логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 markov.sv.Zlata1.jpg

Трите дрвја

Ова е навидум наивна приказна, една скаска но, која има длабоко значење и голема поука.


Еднаш во една гора имало три дрвја и секое од нив си  имало свои планови и мечти.

Првото дрво сакало да се удостои да стане еден ден скапоцен сандук- прекрасно изработен, со резби, и во него да се чуваат скапоцени работи.

Второто дрво посакувало да падне во раце на добар мајстор за кораби и да стане голем кораб, со прекрасен облик, величествен, кои ќе превезува цареви и великодостоинственици со кои ќе патуваат луѓе на високои позиции.

Третото дрво велело, дека  многу сака само да стане највисокото и најсилното дрво во гората, така што луѓето кои што гледаат високо кон неговиот врв, да се чудат и да си мислат за небото и Бога.

Така минале години и работите се развиле сосема поинаку. Отишле дрвари во гората. Го исекле првото дрво.  И додека тоа жаднеело да стане прекасен дрвен сандук за скапоцености, дрводелецот направил сад за храна – јасли за сено на животните.

Од второто дрво кое мечтаело да стане прекрасен кораб, кој ќе превезува цареви, направиле мало рибарско кајче, кое сиромашните рибари го користеле, за да ловат риба.

А пак третото дрво кое сакало да стане највисоко во гората, го исекле и го оставиле во складот на дрводелецот.

Минале години. Дрвјата, нажалени од развојот на нештата,  ги заборавиле своите мечти.

Еден ден пак, еден маж и една жена дошле во шталата, каде што се наоѓало дрвеното корито – јасли со сено,  и  таму жената родила Младенец, и го положиле во јаслите кои биле направени од првото дрво. Тоа биле балжениот Јосиф и пресвета Богородица. Во тие дрвени јасли не положиле просто злато или дијаманти, туку Самиот Бог, Кој што беше станал за нас Човек. Така тоа корито за хранење – јасли, се удостои да го прими во себе Богатството на богатствата – Самиот Бог!

Во малото рибарско кајче, направено од второто дрво, по извесно време се качиле рибари и Еден од нив изморен, легнал да спие. Излегле со кајчето на отворено море. Настанала голема бура и невреме. Рибарското кајче не било доволно јако за да издржи невремето. Тогаш сите останати го разбудиле Оној, Кој што спиел. Он станал и му заповедал на разбранетото море: “Молкни! Престани!” Морето веднаш се смирило. Тоа бил Христос во Генисаретското езеро, заедно со учениците Свои. Така второто дрво кое имало амбиција да стане гоелм кораб и да превезува цареви и великани, се удостоило да го превезува Царот на царевите, Самиот Христос со Неговите ученици.
 
А пак третото дрво, кое се наоѓало во складот на дрводелецот, еден ден било земено и од него направиле крст. На тој крст го распнале Христа. Така дрвото станало многу повисоко отколку што можело да посака. Стигнало до небесата и до Бога.  Се изедначило, како што се пее во еден тропар,  со небото.

Всушност конечно, секое од дрвата во оваа приповетка, го достигнало не само она кое го посакувало, туку и несразмено повеќе, иако не токму онака како што си го претставувало.

Оваа приказна  ни говори за следното: ние не знаеме каква е Божјата волја за нас. Треба да имаме мечти, желби. За добро. Но, не треба да заборавиме, дека некои нешта не секогаш се развиваат, како што ние сакаме. Но, Бог ги прави нив подобри отколку што ние сакаме и си ги претставуваме.

Подготви: Маја Белева

Извор: www.pravoslavie.bg



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1484
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1712
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3888
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/06/2025 - четврток

Петровденски пости (на масло)

Св. маченичка Аквилина; Св. Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска; Св. Ана и нејзиниот син Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная