логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.simeon.novbogoslov2a.jpg

Свети Симеон Нов Богослов

ТРИЕСЕТ И ТРЕТА БЕСЕДА

За оние кои се причестуваат со Светите Тајни
- И кој се причестува недостојно

Како кога некој богат и благороден човек, напуштајќи го пробиениот и уреден пат и скршнувајќи во пусти и тешко проодни места, би дошол во рацете на разбојници кои, фаќајќи го, ќе го соблечат од него доброто руво што го носел и ќе го облечат во партали измачкани со крв и со секаква нечистотија, а потоа, оставајќи го покрај себе, ќе го натераат заедно со нив да се прејадува, да се опива и да прави срамни дела, па и да биде разбојник како нив, а тој ќе наоѓа задоволство во претераното јадење на се до што ќе дојде, во опивањето и во нечистите дела, па со текот на времето, навикнувајќи се.на нивните разбојнички обичаи, засекогаш ќе остане кај нив, заборавајќи го потеклото свое и поранешниот благоррден и чесен живот од причина што во него целосно истицала поранешната љубов кон чесните и благочестиви обичаи и кон таквиот начин на живеење - на ист, и уште полош начин, страда христијанинот кој, напуштајќи го патот што им доликува на христијаните да го одат, скршнува по ѓаволските беспаќа, кога тој, на пример, напуштајќи го чесниот и трудољубив живот во кој се издржувал од својата работа бил задоволен и со малку, ќе го засака животот со световните утехи и заради тоа ќе почне да оди кон неправди, навреди и грабежи, а потоа ќе дојде и до нечистите и срамни дела на блудот. Нели е очигледно дека таквиот човек дошол во рацете на демоните и дека тие му ја одзеле благодатта на Светото Крштение?
Очигледен доказ дека му е одземена благодатта на Светото Крштение претставува неговото сопствено признавање дека никако не може да ја пресече и отсече својата срамна алчност и да се воздржи, за да не ја задоволува таа алчност со срамни дела. Колку има меѓу нас такви несреќници, кои се уште понесреќни, бидејќи не се свесни и не ја чувствуваат својата бедна состојба? Меѓутоа, забележуваме дека некои меѓу нив доаѓаат до такво безумие, што се осмелуваат да се причестуваат со пречистото Тело и бесцената Крв Христова. Каква бесрамност и самозаборав! Тешко на свештеникот кој на таквиот му ги дава Светите Тајни, тешко и на оној кој се причестува во ваква состојба. Тешко на овој кој се причестува затоа што причестувајќи се по срамните дела, кои не се исчистени со покајание и епитимија, тој се повеќе и повеќе паѓа под власта на ѓаволот, за на крај тој целосно да завладее со него. И Бог таквиот сосема го напушта поради неговиот срам и нечистотија, а особено поради бесрамноста и дрскоста негова, како што и Светото Евангелие сведочи за Јуда, дека штом вкусил од Лебот кој Христос Господ му го дал на светата вечера: "истиотмомент сатаната влезе во него..." (Јован 13, 27). Тешко на свештеникот кој причестува таков, зашто со причест го удостојува недостојниот и пречистото Тело и чес-ната Крв на Спасителот Христос ја подава на оној кој не е достоен дури ни прагот на Божјиот храм да го пречекори, на оној со кого на секој христијанин му е забрането дури и да јаде заедно обична храна, како што востановил свети апостол Павле, велејќи: "Со оној, којнарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадетѓ" (1. Кор. 5, 11). Гледаш ли дека на христијаните таквиот човек дури не им е ни брат, туку само така се нарекува.
Оној, кој на таквиот му ги дава Тајните со право подлежи на осуда и поради тоа што на тој начин човекот кој греши, од причина што го оддалечува од вистинската помисла и од причина на лекомислено невнимание, го прави апсолутен непријател Божји. Свештеникот или духовниот отец не смее на таков да му ги дава Тајните, туку е должен со зборови на кроткост и милост таквиот да го поттикне на покајание, спомнувајќи му ги оние страшни адски маки, кои грешниците неизбежно ќе ги искусат; должен е да го вразуми и да го води слично на слепец и на него да се сожали како на човек што слегол од умот и страда од ѓаволско искушение и насилство, и да се помоли на Господа да го отвори слухот на неговата душа и да му помогне барем малку да дојде при себе и да ја познае својата нечесност, па повторно преку покајанието да се врати меѓу верните, бидејќи во ваква состојба тој е неверен и нечесен. Кога тој би имал трепетно почитување и вера во Христа и кога со срце би исповедал дека Христос е Бог Кој "не сака беззаконија", во Кого "нема место за оној кој е зол, безбожниците нема да излезат пред очите Негови" ( Псал. 5, 4-5), тој би се застрашил и би повнимавал да не се причестува со пречистите Тајни Негови со таква лекомисленост, за да не го стигне невидливо, поради тоа, ангелскиот меч.
Има многу такви во светот, кои, поради срам пред луѓето, за да не излезе на видело дека се недостојни, дрско пристапуваат кон пречистите Тајни иако се свесни дека не се достојни; и ако некој пак, се обиде да ги одврати од таквата дрскост, нему би му се лутеле и би го опсипале со навреди како тежок човек, не доаѓајќи си на себе, не срамејќи се и зашто не се свесни за својата злонамера, туку на сите можни начини се спротивставуваат на оние што им бранат да пристапат кон Светата Причест, зашто таквите по секоја цена сакаат да се причестат, или, подобро речено, сакаат да се стркалаат во конечната погибел, во безнадеж и отфрленост од Бога. Таквите би требало да го послушаат оној кој не им дозволува недостојно причестување и да му благодарат, зашто тој ги избавува од најголемата неволја од која нема поголема и никогаш не ни имало. зашто оние кои недостојно се причестуваат се виновни пред Крвта на Господа Христа, односно ќе бидат осудени заедно со Јуда и со оние кои Го распнаа Господа. А што може да биде полошо и потешко од потпаѓање под истата онаа осуда, под која ќе иотпаднат оние коишто Го распнаа Господа?
За таквиот грешник сите браќа треба да се соберат и со солзи да го молат Бога: "да го предаде на сатаната, за мачење на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Господ Исус Христос" (1. Кор. 5, 5). Предавањето на сатаната за мачење на телото, покрај другото, го означува и тоа грешникот да биде казнет со разни телесни немоќи, страдања, рани и неизлечиви болести, за да дојде во целомудреност, за да дојде на себеси и да се покае, па макар и несакајќи, зашто на тоа е принуден од телесните страдања, така што тоа што не сакал да го направи додека бил здрав, принуден е да го направи поради болест и мачење на телото. Бидејќи Бог, кога душата ќе погреши, го казнува телото, за душата, доаѓајќи на себеси, да се покае и да се спаси. А кога таквиот, откако ќе се покае и исправи, ќе се причести со Светите Тајни, светоста на божествената причест во него ќе пројави голема сила и власт, ќе го скрши гревот и неговата душа ќе ја исчисти од гревовните наклонетости и похоти. Бидејќи како што водата и огнот не можат заедно да се наоѓаат во ист сад, така и во еден ист христијанин не можат да бидат заедно и пречистото Тело Христово и гнасотата на гревот.
Ако оној што го сака гревот и недостојно се причестува со пречистите Тајни на Телото и Крвта на Спасителот, веднаш не се оддаде на мачење заради вразумување, тогаш нема да ги избегне вечните маки таму каде што црвот не спие и огнот не се гаси. Значи, ако таквиот не се плаши од вечниот оган и од неиздржливите маки заедно со ѓаволот во вековите на вековите, тогаш нека се причестува без страв. Ако, пак, се плаши, тогаш подобро е за него воздржувајќи се од причестување со пречистите Тајни за некое време, да се покае, да се исплаче пред Бога, да се потруди - според своите сили - да ја промени својата волја и да ја пресече својата зла греовна навика, па потоа да се причести без опасност за својата душа; и од него ќе биде истеран сатаната, кој живеејќи во него, насилно го поттикнувал на разврат и на секаква нечистотија. Бидејќи оној што ги љуби срамните и гнасните дела, не ги љуби сам од себе, туку под дејство на сатаната, кој најпрво го прелага отворајќи му ја само вратата на сладострастието, за тој таму да ја провне само главата своја, односно, за да постави темел на гревот; но подоцна, малку по малку, со зацврстување на гревовната навика сатаната целиот влегува во него, завладува со сите сили на душата, живее во неговото срце како на одар и со своето делување во него ја распламтува љубовта кон срамните дела, со цел човекот да им се предава со наслада, слично како што ѓаволоиманите не ретко го јадат својот сопствен измет со задоволство и наслада. Ова треба да го има на ум секој што, поради големото човекољубие Божјо, со дејство на посетата Божја, добива извесен одмор од сатанс-ките гревовни наклонетости, за да си дојде на себе и да прибегне кон Христа, Кој е Единствен силен и демоните да ги изгонува и секоја душевна и телесна болест да ја исцели.
Треба да знаеме дека постојат пет групи на луѓе на кои Светите отци им забрануваат да пристапат кон Светата Причест. Првата група се огласените, кои се уште не се крстени; втората се крстените, но кои ги засакале срамните и неправедни дела, како отстапници од светото живеење заради што се крстени, каде и спаѓаат: блудниците, убијците, лакомите, грабачите, горделивите, завидливците, злопамтивите, сите кои живеат во ваква состојба и не чувствуваат дека се непри-јатели Божји и кои поради тоа се наоѓаат во незавидна сос-тојба, поради која не се жалостат, не плачат поради своите гревови и не се каат; третата група се ѓаволоиманите, ако ја хулат и се потсмеваат на оваа Света Тајна; четвртата се оние кои си дошле на себе, се покајале, ги прекинале гревовните дела, се исповедале, но се уште се под епитимија да стојат надвор од Црквата на одредено време; во петтата група спаѓаат оние, кај кои плодот на покајанието се уште не созреал, односно се уште не се решени целиот свој живот да му го посветат на Бога и останатото време да го живеат во Христа со чист и беспрекорен живот. Очигледно е дека овие пет групи не се достојни за Света Причест. Достоен да се причести со пречистите Тајни е само оној кој е чист и кој во себе ги нема гревовите за кои зборувавме. Но кога некој од овие достојни ќе се оскверни со било каква нечистотгија, како човек, тогаш, се разбира, и тој нема да се причести достојно, доколку не го исчисти со покајание она со што се осквернил. Според тоа, јадел и пиел недостојно и оној што иако достоен, недостојно пристапил кон Светите Тајни. Господ нека ни даде да бидеме достојни и достојно да се причестуваме со пречистите Тајни во Исуса Христа, нашиот Господ, Кому нека му е слава во бескрајните векови на вековите. Амин!

(Продолжува)

СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

Издавач: ЃАКОНИЈА

Главен и одговорен уредник

Митрополит г. Агатангел

 Друго:

ПИСМО ДО ЦЕЦИЛИЈ ЗА СВЕТАТА ТАЈНА НА ЧАШАТА ГОСПОДОВА

ЧЕТВРТА МИСТАГОШКА КАТИХЕЗА НА НОВОПРОСВЕТЕНИТЕ ЗА ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВА

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7623
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная