ЛУЃЕТО ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА БИДАТ ЛУЃЕ – Најстрашната епидемија!
(пророчко слово, нели?)
„Времето на овој осиромашен свет ќе помине кога, според зборовите на Спасителот, љубовта ќе осиромаши…
Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза:
љубовта ќе осиромаши…
Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските;
ќе станат странци еден на друг.
Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема…
Луѓето ќе престанат да бидат луѓе, во сè ќе посакаат да ја видат единствено сопствената сенка;
ќе бидат спремни да обвинат секого за сè;
никому нема да му помагаат и никого нема да поштедат; нема да има сострадување и љубов.
Ќе престанат да комуницираат, ќе се облечат во навреди и предавство, ќе прават планови за измами, ќе плетат бескрајни долги интриги, ќе сеат туѓа крв на туѓа земја, заборавајќи дека Земјата е една за сите и што ќе си посееш, тоа ќе си пожнееш.
Љубовта ќе осиромаши, а никој друг нема да биде виновен, освен самите ние, бидејќи љубовта е наша задача:
наша, моја и твоја.
Не можеме да изнудуваме љубов.
Љубов може само да се дава, да се споделува,
да се разменува, да се чува, да се негува,
да се предава во рацете на Божјата промисла.
И на крај, само преку љубовта може да се живее, вдишувајќи ги со полни гради неземните ветрови на Божјото царство.
Но, ќе настапи време на загаден воздух, нетолерантен за тој огнен ветер на Љубовта.
И тогаш ќе настапи крајот, зашто Бог ќе влезе во оваа микро вселена, доаѓајќи отаде времето, за да ги спаси оние, кои сепак нашле сили за да љубат.
Нашиот свет нема да биде погубен од антихристот.
Самите ние ќе му допуштиме на антихристот да завладее со нашите срца.
Кога, пак, тој ќе влезе со нашите души, ние ќе го сметаме за свој – а тој навидум ќе нè почитува, ќе ги оценува нашите сомнителни вредности, давајќи ни мноштво справедливост ред и чистота. “
Јеромонах Димитриј Персин+