата мајка ќе го научи детето на основните вистини на христијанството, кои дури и најмалото дете е во состојба да ги асимилира, пред да почне да оди во училиште. Децата покажуваат поголема заинтересираност од возрасните за сè што се однесува за Божественото, бидејќи растат под влијание на благочестиви мајки.

Колку е лесно, на пример, да се поврзе Божикната елка со приказната за Христовото раѓање. Колку е лесно за време на Пасха да им се каже на децата приказната за тоа како Спасителот страдал и умрел за човечките гревови. Детето ќе разбере дека поради оваа причина не треба да грешиме. Кажете му исто така дека Бог Го воскресна – дека и ние ќе умреме, но ако сме добри Спасителот ќе нè воскресне исто како Лазар.
Колку е лесно да се инспирира љубов и почит во мало дете за Богослужбите на Црквата! Доволно е да разбере дека во црква, Господ, Кој е насекаде присутен, е повеќе воочлив – Бог Кој ги сака децата толку многу и Кој ги повикува кон Себе. Исто така, во црква мора да бидеме тивки, внимателно да се крстиме и да се молиме.

Да, родители! Ако вашите срца се преполни со вера и љубов за Бога, ќе најдете илјада начини да ги пренесете тие чувства на вашето дете. Ние најмногу им грешиме на нашите деца ако ги лишиме од богатството на верата и побожноста. Сосема е точно тврдењето дека „душата на човекот (следствено и на детето) по природа е христијанска.“ Бог очекува да види христијански карактеристики во детската душа. Псалмистот со право пишува: „Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја“    (Пс. 8,2). Поради оваа причина, со цел да се развие и цврсто вкорени духовноста на вашето дете, научете го да се моли на Бога,  додека е млад. Тој може да се моли, колку и да е млад. Ако веќе ги моли своите родители за сè што посакува, зошто не може да Го моли Небесниот Отец? Но, сепак започнете да го подучувате додека е мал, и молитвата ќе стане неопходност за него. Редовно кажувајте ги утринските и вечерните молитви заедно со вашите деца како и молитвите пред и по оброците, така што тие не би седнале на маса како неразумни ѕверови до нивните јасли, но ќе научат дека ако сакаме подароци од Бога, мораме да молиме и  да Му благодариме за нив. Секое дете треба да ја знае „Оче наш“, „Богородице дево“ и други кратки молитви.

Многу е жално што семејната молитва речиси сосема исчезна во денешно време. Навистина, поради оваа причина гледаме толку многу несреќни семејства и толку многу грешки во одгледувањето на детето – луѓето престанале да се молат. Господовите зборови „Барајте и ќе ви се даде“ (Мат. 7, 7) сè уште, како и секогаш, имаат моќ. Можеби некој ќе возврати: „Детето не ги разбира молитвите.“ Секако дека целосно не го разбира значењето на молитвите; но сепак ќе навлезе малку во „атмосфера на побожност“, која навистина му е потребна. Може да го чувствува Бога иако сè уште нема каква било претстава за Него.
Тој чувствува дека таму постои некое повисоко Битие Кој нè љуби нас и Кого ние исто така треба да Го љубиме. Кога детето ги кажува зборовите од молитвите, тој мисли на Бога и ги принесува чувствата кон Него. Таквата молитва која доаѓа од невиното детско срце е многу поугодна на Бога од молитвата на интелектуалец, кој целосно ги разбира зборовите на молитвата, и кој ги принесува со својот ладен разум, а не со топло срце. Псалмистот ни кажува колку Му се угодни на Бога молитвите од децата: „Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја“ (Пс. 8, 2).
Со цел родителите христијански да ги подучат своите деца, тие самите најнапред мораат да бидат побожни и со страв Божји; тие самите треба да сакаат да се молат. Ако мајката нема вера и побожност, ако не наоѓа – бидејќи не бара – радост и утеха во молитва, таа нема да успее во подучување на нејзините деца да бидат побожни. Само кога детето ја гледа својата мајка, која се моли искрено и постојано, ќе научи да го прави истото.

Гледате, драги родители, зошто е потребно да ги учите децата на побожност уште од најрани години. Гледате, особено мајките, треба да ги подучуваат своите деца на вера, побожност, и молитва уште пред да одат на училиште. Затоа ви се обраќам вам, христијански мајки: најголемото наследство што може да им го оставите на вашите синови, најбогатиот мираз што можете да го подготвите за вашите ќерки, навистина е христијанското воспитание. Како што кратко ви укажав, учете ги на основните вистини за нашата света вера, учете ги на побожност и молитва. Поучувајте со зборови, но најмногу преку примери. Попусто катихетите (оние што подучуваат за крштение) и учителите подоцна работат вашите деца да бидат добри, побожни христијани, ако темелите не се поставени дома. Ако ги подучувате вашите деца во побожност и страв Божји, може да се надевате дека ќе ви бидат утеха и радост – затоа што ако се плашат и го љубат Бога, тие исто така ќе бидат послушни и благодарни кон вас. Ако ги учите вашите деца да ги исполнуваат своите должности кон Бога, тие исто така ќе ги исполнат своите обврски кон вас.
Затоа, родители, „подигнете“ ги вашите деца кон Бога и небото! Тогаш вие исто така ќе имате радост од нив овде на земјата.

Превод од англиски: Александар Божиноски

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная