логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Сонот и телесните искушенија

markov.sv.Zlata1.jpg


Сонот се јавува како неопходна, природна потреба во животот на човекот. Но има разни соништа – едни се од Бога, а други од лукавиот. Кога некому му се случи во сон да биде подложен на блудни дејства и да биде телесно искушан додека спие, тоа во православието се нарекува „осквернување во сон“.

Најчесто гревовните соништа се јавуваат поради нашите гревовни вини, како што се: осудување на ближниот, гордост и празна слава, нашето невоздржување: прекумерно јадење и пиење, многуспиење и слично.

Доколку на човек му се случи да биде осквернет во сон од блудни искушенија, тој треба да го прочита „Молитвеното правило при осквернување“. При читањето на ова правило, се повикува благодатта на Светиот Дух која очистува од секоја душевна и телесна скверност, од секакво мечтаење.

Понекогаш осквернувањето во сон може да се јави и поради болест и телесна слабост или немоќ на природата, како и поради зависта на ѓаволот. Во тој случај, тоа е безгрешно, но сепак е добро да се прочита Молитвеното правило при осквернување. Всушност, секогаш е полезно при било каква гревовна  или природна немоќ да се укориме себе си и да се смириме пред Бога.

Често се поставува прашањето: Дали може да се причести човек кој имал нечист сон ноќта пред самото Причестување?

Еве како на тоа одговорил Светиот Тимотеј Александриски во своето 12-то правило: „Доколку (човекот) бил подложен на мечтаење по жена, тогаш тој не смее да се причести. Доколку, пак, сатаната го искушува за да го оддели од приопштувањето кон Божествените Тајни, тогаш треба да се причести, инаку искушувачот нема да престане да го напаѓа во времето кога тој треба да се приопшти (кон Светите Тајни).“

На искушаните со ноќно осквернување, светиот Петар Александриски во четвртото правило по ова прашање им советува: „...да ја следат својата совест и да се испитуваат себе си, дали заради тоа наоѓаат во себе некакво сомневање, или не: подобно на зборовите на Апостолот во врска со јадењето: „ако јаде со сомневање, ќе биде осуден“. Така и во овој случај, оние што пристапуваат кон Бога, треба да имаат мирна совест и трезвенодејствие по сопственото расудување.

Во советите кон верниците, протоереј Валентин Мордасов, имајќи сериозен и строг пристап кон ова прашање, говори: „Неопходно е (после ноќно осквернување) да се прочита Молитвеното правило при осквернување, зашто инаку е грешно да се оди во Храмот, да се целиваат иконите, да се пие крстена вода и да се јаде нафора. Оние, пак, кои сакаат да им пристапат на Светите Тајни, треба да се покаат пред духовникот на исповед.  Тогаш се одредува: по која причина дошло до осквернување? Дали по твоја вина (си се прејал, долго си спиел, на меко и во топло, си осудувал некого итн.) или по вина на ѓаволот кој ти наметнал таков сон за да не ти дозволи да се причестиш, или, едноставно, за да те оскверни. Останува на духовникот да одлучи како понатаму да постапи со искушаните.“

Сепак, понекогаш се случува поради оправдани причини човек да нема можност да го прочита Молитвеното правило при осквернување пред да оди во Храмот. Во тој случај, тој може да Му принесе на Бога барем една кратка покајна молитва и да оди во Храмот, но веднаш штом му се укаже прилика, да го прочита Правилото.

Како да се бориме против ноќното осквернување?

Да се бориме против осквернувањето преку борењето со гревовните причини кои водат до него, преку покајание, молитви, исповед, причест, преку црковните молитви, разумното воздржување и останатите телесни подвизи, преку смирение, самоукорување, сеќавање на смртта и вечните маки, читање на соодветни места во светите Писанија и творбите на светите оци, честа исповед, хранење на умот, очистување на помислите, трпение во жалостите итн.

Постојат и посебни молитви против искушенија во сон, кои можат да се прочитаат веднаш пред легнување, посебно доколку некој се подготвувал за Света Причест. Еве една таква молитва:

Боже на силите Кој ја исцелуваш секоја болест и секоја рана кај луѓето, очисти ги Твоите слуги и не дозволувај приопштување на човекот и демонот; запрети му на нечистиот дух, порази го сатаната под нозете на Твоите слуги, (а нив) обнови ги со Твојот Свет Дух, соедини ги во Твојата Света Црква и избави ги од секакво неприлично дејство. Претстави ги пред Твојот Свет Жртвеник и удостој ги со Твоите Небесни и Животворни Тајни. Зашто Ти Си наш Бог, Бог на оние што се каат, и Тебе слава Ти вознесуваме: на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, амин.

Според мудрите совети на еден духовник, при борбата со ова искушение мора да се внимава да не се падне во очај, посебно кога човек во себе не наоѓа гревовни причини, а искушението се повторува. Зашто Бог понекогаш му дозволува на искушувачот малку да не „извалка“ за да не мислиме високо за себе си и да не паднеме во духовна прелест. Сепак, без разлика на причините за осквернувањето,  многу е полезно секогаш за него да се исповедуваме, зашто некогаш може да ни изгледа дека немаме вина, а всушност да не сме во состојба да согледаме некој свој грев кој не довел до такво искушение. Исто, не се исклучува и можноста поради срам и избегнување на исповедта, да почнеме да си бараме оправдувања за себе си, префрлајќи ја вината на природата или на ѓаволот и сметајќи се за безгрешни. Треба да се знае дека и самиот духовник е човек и ги знае нашите слабости, па затоа нема потреба за срам и очајување. Зашто искушувачот токму тоа и го сака – да не одврати од исповедта и да не води кон гревовна пропаст. Значи, да не очајуваме, но преку молитви, исповед  и воздржание да се бориме против ваквите искушенија.
 
Молитвено Правило при осквернување  во сон

Кога ќе му се случи некому да биде искушан во сон под дејство на ѓаволот, да стане од постела и правејќи поклони да говори:

Боже, биди милостив кон мене грешниот.


Овие молитви секој треба да се потруди да ги изговара со умиление и скрушено срце, како осуденик. Добро е да бидат пропратени и со солзи.

Потоа следува:
 
Слава Ти Боже наш, слава Ти!
Царе небесни, Утешителе, Духу на вистината, Кој си насекаде и се исполнуваш, ризницо на добрините, Животодавче, дојди и всели се во нас. Очисти не од секаква нечистотија и спаси ги Благи нашите души.

Свети Боже, Свети Силни, Свети Бесмртни, помилуј не (3пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Пресвета Троице помилуј не. Господи, очисти ги гревовите наши. Владико, прости ни ги беззаконијата наши. Свети, посети не и исцели ги нашите слабости, заради Твоето име.
Господи помилуј (3 пати).
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Оче наш. Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај не во искушение, но избави не от лукавиот.

Зашто Твое е Царството и силата и славата на Отца и Сина и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.


Господи, помилуј (12 пати). Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Дојдете, да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа, Царот, нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме на самиот Христот, нашиот Цар и Бог.

Псалм 50

Помилуј ме, Боже, по Твојата голема милост и по мноштвото на Твојата добрина, очисти ме од моето беззаконие. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и од гревот мој очисти ме. Зашто јас ги знам моите беззаконија и мојот грев е секогаш пред мене. Тебе, Единствениот, ти згрешив и зло пред Тебе направив, за да се оправдаш во Своите зборови и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, вистината Си ја возљубил и надумната и тајна премудрост Твоја Си ми ја јавил. Пороси ме со исоп и ќе се очистам. Измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да слушам радост и веселба и ќе се зарадуваат моите скрушени коски. Одврати го лицето Свое од моите гревови и очисти ги сите мои беззаконија. Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и дух вистински обнови во утробата моја. Не отфрлај ме од Твоето лице и Духот Твој Свет не одземај Го од мене. Дај ми ја радоста на Твоето спасение и со Духот Владичествен утврди ме. Ќе ги научам беззакониците на Твоите патишта и нечестивите кон Тебе ќе се обратат. Избави ме од крвта Боже, Боже на моето спасение, ќе се зарадува јазикот мој на правдата Твоја. Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја објавува пофалбата Твоја. Зашто, ако сакаше жртва, ќе ти ја дадев, но сепаленици не посакуваш. Жртва за Бога е дух скрушен: срце скрушено и смирено Бог не ќе презре. Прослави го Господи Сион според благоволението Свое и нека се возвишат ѕидините Ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците: тогаш на Твојот Олтар ќе се полагаат телци.


И овие тропари, гл.7
 
Пастиру Добар, Кој душата Своја Си ја полжил за нас, Кој ги знаеш моите скриени дела, Единствен Благи, нахрани ме со разум мене заблудениот и истргни ме од волкот, Јагне Божјо и помилуј ме.

Обременет со сонот на униние, се помрачувам со гревовна измама: Но подари ми утро на покајание просветувајќи ги моите духовни очи, Христе Боже, просветување на мојата душа, и спаси ме.

Во гревовна магла и животни наслади заплеткан, умот на мојата бедна душа раѓа разни страсти и не приоѓа кон умилни помисли. Но, смилувај се, Спасителу, кон моето смирение и дај ми умилни помисли, та и јас спасен пред скончанието мое да му повикам на Твоето благоутробие: Господи Христе Спасителу мој, мене очајниот и недостојниот спаси ме.

Како оној што западнал во разбојници и бил ранет, така и јас западнав во многу гревови и душата ми е ранета. Кому ќе прибегнам виновниот јас ако не Тебе, милосрдниот Лекар на душите: излеј ја на мене, Боже, Твојата голема милост.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух: Како блудниот син пристапив и јас, Сештедар: Прими ме, Оче, мене што се враќам, како еден од Твоите наемници, Боже, и помилуј ме.

И сега и секогаш и во сите векови, амин.:
Избави не, Богородице, од гревовите што не опседнале: зашто друга надеж ние верните немаме, освен Тебе и од Тебе родениот Господ.

Потоа: Господи, помилуј! (40 пати). И 8 поклони со молитвата: Боже, биди ми милостив и прости ми мене блудниот заради Твоето Свето име.
________________________________________

markov.sv.Zlata1.jpg

Молитва прва на Свети Василиј Велики
 
Повторно јас, бедниот, бев сопнат со умот и по лошата навика на гревот му слугував. Повторно кнезот на темнината и родителот на страстните наслади ме зароби и како понизен слуга, по неговата волја и плотските желби да му робувам ме принудува. И што да сторам, Господи мој, и Избавителу и Заштитнику на оние што се надеваат на Тебе, ако не повторно кај Тебе да се вратам  и да залипам, и да ја испросам твојата милост за она што го сторив; но се плашам и треперам, да не испадне секогаш исповедајќи се и ветувајќи дека ќе отстапам од злите дела, во секој час повторно да грешам; и не принесувајќи ја мојата молитва кон Тебе, мојот Бог, да го поттикнам и Твоето долготрпение на негодување.А кој ќе го поднесе Твојот гнев, Господи? Но, знаејќи ја
големината на милоста Твоја и пространството на Твоето човекољубие,
повторно и се поверувам на милоста Твоја и Ти повикувам: прости ми што ти згрешив. Помилуј ме паднатиот, дај ми рака на помош мене, потонатиот во калта на сладострастието. Не дозволувај, Господи, Твоето создание да пропаѓа во своите беззаконија и гревови; но поттикнат од Твоето својствено милосрдие и благост, избави ме од калта и скверноста телесна и од моите страстни помисли кои постојано ја осквернуваат мојата бедна душа. Ете, Господи, како што гледаш, во неа нема чисто место, но целата е прокажана и целото мое тело е прекриено со рани. Но Сам Ти, Човекољубче, Лекару на душите и телата, очисти ме со поројот на моите солзи кои обилно се излеваат: излеј го врз мене Твоето човекољубие и дај ми исцеление и очистување и исцели ја мојата раслабеност, и не одвраќај го Твоето лице од мене за да не ме проголта огнот на очајот; но како што Си рекол, вистинозборен Боже, дека голема радост бива на небото за еден грешник кој се кае, така направи и со мене грешниот и не затворај ги ушите на Твоето благоутробие пред молитвите на моето покајание; но отвори ги, и како кадило исправи ги (моите молитви) пред Тебе. Зашто, ја знаеш Создателе немоќта на нашата природа и лесната колебливост на младоста, и тромавоста на телото, и ги презираш гревовите, и го примаш покајанието на оние кои искрено Те призиваат. Зашто е благословено и прославено Твоето пречесно и великолепно име – на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 

markov.sv.Zlata1.jpg


Молитва втора, свети Василиј Велики
 
Многумилостив, нетленен, нескверен, безгрешен Господи, очисти ме мене, Твојот непотребен слуга, от секоја душевна и телесна скверност, и од мојата нечистотија која се умножи во мене поради моето невнимание и униние и сите други мои беззаконија. И покажи ме нескверен, Владико, заради милоста на Твојот Христос, и освети ме со слегувањето на Твојот Пресвет Дух: та очистен од маглата на нечистите ѓаволски привиденија и секоја скверност, да се удостојам со чиста совест да ја отворам мојата осквернета и нечиста уста и да го воспевам Твоето сесвето име: на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
 
Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, девствено ни Го роди Бога, Словото. Тебе, вистинската Богородица ние Те величаме.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух и сега и секогаш и во сите векови, амин. Господи помилуј (3 пати)
Господи, благослови.

Господи Исусе Христе, Боже наш, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка и сите светии, спаси ме грешниот.


Молитва против осквернување

Господи Боже наш, Единствен Благи и Човекољубче,Единствен Свет Кој на светии почиваш, Кој на Твојот првоврховен апостол Петар во видение си му јавил ништо создадено од Тебе за храна и наслада на човекот да не смета за скверно или нечисто, и на Твојот избран сад, апостолот Павле си му заповедал дека за чистите се е чисто: Сам Ти, Пресвет Владико, преку призивањето на страшното и пречисто име Твое и знакот на Чесниот и Животворен Крст, благослови ме и очисти ме мене, твојот слуга (име) осквернетиот од секаков непријатен дух, од секакво мечтаење и секакво отровоносно чудовиште, од секакво беззаконие и секакво ласкање, од секаков злотвор и од секоја суета, од секоја болест и секоја рана и од секое спротивно ѓаволско злодејство. И сега, по Својата милост,  удостој ме мене, недостојниот Твој слуга да им служам на Твоите пречисти Тајни. А претходно очисти ми ги душата и телото од секоја скверност и прости ми ги сите прегрешенија, волни и неволни, направени во сите дни на мојот живот, со дело, слово и помисла, дење и ноќе, и до денешниов час. И дај ми, Господи, ова страшно служење на небесните Чинови, и причестувањето со пречистите Твои Тајни да ми биде не за суд, ниту за осуда, но за прошка на гревовите и за придобивање на Светиот Дух и животот со присносуштна радост, што си го приготвил за Твоите вистински служители. Сочувај ме, Сесилен Владико, од секој грев и злоба, запази ме нескверен и непорочен од секоја наказа на спротивниот ѓавол; и дај ми, Господи, Тебе да Ти служам во преподобност и правда до последниот ден и час и до моето издихание; зашто Ти ги благословуваш и осветуваш сите, Христе Боже наш и Тебе слава Ти вознесуваме со Беспочетниот Твој Отец и со Пресветиот и Благ и Животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

markov.sv.Zlata1.jpg

Друга молитва (Св.Макариј Оптински)
О, Мајко на мојот Господ и Создател, Ти си корен на девственоста и несвенлив цвет на чистотата. О, Богородителке! Ти помогни ми мене, изнемоштениот од плотски страсти, кој со срцето боледувам, зашто единствено го имам Твоето, а со Тебе и на Твојот Син и Бог застапништво. Амин.

Твојата понуда, непријателе, нека падне на твојата глава! Мајко Божја помогни ми. (И се чита многу пати молитвата  „Богородице Дево“)

Богородице Дево, радувај се, благодатна Марие, Господ е со Тебе. Благословена Си Ти меѓу жените и благословен е Плодот на Твојата утроба, зашто Ти Си Го родила Спасителот на нашите души.


 Подготви : С.Л.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная