логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Литургија на Претходноосветените Дарови

 Божествената Литургија е празнична и радосна богослужба, тоа е служба на радост и веселба. Токму заради оваа радосна и торжествена особина на оваа богослужба, таа се служи само во сабота и недела за време на Воскресниот пост, но не и во останатите седмични денови заради великопосното покајно расположение.
 Сепак, за верните да можат да се причестуваат во текот на седмицата, многу древното и преубаво богослужение, Литургијата на Претходноосветените Дарови се служи само во текот на Воскресниот пост и тоа: секоја среда и петок во првите шест седмици: во четвртокот од петтата седмица, на Велики понедел-ник, вторник и среда. Може да се служи, исто така и во понеделник, вторник и четврток на 2, 3, 4, 5 и 6 седмица од Постот, ако во тие денови падне светител кој има Полиелеј или ако е храмов празник.
 Чесните Дарови не се осветуваат на оваа Литургија, но на претходната (обично неделна) Литургија.
 Пред светата Литургија на Претходноосветените Дарови се совршуваат Великопосните часови: 3, 6 и 9 со Изобразителната, додека самата света Литургија започнува со Вечерна.


Акатистна молебна служба
»Пофалба на Богородица«

 Акатистот е прекрасна песна на пофалба и благочестива посветеност на Мајката на нашиот Господ во Богородичната црква во Цариград во чест и бла-годарност за избавувањето и ослободувањето на Цариград од варварите.
 Се пее во многу православни цркви во петок за време на првите пет недели на Великиот пост. Акатистот се состои од дваесет и четири строфи. Секоја строфа започнува со слово од еллинската алфавита, од Алфа до Омега.
 Молебната служба е поделена во четири дела; по еден дел се пее секој петок од Постот (Пофалба), а во петокот од петтата седмица, Акатистот се пее во целина. Се нарекува Акатист, или неседален, зашто верниот народ од љубов, предаденост и благодарност на Пресветата Богородица, за чудата кои ги направила, стоел за време на пеењето на целата Химна.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2886
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7330
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 7161
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

01/09/2024 - недела

Св. маченик Андреј Стратилат; Преп. Теофан; Св. маченици Тимотеј, Агапиј и Текла;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 19 август  ⁄ 1 септември 2024

Тропар на св. Христов маченик Андреј Стратилат 19 август ⁄ 1 септември 2024

Славата на земното звање оставајќи ја,Царството Небесно си го наследил,со капки крв како со скапоцени камења

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 18 август / 31 август 2024

Тропар на св.преподобен отец Јован Рилски 18 август / 31 август 2024

Втемелен на покајание, излив на умиление,пример на утешение и на духовно совршенство беше твојот рамноангелен живот, преподобен.Оче Јоване, кој во...

Тропар на св. Христов маченик Мирон 17 август / 30 август 2024

Тропар на св. Христов маченик Мирон 17 август / 30 август 2024

Презвитеру Христов Мироне,оној кој телото твое го соголи,не можеше на душата да & напакости,туку слава поголема во Божји очи ти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная