логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


      

sv.Jovan.Kronstatski1.jpg
Избран и верен меѓу ереите Божји, те фалиме Богоносен оче Јоване! Чекорејќи по Евангелската вистина, ти со Христа се сораспна и на сите верни им излеваш исцеленија, упатувајќи ги кон спасение. Ние пак, преку твоите молитви во верата, надежта и љубовта закрепнати, благодарно ти воскликнуваме:
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Икос 1
Како ангел на молитвата и проповедник на покајанието те познавме блажен оче ; не застапуваш пред Престолот Божји, за да дојдеме до познавање на вистината и животот свој да го насочиме на патот на покајанието, воскликнувајќи ти :
Радувај се, избран саду за благодатта Божја !
Радувај се, зашто Премудроста Божја како мајчино млеко, слатко си ја пиел !
Радувај се, зашто својот Ангел чувар, како некогаш Товиј, со сета своја душа си го следел !
Радувај се, на богољубивите родители целомудрен и безпрекорен плод на чистота !
Радувај се, во покорувањето на своите родители благослов Божји си стекнал !
Радувај се, од младоста своја на раководството на Светиот Дух си се предал !
Радувај се, со сето срце Бога си го возљубил !
Радувај се, по мерка на растот Христов Богомудро си растел !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 2
Предвидувајќи дека многу соблазни и неволји доаѓаат на Црквата Православна и дека чедата Божји ке бидат возмутени, како добар пастир, готов да ја положиш душата своја за овците свои, си им зборувал на луѓето : ,, Бегајте од соблазните, стојте во верата Православна, храбрете се и јакнете и славете Го Господа, воскликнувајќи Му : Алилуја !
Икос 2
Со разумот Божји просветен, животочни струи на богословието изли, себлажен оче Јоване. Во пост и молитва, зборовите Божји со солзи во срцата на верните сеејќи ги, кон светлината на вистинското богопознавање чедата на нашата земја ги повика. Тие пак, утврдувајќи се во љубовта Божја, вака ти пееа :
Радувај се, огнен ревнителу на Евангелската Вистина!
Радувај се, незамолчив благовеснику на словото за вечен живот!
Радувај се, со својот равноангелски живот достојно украсен !
Радувај се, застапнику на верните луѓе пред престолот Божји !
Радувај се, од младоста своја кон Црквата Божја со сето срце прилепен !
Радувај се, со сета душа си се разгорел да се распнеш себе си со Христа !
Радувај се, со Христовата љубов своето срце како плодна нива го обработи !
Радувај се, на луѓето кои од тага и неволја изнемоштуваат, со сочувство и молитва олеснување си им дарувал !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 3
Со силата на Божествената благодат, како со пламен јаглен покрај жртвеникот Божји вжарен, ти со многусветол светилник во градот Кронштад засветли, оче Јоване, на отците наши пофалбо. Затоа, оние од бура развиорени во гревовна темнина, и поколебаните од мракот на богоборството, ги просветли и ги научи да пеат : Алилуја !
Икос 3
Имајќи голема љубов кон луѓето со крвта на Синот Божји избавени, си поитал кон оние кои немаат побожност, трезвеноумност и страв Божји и кон развеаните од бурата на очајанието, пастиру Божји Јоване. Покорувајќи се на Христа со кротост и смиреномудрие, ги научи благодарствено да воскликнуваат :
Радувај се, премудар просветителу на оние во темнина и сенка смртна!
Радувај се, благ покровителу за спасението на луѓето кои ги виори бурата на гревот!
Радувај се, зашто оние кои незнаат за Бога и скаменетите по срце на покајание ги разбудуваш !
Радувај се, зашто со Божествената Премудрост во своите списи не осветлуваш !
Радувај се, на злите и сурови срца благо омекнување !
Радувај се, на мрзливите и дремливите по совест сочуствителен разобличителу !
Радувај се, на Словото Божјо и Неговата правда бестрашен проповеднику !
Радувај се, со добродетелното свое живеење замките на поднебесните духови на злобата ги уништи !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 4
Бурата на расипаноста која беснее против нашата света Црква ја препозна, оче Јоване; како верен чувар на домот Господов, си ги учел овците Христови да бдеат и да одат право во вистинската вера и во заповедите Негови непорочно да пребиваат, за со чисто срце непрестано да воспеваат победничка песна : Алилуја !
Икос 4
Слушајќи за тебе дека си избран сад преполн со благодатни дарови, ревнител на подвигот на милосрдноста и љубител на сиромаштвото, утешител на вдовиците и сирачињата, страдалниците и обременетите и со солзи молитвеник за непокајаните грешници, не само од Кронштад, туку и од сите страни на земјата поитаа луѓето Божји и исцелување од Тебе добиваа. Со нив, и ние, каејќи се за гревовите свои, како на наш топол застапник пред Бога со умиление Ти воскликнуваме:
Радувај се, сејачу на правдата, кој со солзите свои земјата Руска ја освети !
Радувај се, разобличителу на неправдата, кој душите на верните од прелеста ѓаволска ги ослободи !
Радувај се, зашто на разумните и кротките по срце, со светлина патот кон Бога им го покажуваше !
Радувај се, со учењата свои, како кротка хранителка, си не греел и хранел !
Радувај се, на сите тажни и преоптоварени вистинска надеж !
Радувај се, исцелуванје на болните и оние што страдаат од зли духови !
Радувај се, избран саду, даровите на Светиот Дух на верните бесплатно си им ги точел !
Радувај се, милосрден не само кон луѓето, туку и кон животните !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 5
Како небесносветла звезда со свештенокрасивниот живот свој засвети, пастире Христов, Јоване ! Од Бога даруваното наследство, од душегубните волци со словото Божјо си го штител, пастирски повикувајќи : „ Земете го Крстот Господов, на кој Христос, Царот на Славата, ракописот на нашите гревови го уништи, и во Кого е вечното воскресение на светот “. А ние, осенувајќи се со него, Му пееме со тебе на Бога победничка песна : Алилуја .
Икос 5
Гледајќи те како прекрасно блескаш на свеќникот на Црквата, Рускиот народ Правдата Божја барајќи ја, кон тебе прибегнуваше, и како на пријател Христов ти ги исповедуваше своите гревови. Ние пак, од многуте гревови обременети, кон тебе, Јоване блажен прибегнуваме и зборуваме :
Радувај се, со силата на благодатта, која е во тебе, слабите по дух во љубовта Божја се утврдуваат !
Радувај се, со твојата молитва покајниците од гревовното ропство се ослободуваат !
Радувај се, со трудовите твои, гладните и жедните за Христова правда се наситуваат !
Радувај се, со твоето благовештение непријателите Христови се посрамуваат !
Радувај се, од твоите молитви сите сили на адот треперат и се тресат !
Радувај се, со подигнувањето на рацете твои небесните двери на верните им се отвораат !
Радувај се, за умилостивување кон народот православен, како благомиризлив темјан молитва на Бога херувимски си Му принесувал !
Радувај се, не поттикна да се молиме за оние кои не ја познаваат Божјата љубов и правда !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 6
Многумина се јавија како проповедници на чудесните дела Божји, блажен Јоване: сиромаси и богати, стари и млади. На сите љубовта своја си им ја изливал. Затоа не само православните туку и друговерниците, со силата на твоите молитви милоста Божја ја наоѓаа, пеејќи му на Бога: Алилуја !
Икос 6
Засвете со животот твој во Црквата Православна поблескаво од поларната светлина, просветувајќи ја земјата наша со светлината на Христовото Евангелие и оградувајќи ги од ѓаволските замки нејзините чеда. Затоа и сега Го молиме Господ на силите: Неговата света љубов да се утврди во срцата наши, па ни неволја, ни тешкотија ни смрт да не можат да не разделат од љубовта Христова. И достигнувајќи го ова да ти воскликнуваме :
Радувај се, зашто по Божјата Промисла го прорече она кое на нас доаѓа !
Радувај се, зашто не научи да одиме по тесниот пат на заповедите Божји !
Радувај се, зашто на оние кои се во тага и неволји изворот на радоста во Бога им го покажа !
Радувај се, зашто во десницата и левицата оружјето на Божјата правда си го држел !
Радувај се, зашто  со зборови на вистина и љубов, нелицемерно на Синот на Громот се уподоби !
Радувај се, зашто во порфира на покајание сите ги облече !
Радувај се, зашто со дијадема на благодат славно си овенчан !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 7
Себлагиот Господ, сакајќи да ги спаси луѓето на земјата Руска, и да ги очисти како злато во огнена топилница, стави во устата твоја, блажени, дух на премудрост и ти даде разум предвидувачки, за низ срдечно покајание, скрушеност со солзи и непоколеблива вера, да ги подготвиш на пожртвувано служење, та со сите Светии кои во Руската земја засветлеа, ангелски да повикуваат кон Бога : Алилуја !
Икос 7
Гледајќи те како нов Божји избраник, блажен Јоване, како во олтарот со солзна млитва за сите со Христа се сораспнуваш, богољубивите луѓе со вера кон тебе приоѓаа и душевно и телесно се исцелуваа. Затоа и ние слабите усрдно те молиме : подигни ги рацете свои и застапи се за нас пред Господа, како таткото за своите деца, да ја умножи Господ Својата милост кон нас, кои ова ти го принесуваме :
Радувај се, ти кој за нас пред Престолот Божји плачиш и усрдно се молиш !
Радувај се, усрден чувару на покајанието со солзи!
Радувај се, примеру на непрестано подвизување, кој не упатуваш на Христа Бога усрдно да Му служиме !
Радувај се, зашто не утврдуваш на божествената стража на верата апостолска !
Радувај се, зашто како образец на целомудреност и воздржливост прекрасно си покажал !
Радувај се, зашто празноверието, ересите и хулите од своето стадо си ги отсекол !
Радувај се, славен просветителу на оние кои се во темнината  на незнаењето !
Радувај се, мудар избавителу на душите човечки од земната суета !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 8
Гледаме големо чудо остварено врз тебе, прекрасен пастиру Христов Јоване ! Бидејќи самата Пречиста Мајка Божја блажен те нарече тебе и твоите следбеници и со радост на сите вам ви го објави Божјото благоволение : “ О, најмили деца на Отецот Небесен !“. Така Таа ја објави радоста на Црквата Небесна поради подвигот на онаа земната. Затоа и ние, загревани од надежта во застапништвото на Мајката на Господа на силите, Му повикуваме на Царот на сите векови : Алилуја !
Икос 8
Целиот со Божествен копнеж разгорен, како носител на љубовта Христова се јави, пастиру добар. Во неа милоста и вистината се сретнаа, правдата и мирот се целиваа, секоја лага беше победена, еретичкото зломислие како трулеж, запалено, неволјите човечки со елеот на милосрдието Твое се ублажија. Ние пак, мрзливците, не ги стекнавме овие ризници, и по праведниот Суд Божји постабнавме достојни за многу неволји и јад. Но знаејќи те како неуспивлив помошник, со умиление те повикуваме :
Радувај се, неуморен носителу на љубовта Христова!
Радувај се, ревносен сеачу на мирот и правдата !
Радувај се, непоколеблив чувару на верата православна !
Радувај се, засадителу на побожноста и православната вера !
Радувај се, зашто за сиот свет се грижиш и со солзи се молиш !
Радувај се, на отците наши пофалбо, а нам надеж и тврдина !
Радувај се, од Бога избран пастиру, на Светата Русија благодатен украсе !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 9
На радост на сите кои се во неволји и животни грижи, Господ им го подигна прекрасниот пастир и чудотворец Јован: хромите и раслабените, слепите и од зли духови мачените да ги исцели, оние кои се наоѓаат во погубното пијанство и брачно неверство на непосрамен живот да ги повика и оптоварените од грижи  да ги приведе кон Бога, и така во душите на верните Царството на Божјата правда да го засади, па сите да Му запееме на Бога спасоносна песна : Алилуја !
Икос 9
Благоговорливите не можеа да ја објаснат силата на твоите молитви,  прекрасен Јоване, кога тројцата момчиња кои се осмелија да те исмејат тебе и твојата молитва, ги казни за нивно спасение. Гледајќи ги како се каат и со солзи се молат, ти од Бога исцелување за хулителот испроси. Тие пак, познавајќи ја чудотворната сила на твојата молитва и најтоплото милосрдие на твојата љубов, како Божји прозорливец блажен те нарекоа, и те фалеа :
Радувај се, доброто икономство на својот чин богомудро си сочувал !
Радувај се, дадениот залог, Телото Христово, цел и недопрен до последниот здив го сочува !
Радувај се, Богонапишаните табли на двата Завета достојно ги проповедаше !
Радувај се, Црквата Христова ја просветуваше со побожноста на добар пастир !
Радувај се, на грешниците кои се каат, и на сираците и бедните милостив покровителу !
Радувај се, на вистинската просвета и христијанската побожност ревносен градинару!
Радувај се, мудар патеводителу, патеката на правдата на младите им ја покажуваш !
Радувај се, нелицемерен судијо, оние кои зло мислат со љубов ги прекоруваш !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 10
Сакајќи да ги спасиш душите на своите ближни, изложени на бурите од ереси и маловерие, си се вооружил со воздржание и смирение против ѓаволските сплетки, оче Јоване, и апостолското и светоотечкото исповедание на верата цврсто си го сочувал. Со пожртвувана љубов сораспнувајќи се со Христа, својата душа за спасение на народот Божји ја положи и Царството Небесно достигна, каде со Ангелите и хоровите на Светиите непрестано го славиш Бога. Спомни си за нас, кои го празнуваме славниот твој спомен и на Бога Му пееме : Алилуја !
Икос 10
Цврста ограда беше љубовта твоја кон Господа, во која срцето твое се утврди, Богоносен оче Јоване. Поради тоа, на сите кои со вера ти приоѓаат им се откри како прибежиште и утврдување : сите кон Христа да ги приведеш. Затоа и нам, кои ти приоѓаме, биди ни силна ограда и неодолива заштита, да не ни се смеат оние кои зло ни посакуваат. Во мирот и љубовта Христова да пребиваме и овие пофалби да ти ги принасуваме :
Радувај се, неугаслив светилниче со Огнот на Светиот Дух вжарен !
Радувај се, крине кој секогаш мирисаш, со росата на благодатта Божја напоен !
Радувај се, богоплодна росо, која со благодатни дарови на верата оживуваш !
Радувај се, сол на земјата, која не штитиш од трулежот гревовен !
Радувај се, тивко пристаниште на оние кои ги виори бурата на животното море !
Радувај се, зашто помош Божја измолуваш за душевно и телесно изнемоштените !
Радувај се, прекрасен познавачу на срцата човечки кој верните од лажните мудрувања ги оградуваш !
Радувај се, зашто со својата чиста молитва сојузот на сопружничката верност го зацврстуваш !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 11
Достојна пофална песна ти принесуваме, себлажен оче Јоване, кој со целиот свој живот Бога го прослави. Како што те видовме долу на земјата пред Престолот Господов како за сите и за се го молиш Владиката на сите, така и сега горе на Небесата вознеси ја молитвата своја, непоколеблива да биде Црквата наша, и од поколение во поколение благочестиво да се слави Името на Троединиот Бог во нашата татковина меѓу оние кои воспеваат : Алилуја !
Икос 11
Како светлозарна свеќа на оние кои се во темнината на животот, те гледаме Богоизбран оче Јоване, бидејќи ти секогаш во соборот на светиите и Силите Небесни пред прстолот Божји не застапуваш. Погледај на нас, чедата свои, олесни ни ги неволјите и исцели ги нашите болести, да ти воскликнуваме :
Радувај се, зашто во подвигот твој, Името на Пресвета Троица прекрасно се прослави !
Радувај се, зашто со побожноста на твојата вера Црквата Христова се украси !
Радувај се, зашто со твоето сочувство кон ближните, нивните неволји, болести и секакви болки се ублажуваат !
Радувај се, зашто по твоите молитви покаените грешници за Царството Небесно се подготвуваат !
Радувај се, штедар дарителу на спасоносни небесни и земни блага!
Радувај се, сигурен избавителу од видливи и невидливи непријатели!
Радувај се, зашто во земниот Едем, Црквата Христова, со добар подвиг засветли !
Радувај се, зашто ги доби рајските убавини, за праведните подготвени!
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 12
Како кладенец преполн со благодатни дарови на Светиот Дух, те јави Господ,оче наш Јоване, и ние да бидеме нивни причесници преку тебе, и така да ја спознаеме Божјата милост кон нас, да не отстапи Господ од нас ниту да не посрами, кога со благодарни усни и чисти срца надевајќи се на милоста на Неговата доброта, ќе запееме : Алилуја !
Икос 12
Воспевајќи пофалби за достојното твое живеење на земјата, и славата која си ја добил на Небесата, те молиме, Јоване блажен, вознеси кон Бога молитви за нас, да бидеме помилувани во денот на Судот и спасени со твоите молитви, да ти воскликнуваме :
Радувај се, Богоизбран и Богопрославен пастиру на руската земја !
Радувај се, зашто го запеа Божјото име како милозвучна свирка !
Радувај се, зашто си ревнувал слично на апостолите и пророците !
Радувај се, за нашиот народ и Татковина топол молитвенику !
Радувај се, на верата православна вистински иповеднику !
Радувај се, пресветол зраку кој патот на вечниот живот го осветлуваш !
Радувај се, ти, кој нам Божјата благост ни ја откриваш !
Радувај се, обилна трпезо, од која монасите и мирјаните се хранат !
Радувај се, учителу на Правдата Божја, со кој и старите и младите се украсуваат !
Радувај се, зашто оние кои Бог ти ги подари на радоста Божја ги изгради !
Радувај се, зашто од небесните жители целив во Господа прими !
Радувај се, Јоване, на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 13
О, себлажен оче Јоване, блескав Руски светилниче и прекрасен чудотворче ! Прими ја оваа пофална песна и моли Го Христа Бога да ја утврди Црквата Своја во мир и побожност, а нас од сите несреќи да не избави и во единомислие на верата и сојузот на љубовта Христова да не сочува, за да со една уста и едно срце Му запееме со тебе на Бога : Алилуја !
(  Овој кондак се чита три пати  )
Потоа се чита Икос 1 и Кондак 1.
Молитва кон светиот и праведен Јован Кронштадски
О, голем Христов угодниче, свети праведен оче Јоване Кронштадски, прекрасен пастиру, брз помошнику и милистив застапнику ! Вознесувајќи славословие кон Троединиот Бог, молитвено си повикувал :
“ Името Ти е – љубов : не отфрлај ме заблудениот !
Името Ти е – Сила : закрепни ме, бидејќи изнемоштувам и паѓам !
Името Ти е – Светлина : просветли ја душата моја помрачена од животни страсти !
Името Ти е – Милост : не престанувај да ме милуваш ! “
Христоименит и праведен угоднику Божји !
Озари не со својата љубов нас, грешните и слабите, удостој не да принесеме плодови на покајание и неосудено да се причестуваме со Христовите тајни. Со силата своја зацврсти ја верата во нас, подржувај не во молитвата, слабостите и болестите исцели ги, од искушенија на видливите и невидливи непријатели избави не. Со светлината на ликот свој, подигни ги служителите на Олтарот Христов на подвизи свети на пастирското служење, дарувај им воспитание на децата, младоста упати ја, староста подржи ја, светињите на храмовите и светите обители засветли ги !
Смири ги, чудотворче и прозорливче, народите на нашата земја; со благодатта и дарот на Духот Свети избави ги од меѓусебни борби; расејаните собери ги, заблудените обрати ги и приведи ги кон Светата Соборна и Апостолска Црква.
Со милоста своја браковите во мир и еднодушност сочувај ги, на монасите во добрите дела напредок и благослов дарувај им, утеши ги малодушните, оние кои страдаат од нечисти духови ослободи ги, на оние кои им е потребна помош и кој се во тешки околности помилувај ги и сите нас насочи не на патот на спасението.
Жив во Христа, оче наш Јоване, приведи не во Невечерната Светлина на Вечниот Живот, да се удостоиме со тебе на вечно блаженство, фалејќи Го и превознесувајќи Го Бога во сите векови. Амин
Молитва втора
О, голем чудотворче и прекрасен Божји угоднику, Богоносен оче, Јоване ! Погледни на нас и добродушно чуј го нашето молење, бидејќи со големи дарови те удостои Господ - застапник и секогашен молитвеник да ни бидеш. Гледај, од страстите гревовни развиорени и од злото подгризени, заповедите Божји ги занемаривме, покајание со солзи од срцето не принесовме и достојни за неволји се јавивме.
Ти, праведен оче, имајќи голема смелост пред Господа и сочувство кон ближните, моли Го штедриот Владетел на светот да ја пројави големата милост Своја кон нас и да ги покрие нашите неправди; да не не погуби поради нашите безаконија, туку милостиво да ни даде време за покајание.
О, светецу Божји, помогни ни верата православна непорочна да ја сочуваме и Божјите заповеди побожно да ги извршуваме. Да не завладее во нас некое беззаконие, да не се посрами Правдата Божја во неправдите наши, туку да се удостоиме да достигнеме христијански крај, без болка, непосрамен,мирен и да се причестиме со Светите Божји Тајни.Уште те молиме оче праведен, да биде нашата Црква утврдена до крајот на вековите. За Татковината наша мир и опстанок испроси, и сочувај ја од сите зла, за така народите наши, штитени од Бога, во едномислие во верата и секоја побожност и чистота, во убавината на духовно братство и согласност да сведочат дека со нас е Бог ! Преку Него се движиме и живееме и сме и ке бидеме засекогаш. Амин.
Тропар   (  глас    4  )
На верата православна поборниче, на руската земја печалниче, Правило на пастирите и пример на верните, на покајанието и животот во Христа проповедниче, на Божествените Тајни побожен служителе и за луѓето смел молитвениче, праведен оче Јоване, исцелителе и прекрасен чудотворче, на градот Кронштат пофалбо и на Црквата наша украсу, моли го Себлагиот Бог да го смири светот и да ги спаси нашите души.
Кондак    (  глас   3  )
sv.jovankronstatski.jpgДенес Кронштатскиот пастир стои пред Престолот Божји и усрдно за верните Христа Пастироначалникот Го моли, Кој вети : “ Ќе ја соѕидам Црквата Своја и вратите на адот нема да ја победат “.

 

 

 

 

 

Извор:  http://www.mpc-svpetka.com/ (Акатисти и Канони)

 

 Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“
2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная