логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 vozdvizenie.jpg

Д) ОБОЖУВАЊЕТО

„Бог стана човек
за човекотда стане Бог."

Детето: На крајот на светот, совршено ќе Го познаеме Бога?
Родителот: Бог е несознатлив. Сознавање, разбирање се два поима на човековиот разум. За да се запознае природата на едно растение или на водата, на еден метал, на едно животно или на сосема друга материја, се прави анализа и може да се дојде до извесно сознание. Меѓутоа, материјата чува една тајна: каков е нејзиниот почеток? Како е создадена? Но Бог е несознатлив за нашиот разум. Спомни си за Вавилонската кула. За да го запознаат Бога, луѓето ја употребиле својата интелигенција и својата техника за да дојдат до Него. Тоа беше неуспех! Спротивно на тоа, кога Бог ни приоѓа и кога го отвораме нашето срце за Неговото присуство, се случува нешто друго од познанието преку сетивата или интелигенцијата (разумот). Настанува единство меѓу Бога и нас.
Да ја погледаме уште еднаш иконата на Преображение: сликата се формира околу зраците што излегуваат од Христа. Секоја личност е допрена од еден зрак на несоздадената Светлина, секој прима дел од Божјата слава. Сепак Бог останува несознатлив во она што Он е, во Неговата суштина. „Јас сум Оној Кој е". Ј.Х.В.Х. останува засекогаш Оној што не може да се сознае, Битие вечно и неизменливо, зашто не е можно да се знае што е Бог. Суштината на Бога (односно она што Бог е во природа), ниту еден човек никогаш не ќе може да ја проникне, затоа Стариот завет не предупредува против една ваква смелост: човек не може да Го види Бога и да живее.
Меѓутоа, Бог ни дава дар од Самиот себе. Несоздадената светлина, зраците што Христос им ги пренесува на пророците и на апостолите, на Тавор, тоа е Благодатта, Дарот Божји, која ни дава да живеемс и која не осветува. На Христа почива Светиот Дух, тоа е она што го проучувавме во една претходна глава, во Крштението на Јор¬дан. Сега, на Тавор, гледаме дека преку Христа, преку Неговото тело, Светиот Дух нам ни се дава. Ние ја примаме оваа Благодат. Дарот на Светиот Дух, за да станеме свети.
Сфати го добро ова: Бог е цела тајна. Затоа честопати ти кажувам една работа и нејзината спротивност.

Има само еден Бог,  - Има три божествени лица;
Бог е несфатлив, -  Он ни се открива на нас;
Он е недостапен,  - Он ни се дава на нас;

Пееме „еден е Свет", а сме повикани да станеме свети.

Детето: Што е гоа светител? Дали е тоа оној што никогаш не греши?
Родителот: Единствениот човек без грев е Христос. Секој човек греши, никој не може да успее повеќе да не греши, едноставно само затоа што решава повеќе да не греши. Дури и ако човек стане совршен со своите сопствени усилби, ризикува да биде мошне далеку од Бога и да ужива во својата добродетел. Горд поради својата придобивка, поради победата над своето сопствено тело, над човековата природа, тој ќе биде горделив. Само љубовта и срцето отворено кон Бога, кон Неговата благодат, кон таа несоздадена Светлина што Бог му ја дава на човекот, може да го направи сличен на Него. Да бидеш свет, значи да бидеш сличен на Бога, да ги најдеш „образот и подобието".
Свети Павле, кој Го видел Христа за миг, во еден блесок на светлина на патот за Дамаск, не учи дека нашето лице ќе ја одразува Славата на Бога, како огледало. Тогаш ќе бидеме преобразени во слики на Бога преку дејството на Светиот Дух. Ќе станеме живи икони од кои зрачи светлина, бидејќи Светиот Дух ќе пребива во нашите тела (2 Коринтјаните 3,18).
Свети Јован, кој Го видел Христа преобразен на Тавор, ја потврдува оваа наука:
„Возљубени, од сега сме чеда Божји, но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, оти ќе Говидиме каков штое". (1 Јован 3,2).
Детето: Дали некогаш се видени луѓе што личат на Бога?
Родителот: „Додека Мојсеј слегуваше од гората Синај — Мојсеј ги имаше в' раце двете таблици на Заветот по неговото слегување од гората — тој не знаеше дека кожата од неговото лице свети понеговиотразговорсо Господа" (Излез34,29).
Сите светители ја задобиваат Светлината на Светиот Дух, затоа ги претставуваме со ореол. Овој светол круг го симболизира дарот на Светиот Дух што Бог им го пренесува, бидејќи лицето ја одразува Славата на Бога. Тие можат да прават чуда, зашто нивното тело е проѕирно за несоздадената Светлина и Бог дејствува преку нив. Но светителите, за време на нивниот земен живот, како и Самиот Исус, во ништо не се разликуваат од другите луѓе. Тие се скромни и пазат, со Светлината премногу блескава на Светиот Дух, да не ги повредат грешниците кои се уште се мошне далеку од Бога.
Сепак, еден ден, свети Серафим (руски светител од XIX век) открил на еден од своите пријатели дека во него, во неговото тело живее дарот на Светиот Дух. Кога Мотовилов го запраша која е целта на христијанскиот живот, монахот Серафим му одговори дека целта на христијанскиот живот е задобивањето на Светиот Дух. Но што значи тоа? настојчиво продолжи Мотовилов. Погледни ме, му рече едноставно Серафим. Тогаш Мотовилов го виде малиот човек од шумите, како стои во снегот, а неговото лице светеше како сонце.
Детето: Зошто честопати свети Серафим го претставуваат со мечка?
Родителот: Свети Серафим, како и свети Фрањо Асишки, зборувале со животните. Еден ден, две монахини го виделе како разговара со една мечка. Мечките во руските шуми се мошне крвожедни и двете жени многу се исплашиле. Но Серафим ги охрабрил и им покажал дека оној што е осветен живее во мир со целото создание, како Адам пред гревот. Додека Мотовилов зборуваше, среде зима, со свети Серафим, во шумата паѓаше снег и беше мошне студено. Подоцна Мотовилов раскажува дека чувствувал благотворна топлина и вонредна сладост. Во целата природа, преку светителите, проникнуваат светли зраци на Благодатта. Сети се на облеката Христова, која блескаше од светлина: сета материја создадена, целата вселена еден ден ќе биде преобразена од Светиот Дух.
Детето: Дали е тоа можно? Може ли навистина материјата да ја добие божествената Светлина за која зборуваш? Можат ли нашите тела навистина да ја одразуваат Славата на Бога? Како ќе бидетоа?
Родителот: Ако влезеш во Картезијанската катедрала или во Светата капела в мугри, што ќе видиш? Прозорци мрачни и без сјај. Но ако со трпение причекаш сонцето да огрее, тогаш со восхит ќе видиш како прозорските стакла (витражи) зрачат со сите нивни огнови; секое стакло ќе има своја посебна боја, секое ќе има свој единствен блесок (1 Кор. 15,35 — 58). Ние сме тие витражи: Сонцето, од кое имаме потреба за да ја здобиеме нашата вистинска природа, да и дадеме полн полет на нашата личност, тоа е Светиот Дух, Кој секогаш ни се нуди за да не просвети. Наша задача е да се направиме проѕирни за оваа благодат, да ја победиме нашата непроѕирност, за да не биде повеќе пречка за Божјата Светлина.
Детето: Оваа непроѕирност (мрак) е речиси секогаш најсилната, затоа се ретки луѓето како Мојсеј и Серафим Саровски, кои зрачат со Светлината...
Родителот: Јагленот е црн и темен минерал. Ако остане сам, не може да стане проѕирен, зар не? Но сепак, ако огинот се пренесе на него: каков сјај, каква топлина, какво зрачење!
Зар не веруваш дека Огинот Божји е бескрајно посилен и помоќен од овој огин, материјален елемент, бледа слика на силата што доаѓа одозгора? Она што е земја останува земја и нашиот огин ја согорува материјата и прави јагленот да се врати во прашина од каде и доаѓа. Додека небескиот Огин, тој не уништува, не разурнува. Чудото со капината што не согорува се овековечува дури до Вечноста. Оној Огин ќе го зафати целиот свет, целото создание еден ден ќе биде проникнато со Божји зраци.
Детето: Ние сме далекуодтоа и светот, се чини, се повеќе се расипува. Весниците никогаш не зборуваат за Преображението, туку за загаденоста. Водата, растемијата, земјата, па дури и воздухот се чини дека се расипуваат. Како може да се верува на она што ми го велиш?
Родителот: Да, имаш право. Тоа е трагично, бидејќи ние сме одговорни за целата земја. За жал, ние не сме светители. Затоа соз-дадениот свет оди во своја пропаст. Но Христос, Он е Свет и од Него произлегува секаква светост. Он е присутен во светот и ние не треба да губиме надеж. Од Педесетницата, Он го испраќа својот Свет Дух кој не престанува да дејствува за да го спаси созданието (Римјаните 8,18 — 23). И покрај надворешниот изглед, покрај паднатиот свет, кој е оштетен, раскинат и загаден, нашата надеж ќе биде најсилна, зашто ние имаме вера во Бога, во Неговата љубов кон луѓето и кон сето Негово создадено дело.
Кога со свештеникот служиме божествена литургија, на Бога Му нудиме леби вино, плодовиод земјата, производ на луѓето: „Твоите дарови што ги земаме од Твоите дарови, Ти ги принесуваме за сите и за се" (Анафора од литургијата на свети Јован Златоуст). Со овие зборови, свештеникот а и ние самите, на Бога Му принесуваме дар од леб и вино, кој ги претставува сите луѓе живи и мртви, нивните страдања и нивните радости, целиот создаден свет: светот животински, растителен, минерален, целиот космос; принесуваме дар од леб и вино на Бога Оца. И Он го испраќа врз овие свети Дарови божествениот Огин, исто како што во времето на Илија го испрати овој ист Оган врз жртвата на пророкот. Лебот и виното се проникнати од светлите зраци на Светиот Дух за лебот да стане Тело Христово, а виното Крв Христова. Материјата е пропустлива за Духот. Во Евхаристијата (Светата причесна), се остварува единството меѓу Бога и создадената материја, за, кога и приоѓаме на причесната, да се оствари во нас единството меѓу Бога и човекот. Потоа свештеникот не испраќа во светот, како што Христос ги испратил своите апостоли: „Одете во мир". Тогаш ние, христијаните, што се причестуваме, стануваме одговорни за присуството на Бога во светот. Бог, преку Својата благодат, ни ја дава светлината која свети од Телото на нашиот Господ Исус Христос. Да бараме од Него да не научи како да ја пренесуваме на луѓето и на целата земја оваа Светлина, дар од Бога: „Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина, ниту пак светилото се пали и става под поклоп,туку насвешники им свети на сите в куќи" (Матеј 5,14—15).
Овие зборови им биле упатени на апостолите и на сите ученици од Самиот Христос. Ние сме наследниците на Благодатта и по примерот на апостолите го примаме дарот на Светитот Дух. Но свети Павле, за да не запази од горделивоста, не потсетува: „дека таа ризница ја носиме во глинени садови за да се види дека оваа преизобилна сила Му припаѓа на Бога, а не нам" (2 Коринтјаните 4,7).

Си се преобразил на Гората,
Христе Боже,
Ти, Кој на учениците
си ја покажал Славата Твоја
колку што можеа да поднесат.
Да ни засветли и нам, грешните,
Твојата вечна Светлина,
преку молитвите на Богородица,
Светодавче, слава Ти!

(Тропар на Преображение - глас7.)
Преображение Црквата го празнува на 19 август (6 август стар стил).


ЗАКЛУЧОК

Јавувањата на Бога што ги доживеале Мојсеј и Илија на Синај им овозможиле да ја препознаат Славата на Бога во личноста на Исуса, на Тавор. Со нивното присуство таму, тие можеле на тој начин да сведочат за нас, со тројцата апостоли Петар, Јаков и Јован, дека во Исуса „живее телесно сета полнота на Божеството" (Колосјаните 2,9).
Затоа Исус ќе може да му рече на својот апостол Филип, спроти својата смрт: „Кој Ме видел Мене, Го видел Оца... Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене" (Јован 14,9—10). Затоа и Исус можел да рече: „Јас ќе ви Го испратам Духот на Висти-ната Кој произлегува од Оца: Он ќе сведочи за Мене" (Јован 15,26).
И така, откривајќи ни се нам, во Славата на Синот — Исус Христос —, Бог се открива како Отец и како Свети Дух; Бог е Отец, Син и Свети Дух. Оваа тајна неизмерлива и пре-красна е одговоротна прашањето: „Кој е Бог?"

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная