логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Kniga.Evangelie.deca.jpg

ДЕТЕТО ИСУС ВО ХРАМОТ

Исус растел, јакнел со духот и се исполнувал со премудрост, Божјата благодат била врз Него.
Неговите родители, секоја година за празникот Пасха оделе во Ерусалим. Кога Исус наполнил дванаесет години тие, исто така, според обичајот отишле во Ерусалим. По празникот, тие заедно со останатите поклоници тргнале да се вратат назад во својот дом. Меѓутоа, детето Исус останало во храмот. Јосиф и Марија не забележале веднаш дека Го нема. Цел ден патувале, мислејќи дека и Он патува со останатите. Вечерта почнале да го бараат Исуса помеѓу роднините и пријателите. Кога не Го пронашле многу се вознемириле, се вратиле во Ерусалим и таму ја продолжиле својата потрага. Го пронашле по три дена барање. Он седел во храмот со учителите и беседел со нив за Бога и за Неговите заповеди - им поставувал тешки прашања и одговарал на нив. Сите присутни се восхитувале и се воодушевувале на Негови¬от разум и на Неговите одговори. Пресвета Дева Му пришла и Му рекла: „Синко, што ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи те ". Исус и одговорил: „Што сте ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Отец?" Тие не ги разбрале Неговите зборови, но Марија ги чувала во своето срце. После тоа' Исус се вратил со нив во Назарет, каде што, како и Јосиф, се занимавал со дрводелски (столар ски) занает. Растел како добар, разумен и послушен син, по ради што многу Го сакале и Бог и луѓето.

 Kniga.Evangelie.deca.jpg

ИСКУШУВАЊЕТО НА ИСУСА ХРИСТА ВО ПУСТИНАТА

Непосредно по крштавањето, Светиот Дух го одвел Исуса во пустината за да ги победи ѓаволските искушенија или соблазните и за да ги научи луѓето да ги победуваат сопствените гревови и слабости. Исус постел четириесет денови и четириесет ноќи, и најпосле огладнел. Тогаш му пристапил искушувачот и му рекол: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб".
Меѓутоа, Исус му одговорил:
„Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји" (тоа значи дека прво треба да мислиме како (да ја нахраниме душата, а потоа телото; Бог, Кој со еден збор го создал светот, може да го нахрани и човекот во пустината).
Ѓаволот го одвел на една висока гора. Му ги покажал сите царства на светот и нивната слава, па му рекол: „Ако ми сепоклониш, сето тоа ќе биде Твое!“
„Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: На Господа, твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!"
Тогаш, ѓаволот повторно го одвел во светиот град Ерусалим, го поставил на храмовиот покрив и му рекол:
„Ако си Син Божји, фрли се одовде долу! Зашто напишано е: На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да те запазат, и на раце ќе Те земат, да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен".
„Кажано е: Не искушувај Го Господа, својот Бог" му одговорил Исус, што значи дека непотребно не треба да бараме од Бога да прави чуда и дека не треба да бидеме премногу самоуверени.
Тогаш ѓаволот, кој бил победен, побегнал од Него, а Божјите ангели пристапиле и Му служеле.

 

 Друго:

По повод Јубилејот 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црва, Светиот архиерејски синод ја издаде книгата ПРЕРАСКАЖАНО ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ДЕЦА“,  во превод на ѓаконот Димче Азески.

Kniga.Evangelie.deca.jpg      Kniga.Evangelie.deca.jpg

Вие, деца, бидете им послушни народителите свои,
во името на Господ, зашто тоа е праведно.
„Почитувај ги својот татко и својата мајка!"
- тоа е првата заповед со ветување,
„За да ти биде добро, и даживееш долго на земјата."
И вие, татковците, не дразнете ги децата свои, туку
подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.
(Ефес. 6,1-4)

Kniga.Evangelie.deca.jpg

„Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене,
и не ги спречувајте,
зашто на таквите е царството Божјо!
Вистина ви велам:
кој нема да го прими царството Божјо како дете,
то ј нема да вдезе во него "

Kniga.Evangelie.deca.jpg  Kniga.Evangelie.deca.jpg

 

Kniga.Evangelie.deca.jpg

Извадок :

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2686
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7136
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6969
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная