логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Josif.Obruchnik

Глас 1, неговиот акростих е: „Те воспевам од десно на Христа стоиш. Јосиф“

Песна 1

Ирмос: Христос раждается:

Христов угоднику, блажени, служителу на Христа воплотениот, татко Христов почитуван; претстоејќи пред Него со смелост, испроси им мир и избавување од маките на оние што те фалат.

Послушнику на божествените зборови, служителу на преславните дела, обручнику на Дева Богоотроковица, праведен во сѐ и вистински, си се јавил, Јосифе, и во населбите на праведните си се упокоил.

Си се удостоил да го погледнеш Христа, Кој заради нас стана младенец, и се именуваше Негов татко. Навистина е голема твојата слава! Поголемо од сѐ твоето достоинство! Заради тоа те фалиме.

Богородичен: Христа, телесно го роди во Витлеем, Чиста, неискусобрачна, со пелени Него го пови; Поразен од Неговото доаѓање, Јосиф со страв ја велича и ѝ се поклонува на Неговата сила.

Песна 3

Ирмос: Прежде век от Отца:

На Оној Кој пред вековите од Отца неизречено заблеска и од Дева во последните времиња неискажано се воплоти, се нарече татко и постана сведок на страшната тајна, блажени.

Оној пред Кого вишните чинови, како пред Бога, неописливо треперат, Него, Родениот од Дева, Јосифе со своите раце Го држиш со своите раце, мудри, осветувајќи со страшното допирање. Заради тоа те почитуваме.

Височината на тајната, скриена од древните родови, тебе ти се откри, оти покажа чисто срце и со неа спасени сме сите што твојот светоносен и божествен спомен верно го празнуваме.

Богородичен: Откако го виде Бога кој се воплоти од твојата чиста крв, Дево чиста, и се роди во пештера, и легна во јасли, и стана видлив сличен на нас, праведниот Јосиф, Го величаше со песни.

Песна 4

Ирмос: Жезл из корене Иессеева:

Имајќи разум послушен на божествените наредби, и целиот си бил чист, си бил свршен со единствената меѓу жените чиста и непорочна, Јосифе блажени, да ја чуваш Дева чиста за да го прими Творецот.

Единствено на Гаврил на небесата и единствено на тебе, секогаш спомнуван блажен Јосифе, со единствената Неискусобрачна, ви се довери единствената и престрашна тајна, која единствениот погубител-кнезот на темнината го изгони.

Оти беше световиден и одушевен храм на Творецот, од усрдие кон божествените нешта, од светиот храм се удостои да го примиш Светиот Храм, Јосифе блажени, – единствената меѓу жените Приснодева.

Богородичен: За целосно да го растера метежот во твојот ум, јасно застана невидливиот и ти велеше: „Не бој се Јосифе сега да ја примиш Маријам пречистата, оти во утробата Го носи Оној што со Својата божествена сила носи сѐ“.

Песна 5

Ирмос: Бог сый мира:

Блескајќи со кротост, мудар Јосифе, во земјата на кротките си се вселил, и на кроткиот на збор- Христос си се именувал татко. Него држејќи ги во твоите прегратки, си се осветил и си се прославил, откако го виде Облечениот во човечка плот.

Како божествен Облак, што во своите пазуви го скрива Сонцето, си ја водел единствената Чиста од градот Давидов во Египет, за во него да ја распрсне темнината на идолското безумие, Јосифе служителу на недостижната тајна.

Како праведен, си врвел по правите патишта на праведниот Владика, Кој праведно те определи, себлажен, да послужиш на толку страшната тајна на неизреченото рождество, со која ние луѓето се оправдавме.

Богородичен: Се покажа, како што рече Исаија пророкот, Дева, Која во утробата Го смести неописаниот по природа Бог- Емануил. Ова не знаејќи го божествениот и секогаш спомнуван Јосиф, ноќе во сон беше поучен од ангелот.

Песна 6

Ирмос: Из утробы Иону:

Необичната Рожба на Дева Богоотроковица, Бог Кој дојде кон нас туѓите Нему, – присносушното Слово на Отца, Го прими, Јосифе себлажени, и радувајќи се со Него изврши необично патување до Египет, покорувајќи се на божествената повелба.

На Бога, Младенец по плот, како ангел служител си бил, Јосифе мудар, и непосредно си гледал јасно кон Него, примајќи невештествени зраци, блажени, и световиден и по душа и по срце си се покажал.

Целиот осветен во душата и телото од божественото допирање, си преминал во невештествените населби, осветувајќи ги сега тие што го извршуваат твојот спомен, навистина праведен Јосифе сесвет, свршенику на сесветата Богомајка.

Богородичен: Младо Дете на земјата си Го видел, Совршениот роден од Дева чиста, Родениот од Отца пред сите векови, и си ги чул ангелите што Го воспеваа во пештерата Оној Кој лежеше во јасли, Јосифе сефален.

Песна 7

Ирмос: Отроцы, благочестию:

Претскажаниот завршеток на божествените пророци си го видел; Проповеданиот од нив- Христа, Кој доаѓа од чистата Отроковица, си Го допрел; и во Младенецот си Го препознал, како чист по душа, Христов угоднику.

Украсен со непорочно живеење, славен Јосифе, чувар на девството на Непорочната навистина си бил, и наречен отец на роденото Дете, и возвеличан со тоа чесно именување.

Оној што со збор ги створи небото и земјата и морето, се нарече Син на дрводелецот, а тебе себлажен, Беспочетниот Отец навистина те прослави како свештен слуга на она што е неискажливо.

Откако свето го заврши твојот живот, Јосифе предоблесен, сега во светлината на светиите си се вселил, осветувајќи ги тие што верно го извршуваат постојано твојот сесвештен и божествен спомен.

Богородичен: Знаејќи дека свештените образи Тебе те предобразуваат, Богоблагодатна и Чиста, праведниот Јосиф преку жезолот ја стекна чесната свршувачка со Тебе, напомнувајќи го од она време процветаниот жезол Аронов.

Песна 8

Ирмос: Чуда преестественнаго:

Навистина чесна пред Господа твојата смрт, себлажен Јосифе, оти ти целиот се освети од Младенецот, си бил свештен чувар на Благословената и со неа пееш: „Да го благословува сета твар Господа и да го превознесува во сите векови!“.

Оној од Кого треперат сите ангелски хорови- Бога и Создателот, праведниот Јосиф со смелост себлагочество го прегрнува како Младенец и го целива, и прима разумна светлост и извикува: „Да го благословува сета твар Господа и да го превознесува во сите векови!“.

Ранет со најслатката желба, блажени, и претстоејќи како на ангел на Воплотениот, се покоруваш на божествената заповед, известен од ангелот да се вратиш од Египет во земјата Израилева со Самиот Младенец и Неговата Мајка, со нив си се вратил, славејќи Го Господа.

Богородичен: Сенките на законот си ги видел распрснати преку светлината на благодатта, и си го видел светлиот облак- Дева, кој го објавува разумното Сонце во тело, и како ѕвезда сите си ги просветлил, мудар Јосифе, кои постојано викаат: „Те превознесуваме Христе во вековите!“.

Песна 9

Ирмос: Таинство странное:

Си бил рамен по чест на ангелите, пророците и мачениците, блажени, и вистински собеседник на мудрите апостоли; заради тоа со те ублажуваме мудар Јосифе и твојот свештен спомен го почитуваме.

Оти произлегуваш од царски род, на чистата Царица, која треба неизречено да Го роди Царот Исус, си Ѝ бил свршеник, премудар, претпочитан на земјата повеќе од сите земнородни, блажени.

Укрепуван од силата на Духот, со добродетели си се украсил блажени и во длабока старост светло си се претставил пред твоите отци, Јосифе, почитуван како најголемиот татко на Оној Кој од Бога Отца засветли.

Споменот твој ги повикува краиштата кон радост и пофалба, оти Словото те прослави, блажени. Нему со смелост секогаш претстоејќи Му, непрестајно моли се да се избавиме од искушенијата, ние кои те фалиме.

Богородичен: Онаа што непорочно го чуваше девството, Чистата, си ја запазил, Онаа од Која Бог Слово се воплоти, ја запази Дева по неизреченото рождество. Со Неа, Јосифе богоносен, нас спомнувај нѐ.

 

 

https://orthodul.wordpress.com/2024/01/08/%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%bd-%d1%98%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%84-%d0%be%d0%b1%d1%80%d1%83%d1%87%d0%bd%d0%b8%d0%ba/#more-1835

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная