Б) ВИДЕНИЕТО (ВИЗИЈАТА) ЗА БОГА
Повторно да се вратиме на анализата на иконата напоредно со Евангелието. Иконата е направена во два плана: три личности горе и три долу. Има голема разлика во држењето меѓу двете групи На горниот дел од планината, Мојсеј и Илија стојат крај Христа; тие се влезени во светлиот круг и земаат удел во Славата Божја, во полна хармонија со Него. Додека апостолите, кои се во долниот дел од иконата, во подножјето на карпата, збунети се и нивното држење изразува неред, збрка. Овој контраст не потсетува дека човекот не може да Го вид и Бога со своите телесни очи.
Мојсеј и Илија стојат таму, на планината, и ја поднесуваат Светлината на Бога, зашто за време на нивниот земен живот, тие биле заедно со Исаија, единствените луѓе по падот на кои Бог им дал можност да Го видат (Излез 33,18 —23 и Прва книга на царевите 19,9—13). Освен тоа, тие се преминати во д ругиот свет и нивните очи не се повеќе ограничени на материјалниот свет. Мојсеј умрел во пустињата пред да д ојд е во Ветената земја (Повторени закони 34,1-7), Илија се вознел на огнена кола и неговиот премин од земјата на небото останува таинствен (Втора книга на царевите 2,11-13).
Илија слегол од небото на гората Тавор за да Го набљудува (созерцава), Еога Кој станал човек, додека Мојсеј, собран преку смртта со своите татковци, ги претставува оние што го очекуваат доаѓањето на Христа во адот. Мојсеј и Илија се поклонуваат пред Христа. Мојсеј го изобразува (претставува) законот, Илија, пак, доаѓа во името на пророците за да сведочи, заедно со него, за божеството на Христа Кој е „Исполнување на Законот и на Пророците".
Прегледајте го Писмото, ззшто вие мислите дека преку него ќе имате живот вечен; и тоа сведочи за Мене; но не сакате да дојдете при Мене. за да имате Живот!... Всушност. ако бевте му верувале ма Мој-сеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зпшто тој пишуваше за Мене. Ако пак не верувате на неговите Писанија, како ќе им поверувате на Моите зборови? (Јован 5,39-40. 46-47).
Спротивно на тоа, тројцата апостоли паднати на земјата се дел од живото човештво. И покрај нивната збунетост гледајќи го Христа во слава, тие се исполнети од радост и сакаат да го задржат овој миг. Петар бара да остане засекогаш на гората, поради што предлага шатори за да ја задржи визијата на Бога за вечноста. Но тој не знаеше што зборува, не беше подготвен за вечноста, бидејќи беше премногу рано. Тој требаше да мине заед но со Христа преку смртта за да го види во слава по Воскресението.