логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВТОРО ЈАВУВАЊЕ НА БОГА НА ПЛАНИНАТА СИНАЈ

(Излез 33,18 - 23; 34,29 - 35)

 Mojsej.Prorok1

       Службата на Мојсеја не беше лесна и ние ќе имаме можност повторно да зборуваме за неа. Откако успеа од Египет да ги изведе децата на Израил, Мојсеј повторно дојде до подножјето на Синај и таму се улогори. На тоа место Бог се јави, не во осамена средба со Мојсеја, туку пред лицето на цел еден народ, повеќе не за да додели една должност (мисија), туку да склучи сојуз (завет). Амбиентот во кој се случиле овие настани е чуден, величествен, понекогаш збунувачки, но во неколку стихови, на едноставен начин, трезвен и возбудлив, Библијата ни опишува како Мојсеј можел да ја види Славата Божја.

Mojsej.pustina1

prorok.Mojsij1

Mojsej.pustina
            Тоа се случуваше на врвот од планината Синај каде што беше се искачил само Мојсеј; народот беше собран долу со забрана да не ги пречекори означените граници. Бог му рече на Мојсеја: „Ќе направам пред тебе да мине сета Моја Слава (...). Ти не можеш да го видиш Моето Лице, зашто човек не може да Ме види Мене и жив да остане. Еве едно место крај Мене, ќе стоиш крај карпата и кога ќе минува Мојата Слава, ќе те ставам во отворот од карпата и Јас ќе те заштитам со Мојата Рака додека минувам, потоа ќе ја кренам Мојата Рака и ти ќе ме видиш од зад грб, но Лицето Мое не може да се види". Кога Бог мина, Мојсеј падна на колена и се поклони. Тој остана на тоа место четириесет дена и четириесет ноќи. По истекот на тоа време, повторно слезе од планината со двете таблици на Законот в раце. Арон и сите деца израилеви, кои го очекуваа, видоа дека неговото лице свети и не се осмелија да му се доближат. Мојсеј не знаеше дека неговото лице свети, но разбра — поради нивниот страв. Тој им зборуваше и, кога го заврши својот говор, го прекри своето лице.

Prorok.Mojsej.vo.Nerezi


           Свети Јован ни вели во своето евангелие: „Никој никогаш не Го видел Бога". Мојсеј можел да го види „грбот" на Бога. Тој ја созерцавал Неговата слава и, при сета оваа застрашувачка сила, тој ја почувствувал нежноста на Неговата заштита. И дури по ова видение (визија) и четириесет-дневен пост и молитва лицето на Мојсеја зрачеше со духовната Светлина на избраниците: и самиот тој беше проникнат со Славата Божја во којг беше зел учество.

 

Б) ИЛИЈА

 sv.prorok.Ilija.21a

           Илија се појавува во првата книга на Царевите: Ахав, царот израилски, беше се оженил со Езавела, принцезата од Сидон и му служеше на Ваал, лажниот бог што го боготвореше неговата жена.
Библијата ни вели: „Илија Тесвитјанин му рече на Ахава: нека е жив Господ Бог Израилев на Кого му служам, овие години не ќе има ни роса ни дожд додека јас не речам". Тоа покажува колку голема била моќта што Бог му ја дал. По Божја заповед, Илија се оддалечува од земјата што вака беше ја проколнал и се сокрива крај еден поток на влезот во една пештера каде што гавраните му носеа храна (види икона).
Бидејќи гладот продолжуваше во царството, Ахав почна да го обиколува барајќи пасишта и, еден ден, го сретна Илија. Овој го убеди да прифати соочување меѓу него и свештениците на Ваал, кои беа на број 450.

          Ахав отиде пред Илија; а кога Ахав го виде Илија, му рече: ти ли си тој што на Израила му носиш несреќа? Илија одговори: не сум јас тој што на Израила му донесува несреќа, туку ти и твоето семејство, бидејќи Го оставивте Господа и ги следите боговите Ваалови; но сега испрати да го соберат сиот Израил на планината Кармил со 450-те свештеници Ваалови кои јадат на трпезата Езавелина. Ахав го свика сиот Израил и ги собра пророците на планината Кармил. Тогаш Илија пристапи кон сиот народ и рече: до кога ќе куцате со двете нозе? Ако е Господ Бог, одете по мене; ако е пак Ваал, одете по него. Но народот не можеше ништо да му одговори. Илија продолжи: Јас останувам сам како пророк на Господа, а пророците на Ваал ги има 450. Дајте ни два млади јунци и нека едниот го изберат за себе, нека го исечат на парчиња и го стават на дрва, но да не ги потпалуваат. Вие ќе го призивате името на вашиот бог, а јас ќе го призовам името на Господа: оној бог што ќе одговори со огин, Он е Бог; сиот народ одговори: добро рече.
           Тогаш Илија им рече на пророците Ваалови: изберете си еден јунец и пригответе го први, зашто ве има многу повеќе. Повикајте го името на вашиот бог, но огин не ставајте. Тие го зедоа јунецот, го приготвија и го викаа името на Ваал од утро до пладне, велејќи: Ваале, чуј не! Но немаше ни глас ни одговор, а тие играа околу олтарот што го беа направиле. А на пладне, Илија почна да се подбива со нив, велејќи: викајте посилно, бидејќи е бог, веројатно нешто се замислил или има некои зделки, или е на пат, или можеби спие, па ќе се разбуди! Тие почнаа да викаат уште посилно и да се бодат со ножеви и копја по сво-јотобичај додека крв не ги облеа. Кога мина пладне, почнаа да пророкуваат додека дојде времето да се принесе дарот; но немаше никаков глас ни одговор, ни знак на внимание. Тогаш Илија му рече на сиот народ: пристапете кон мене. И пристапи кон него сиот народ. Тогаш тој го поправи олтарот Господов што беше растурен (...). Тој направи олтар во името на Господа и околу олтарот ископа канал. Ги намести дрвата и исечениот на парчиња јунец го положи на дрвата, потоа рече: наполнете четири ведра вода и излејте ги на жртвата и на дрвата, и тие направија така. Потоа пак рече: направете така уште еднаш и тие направија уште еднаш. Потоа рече: направете и по третпат И тие потретија. Водата потече околу олтарот, а се наполни и каналот. А кога беше времето да се принесе жртвата, пристапи Илија пророкот и рече: Господи, Боже Авраамов, Исаков и Израилев, денес нека се знае дека си ти Бог во Израил, дека сум јас твој слуга и дека сето ова го направив по Твојј заповед Услиши ме Господи услиши ме, за да знае сиот овој народ дека си Ти, Господи, Бог кој ги обраќа нивните срца. Тогаш Огинот Божји падна и ги изгоре жртвата и дрвата и ја испи водата од каналот. Сиот народ беше обземен од страв. Народот падна со лицето на земјата и почна да вика: Господ е Бог. Господ е Бог!.. (I Царевите 18,16-39).

sv.prorok.Ilija.21

          Илија заповеди да ги убијат лажните пророци на лажниот бог, потоа, искачувајќи се на врвот од планината Кармил, каде што беше се одвивала претходната сцена, почна да се моли, барајќи од Господа да испрати дожд, сега кога Неговата слава е признаена, и Господ ја услиша неговата молитва.
          Меѓутоа, смртта на пророците Ваалови ја разгневи царицата Езавела, и Илија мораше да бега во пустињата. Илија одеше четириесет дена, односно, исто толку колку што Мојсеј остана пред Господа Бога на Синај, колку што Исус подоцна ќе пости и ќе се моли во пустињата, по Неговото крштевање од Јован Крстител а пред да биде искушуван од Сотоната. Потоа Илија се качува на планината што се викаше Синај во времето на Мојсеја, а која денес се вика Хорив и навлегува во самата пештера во која Господ беше го сместил Мојсеја покривајќи го со својата рака додека минуваше Неговата Слава. И речта Божја е упатена на Илија која му го навестува присуството Божјо. Еве како книгата на Царевите во Библијата ја опишува оваа средба: „Дојде силен ветар, толку силен што и планини цепеше и карпи разурнуваше пред Господа, но Господ Бог не беше во ветрот; а по ветрот дојде земјотрес, но Господ не беше во земјотресот. По земјотре-сот огин, но Гопод не беше во огинот; и по огинот, тивок ветрец. Штом Илија го чу, лицето си го покри со својот плашт и застанана влезотод пештерата" (I Царевите 19,11 — 13).
             Овој „тивок ветрец" го сигнализира присуството на Бога Кој се најавил со трескотот на силниот ветар, земјотресот и огинот. Тој не тера да мислиме на земниот рај каде што Господ се шеташе „при дневната ладовина". Не тера исто така да мислиме на благоста со која Господ беше му се обрнал на Мојсеја: „Ќе те ставам во отворот (пукнатината) на карпата и ќе те заштитам со Мојата Рака за време Моето минување, потоа ќе ја кренам Мојата Рака и ти ќе Ме вид иш од зад грб; но Моето Лице не може да се види".
Илија нема да ја види смртта. Тој ќе биде земен на небото со огнена кола и коњи.

prorok.Malahija


            Подоцна Бог му се обрати на пророк Малахиј овие зборови кои се и последните реченици на Стариот завет: „Ете, ќе ви го испратам Илија пророкот пред да дојде денот Господов, големиот и страшен ден. Тој ќе го обрати срцето на татковците кон своите деца и срцето на децата кон своите татковци".
           Затоа Илија повторно го наоѓаме веќе на почетокот од Евангелието кога еден ангел му се јави на Захарија, таткото на оној што требаше да бид е Јован Крстител. Ангелот му рече на Захарија: „Твојот син ќе обрати мнозина синови Израилеви кон Господа нивниот Бог. Самиот тој ќе му претход и со духот исосилата на Илија". •
         Самиот Христос ќе ги потврди овие зборови: Он изјавува во евангелието според свети Матеј: „Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител и, ако сакате да ми верувате, тој е Илија кој треба повторно да дојде" (Матеј 11,11 — 14).

 

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 hra.sv.Ilija

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная