Во мрежата на осаменоста
„Една од главните причини за внатрешната осаменост е навиката да се осудува. Би можело да се каже дека осаменоста и осудувањето се слични болести на душата. Човекот што осудува, каде и да се наоѓа, секогаш е незадоволен од своето опкружување. Нему му се чини дека неговите жалби кон ближниот се справедливи и неспорни. Но, тоа сигурно е грешка. Човек што го гледа ближниот низ призмата на осудувањето, неговиот збор го гледа во искривено огледало, сосема различно од тоа што навистина е. Тоа огледало дури и доблестите може да ги претвори во недостатоци.“