ПОЛЕЗНИ ПОТСЕТУВАЊА
Ако те загрева оган на телесна страсна желба, спротивстави му го адскиот оган, и први-от за миг ќе изгасне и ќе го снема. Ако имаш на-мера да направиш нешто лошо, помисли на она крцкање на заби и стравот ќе завладее со твојот јазик. Имаш ли намера нешто да украдеш, слу-шни што заповеда Судијата, Кој вели: „Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во кра-јната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби" (Мт. 22:13), па така ќе ја изгониш од себе и оваа страст. Робуваш ли на пијанство, живееш ли во невоздржаност, слушни ги зборовите на бога-тиот: „...прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти мно-гу страдам во овој пламен" што не вродиле плод и не му донесле помош (Лк. 16: 24-25). Ова често да си го обновуваш во умот па ќе отстапиш од страстите на невоздржување. Ако, пак, сакаш за-бави и веселби, поразмисли за тешкотиите и патењата што те чекаат таму и подоцна повеќе не-ма ни да помислиш на веселби. Ако си суров и немилосрден, честопати споменувај си на оние девојки на кои, бидејќи светилките им се изгаси-ле, не им било дозволено да влезат во одаите на Младоженецот, па брзо ќе постанеш човекољу-бив. Можеби си мрзелив и немарен? Размисли за уделот на оној што го сокрил својот талант во зе-мјата, па ќе постанеш побрз од огнот. Те разјаду-ва ли страста како да завладееш со имотот на својот ближен? Непрестајно замислувај го оној црв кој не умира, па лесно ќе се ослободиш од таа болест и сите останати свои слабости ќе ги исправиш. Бог ништо тешко не ни заповедал, ни-што што ги надминува нашите сили. Зошто то-гаш Неговите заповеди ни се чинат толку тего-бни? Заради нашата раслабеност. Доколку има-ме доволно грижа и ревност, тоа најтешкото по-станува лесно и едноставно остварливо. Така, а-ко се предадеме на мрзеливост, нешто што е ле-сно постанува тешко. Расудувајќи за сето тоа, не треба да гледаме на тоа како некои луѓе својот живот го поминуваат во раскош и во невоздржу-вање, туку на тоа каков ќе им биде крајот. Во о-вдешниот живот нивниот крај е - скапување и дебелеење на телото, а во идниот - црв и оган. Исто така, не треба да гледаме на тоа како крад-ците крадат, туку крајот на нивниот живот; веќе во овој живот таквите ги разјадува немир, страв, мачење на совеста, додека во идниот век ги чека-ат окови што никој не ќе може да им ги извади.
Ако самите во себе размислуваме на овој начин, набрзо ќе ја отфрлиме пристрасноста кон овде-шните и во себе ќе ја поттикнеме љубовта кон идните добрини. Блазе, стопати блазе им на оние кои се насладуваат со последните! И обратно: до-стојни се за жалење и стопати повеќе се несреќни оние кои во маки пребиваат!
(Продолжува)
Подготви: Стојанка Тежак
ЉУБОВТА КОН БОГА И
БОЖЈАТА ЉУБОВ
Што е тоа страв Божји, како се стекнува и како да се живее со него според учењата на светите Отци
Превод Протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, Охрид 2004
Друго:
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
ЉУБОВ КОН БОГА И СТРАВ ПРЕД БОГА
СОВРШЕНСТВОТО НА ЉУБОВТА СЕ ПОЈАВУВА ВО МОЛИТВАТА ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ
ЗА СТРАВОТ ШТО СЕ РАЃА ОД ГОЛЕМА ЉУБОВ
Св. Теодор Бдески - ЗА СОВРШЕНИОТ СТРАВ
ЉУБОВТА НЕ САМО ШТО НАС, СЛУГИТЕ, НЕ ПРАВИ СИНОВИ, ТУКУ ВО НАС ГО ОБНОВУВА ЛИКОТ И БОЖЈОТО ПОДОБИЕ
Св. Јован Златоуст - ПОВЕЌЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД ЛУЃЕТО ОТКОЛКУ ОД БОГА
Св. Јован Златоуст- ЗА ПОЛЗАТА ОД ПОТСЕТУВАЊА НА СТРАВОТ ОД АДСКИТЕ МАКИ
Св. Јован Златоуст - РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА СТРАШНИОТ СУД